Важи само за невработените кои активно се пријавуваат во Агенцијата за вработување, списоците се заклучно до 22.05. https://iportal.mk/makedonija/angel...ashnata-platezhna-kartichka-kupuvam-domashno/
Јас се активно пријавувам, ама од март автоматски сум пријавема, бидејќи поради ситуацијата од Агенцијата за вработување извести да не се оди лично. И сега не ми е јасно автоматски ме следува ваучер или треба да се пријавам?
Не ако си пријавена како невработена, агенцијата сама ќе достави списоци до влада. После тоа има еден линк на кој по ембг ќе може да се провери дали, колку и во која банка ќе ви биде изработена картичка и исплатена помош. Помошта ќе треба да се искористи од 3-31.07.2020.
decki ne znam kaj da go pisam ova, iam 19god i ne znam dali mi sleduvaat 3 iljadi za situacijava posto ja lani zavrsiv sredno( godinava sum na pauza)..a na eden sajt pisale deka listite kje gi izveduvaat vo srednoskolskite ucilista i univerzitetite..
Ти следува, не треба да се пријавуваш. Се е како што напишала членката погоре. Рекоа утре ќе ги објават списоците на страната, каде ќе може да се провери. Нема да те опфати бидејќи ќе те нема ниту во списокот на Мон, ниту во Аврм. Си можела во меѓувреме да се пријавиш во аврм бидејќи работеа само за прво пријавување и за отпуштените заради вирусот. А листите за средношколците и студенти ги опфаќа сите од оваа година заклучно со март.
Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Како што информираат од Владата, УЈП, МОН и ФЗО изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка. Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат. Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач. Корисниците ќе бидат исконтактирани од банките. „Целиот процес е направен да биде максимално едноставен за корисниците, без пријавување или аплицирање, туку институциите да ја завршат целата постапка за нив“, се наведува во владиното соопштение. Корисници на домашни картички ќе бидат: – Граѓани со низок доход: Приматели на социјална помош и невработени, евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај годинава, кои оствариле нето доход до 180.000 денари во 2019 и нето доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари; – Вработени со низок доход: Лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари; – Млади лица: Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020), активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. Тие ќе добијат картичка со 3.000 денари; – Здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19: Вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40% од основната нето-плата.
znaci stvarno gluposti mi pisale deka ke davale na nevraboteni no samo na onie sto sekoj mesec se prijavuvaat (za tie sto se prijavuvaat na 6 meseci ne vazi na deca moze,na studenti moze na braboteni so prihod pod 15 000 den moze na socijaln sto zemaat moze //iako tie veke imaat nekoj prihod no za takvi ko jas bez prihodi iako nevrabotena i se prijavuvam ama na 6 meseci ne moze ?! ako e taka i stom vaka delat narodot se nadevam koj saka neka dojde na vlast no ovie nikogas poveke da ne bidat !
Потполно се согласувам, сестра ми пред некоја година аплицираше за работа и од таму и рекоја дека неможат да ја примат затоа што не била активен барател, се пријавувала на 6 месеци, значи и приватниве фирми тоа го прават, не само државава
Јас работев во приватна фирма. Ме пријавија, а претходно не бев пријавена во Завод. Не ми е јасно. Зошто има опција да се пријавуваш на 6 месеци ако не можат да те вработат отпосле.
Мислам дека им било изговор. И јас бев пријавена на 6 месеци, па се вработив во приватна фирма. Инаку да, тие на 6 месеци не ги евидентираат во статистика на невработени. Тоа беше целата финта, вештачко намалување на невработеност. Ама, тоа е веќе друга тема.
Дали некој што останал без работа после 11 март аплицираше за 50% испалата од последната плата? Ме интересира што ви кажаа дали 50% од последната цела плата значи за февруари или за тие 10 дена од март.
Јас познавам личности што се пријавуваат на 6 месеци, тоа го прават поради здравствена причина или долг пат.Секако дека и тие треба да земат некоја сума сега, сепак се луѓе без примања.Повеќе им следува на нив отколку на тие со 14 500 плата. Но, ова е манипулирање со народот, кажано е дека ќе се дадат картичките после избори, а тоа мало морген исто како што беше ветен минималец од 500е. Spoiler Не сум против СДСМ, само сум реална.
Од една страна уништија еден куп бизниси и оставија илјадници без работа ради лудачките и непромислени мерки кои не водат никаде а од друга страна ќе залажуваат народ со ситници. Оти има наивни што им веруваат и што се продаваат за по 50 евра. Жити помошта, ќе остават некого без плата и ќе го подлажат еднократно со сума доволна за газ бришење. Радувајте се на ситна пара. А ви ветија 500 евра плати.
Како се способни они само да знаеш но за тоа што сакаат да го направат, зошто би му дале на народот кога џебовите им се поблиску!
Кога ќе може да се види кого го следува помош? И точна ли е информацијата, дека на маил тие што ги следува ќеим биде праген ваучер или од глупави портали р таа лажна информација?
Од каде ти е ова инфо? На сите портали стои дека е само за лица кои се активни баратели наработа, а не на тие кои се пасивни (се пријавуваат на 6 месеци)