Не мора одма со иронии. Обичен фармацевтси техничар сум. Кај нас аптеките буквално молат за работник. Мене и дома ми идат. Сакаш верувај , сакаш не
Јас одамна завршив со тоа. Онака ме интересира. Затоа што за пензија не важи. Ако не се запишеш одма на факс или ако прекинеш со студии, чао пријатно.
За здравствено осигурање одиш во фондот за здравство. Разделени се со фондот за вработување. Јас 4 години бев пријавена само во фондот за здраство, и имав здравствено осигурување. Сега сум преку мажот ми.
Се јавуваат на тие со ДУИ што се блиски, си има тефтер.. се е смислено женски, нема ништо за џабе. Тој типчето таму, си бира кој е кфалификуван, кој не
И што бидна со ова? Празно ветување, предлог ли е само? Или стварно ќе се реализира? Кога, дали има некаде да се аплицира? Стварно не се концизни. Убаво е замислено, ама ова ми изгледа како да замучкаат очи.
https://www.vecer.press/за-картичките-и-за-ваучерите-за-туриза/ Најверојатно нема да се аплицира туку самото минитерство ќе си ги собере информациите од останатите институции (ујп и аврм) ,а граѓаните сами со матичниот број ќе можат да дознаат дали ќе добијат некој од ваучерите. На некој начин списоците се веќе направени.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила со која сите невработени лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година имаат право на паричен надоместок, независно од времето поминато во работен однос. Паричниот надоместок ќе се исплатува во висина од 50% од месечната нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец, во случај кога работниот однос престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено престанал работниот однос или работниот однос престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос. За остварување на правото на паричен надоместок, невработеното лице треба да достави Барање до надлежниот центар за вработување, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на Уредбата, односно до 26 јуни 2020 година. Со донесувањето на оваа Уредба, Владата на Република Северна Македонија уште еднаш покажа дека се грижи за сите граѓани полесно да го пребродат периодот на невработеност преку давање извесна материјална сигурност поради губењето на работното место. Извор
Дали знаете дали ќе биде 50% за платата земена од 01-11 март, или од платата за фрвруари? Реално ни пуштија смешна сума на плата за тие денови, со 50% само сметките нема да можеме да си ги покриеме.
Интересно ова. Ќе се надминат самите себеси доколку навистина го формулираа така со таа цел. Инаку според секоја логика би требало да се земи онаа плата што е наведена во договорот и што ја имаат пријавено во агенцијата за вработување како основица. Нема смисла да сметаат за 10 дена како за месечна плата. Останува да се види. Прашај во агенцијата за вработување кога ќе се пријавуваш, можеби имаат информации.
nisto od ova samo lazat (ili na svoi bliski ke si raspredelat) znaci nema sansa da apliciras tuku drzavata sama preku bankite ke prakala karticki na domasna adresa ..gluposti mze na tie stozemaatsocijalna iminimalna garantirana pomos ionaka se veke zavedeni ike im dadatnona drugite nevraboteni,megu koi i jas edno golemo nisto mi trebaat ama nisto od ova