1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Невработеност - помош, мерки, заштита

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Silver.E, 12 февруари 2014.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Како привремено невработено лице, побарав ваква тема, и гледам дека немало.

    Ме потикна зголемувањето на пензиите за 600 ден., помош за стечајците, итн.

    Па се запрашав дали некој во државава се грижи како невработените преживуваат ?
    Зошто за нив нема мала парична помош додека се снајдат, зошто немаат поволности при културни манифестации, јавен превоз, итн.
    Зошто небвработените се отпишани луѓе ?

    Кога можат во државните институции да земат 13 плата за Нова Година, зошто некој денар да не им се даде на невработените ? Тие не скаа да ја слават Нова Година?
    Кога за пензионерите се има по +600ден., зошто за невработените да се нема некој денар ?

    Се сложувам дека постојат луѓе кои не сакаат да работаат, во поруралните места има жени кои се исклучиво домаќинки, луѓе кои работаат, но не се пријавени... Но, затоа да се направи систем, да се средат определени работи.
    Жално е кога некој ќе остани без работа, а потоа е оставен и фрлен сам на себе (и на грбот на семејството, ако го има).
     
    На Umbrella22, okcenzi и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.580
    Има семејства без никакви примања. Тие се викаат социјални случаи. Државата секој месец, во зависност од големината на семејството им дава кеш. неколку пати социјалната помош беше зголемена.
    Понатаму, на сите стечајци кои беа без работа, а кои имаа стаж од 25 години, им дадоа по над 6000 денари месечно.
    Во однос на невработените, а чие семејство има примања (значи не земаат социјална помош) држават има помага со субвенцинирање на работните места. На пример, ти си полмада од 27, и ако приватњак те вработи, цела година, државата ти плаќа пензиско и здравствено, како поттик на работо давачот да те враноти тебе, оти си млада, оти покрај способен кадар, ке има и помали трошоци за тебе. Има обврска и да те задржи на работа една година потоа.
    Исто така, има бесплатни курсови за компјутери и странски јазици, како помош за полесно да најдат работа.
    Поволностите за хендикепираните, самохраните мајки, субвенциите на земјоделците, се веќе друга тема. Иако и на тој начин се помага за побрзо вработување и земање плата.
    Инаку, ова не е прв пат пензионерите да имаат покачување. Пензиите неколку кратно се зголемени, бидејќи имаше пензионери кои имаа 5000 денари пензија пред некоку години. Затоа, место да се нервираме оти некој добил 600 денари плус, да се насочиме кон тоа да си помогнеме на самите себеси.
    Може некоја да го искористи ова, бидејќи ретко кој го знае за младите. На пример, другарка ми, самохрана мајка, му отиде на работодавачот и му кажа: 3 години за мене не плаќаш придонеси, а исто ќе работам како секоја друга(се разботи за физичка работа) и ќе бидеш ќар. Еве ја, работи и си го гледа детето.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    Со владини мерки државата те субвенционира 6 месеци, никакви 12 или 3 години. Моја пријателка одеше по фирми и така се договараше,ама не сакаа да ја примат. И рекле „ние кога сакаме ќе примиме човек, кога не ни трееба ќе го отпуштиме“. Не сакаат газдите да земат работник и после уште 12 месеци да му мислат за плата и придонеси. А за курсевите, една девојка со завршен факс му рече на директорот на АВРМ Поповски дека била на курс за програма ворд. Сите се засмејаа кога кажа дека тоа го знае бидејќи има факултет. Плус за да добиеш субвенционирање од државата треба врски за да влезеш (мое лично искуство) бидејќи така ме пријавија. Не сме партиски војници, ама со познанства замоливме да помогнат колку можат.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    За жал бројот на невработени е зголемен и секој ден расте. Податоците од заводот не се точни , затоа што оваа влада направи се за тој да се намали , но не реално . Познавам луѓе кои се избришани од списокот на невработени , затоа што не ја прифатиле понудената работа . А работата што им била понудена апсолутно никој не би ја прифатил , затоа што платата била минимална , работата била физички тешка , а пола плата треба да ја даде за превоз ( се наоѓала негде на периферија на град ). Мислам дека животот никогаш не бил волку тежок . Никогаш не бил волку низок стандардот за живеење. Мислам дека во скоро нема ни да се промени нешто. :(
     
    На makedonkamak и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    Од Агенција за вработување за невработени ги сметаат само активните баратели на работа и тие бројки ги кажуваат. Од тука излегува 28% невработени. Демек намалиле. Инаку постари луѓе кои имаат по 50 год се пријавуваат претежно на 6 месеци и пасивно бараат работа и тие не се сметаат во таа евиденција. Исто и брат ми кој е млад ама знае дека бирото не наоѓа работа се пријави како пасивен. Мајка ми ја избришаа и со години не се пријавува, а е невработена. А за тешкото живеење, што да кажам и сама не сум свесна како брзо почна да се празни паричникот. Се помалку и помалку можам да си дозволам.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.580
    Ако не се пријавува во Агенција, значи не бара работа. Нема потврда дека е невработена, ке имаш и ти проблем од тоа. Пасивен, значи дека ке зима здравствено, ама не сака да го викнат на работа. Во двата случа, сами одлучиле дека ако има работа, они не се заинтересирани. Бебе што не плаче не добива. Една пријателка ја викнаа од Агенција и се вработи. Мислам дека беше оти само она имаше таков факултет завршено, другите со тој факултет беа вработени. Си зима 25000 во приватна фирма. А ако не бараат, нема ни да најдат работа.
    Што имаат завршено брат ти и мајка ти? Какво работно искуство имаат?
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    Мајка ми е веќе во години, а за брат ми го терам да биде активен барател, ама скептик е. Не верува дека преку биро ке најде работа бидејќи е член на ВМРО и не му спомнале ништо досега, само го викаат за митинзи и да прави гужва кога ќе доаѓаат советници,кандидат за градоначалник и сл.
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.580
    Тања, ако мајка ти не може веќе да работи поради возраста и никаде не се пријавува, мислам дека не може ни да најде работа. Сепак, нека биде барем пасивен барател, за да можеш да извадиш потврда дека е невработена. Тебе ќе ти треба, и на брат ти, не нејзе, бидејќи секако штом не сака и не може, нема да добие работа. Ама ти, кога ќе аплицираш за социјална помош, стипендија, било што, ке немаш доказ дека е невработена.
    А брат ти...Мислам дека не ги гледа и знае работите како што треба. Него му е тешко секој месец, да оди до агенција, а за мене, да речеме сум работотдавец, таков работник, кој една обврска месечно не сака да ја заврши, не ми треба. И од дома, никој нема да го викне да дојде да работи. Не ми кажа што има завршено. Има илјадници и илјадници членови на ВМРО, имаше исто така и на СДС па кога се бркаа луѓето од работа, никој не прашуваше кои се. Колку искуство има? Волонирал некаде? Многу е полесно да најде работа ако волонтира и има искуство. Јас година и 2 месеци работев 8 саати на ден, плус сабота, БЕЗ ДЕНАР. Не со 4000 ден како сега волонтерите, туку со НУЛА денари. Ама дома ни лежев, ни се жалев. Само барав работа. И заради искутвото, кога кажав што се сум работела, ме примија под договор и 2 години бев под договор. На следното раб место, бев 4 месеци на проба, кога и даваа кога не пари. А денес, да не ме подрече некој, имам добра плата и добра работа.
    Ако не бара, не наоѓа работа. Не е крива државата што они не бараат работа, туку едниот (те молам не се навредувај, само сум искрена) не се ни пријавува, стар е и не сака да работи, а другиот чека оти бил на митинг, да му дојдат дома и да му речат, дој да работиш, без тебе не можеме. Е така, не бива.
    Ако не плаче бебето, мајка му нема да му даде да јаде.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    Го наговарам да се префрли во активни баратели брат ми. Има средно стручно, работел и досега во две фирми, ама за мала плата. На едно место кај шиптар во ск не му платија, не само на него, и на многу други. Остана должен на некој 1 плата, на некои и по 1000 евра. Па кај е тука државата еден шиптар од Косово да прави будали од луѓево?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    Пријавувањето во Агенцијата за вработување како активен барател на работа е за да се има право да се учествува во Активните мерки за вработување (самовработување, кредитирање, субвенционирање, прва шанаса, практиканство, бесплатни обуки и преквалификација/доквалификација итн). Значи не е само за да ви се најде работа (знаеме дека ретко кој се вработил преку АВРМ). Сепак некој бесплатно да ви даде можност на пр, да станете Microsoft инженер, администратор итн итн не е за потценување. Моите земаа кредит пред години за брат ми да се стекне со ваков сертификат кој е признаен секаде во светот. А, тоа дека ги поделија на активни и останати невработени лица - го поддржувам и те како. Имам другарка која не е вработена и не бара работа. Така си седи со години. Порано дома кога ќе и преречеа имаше караници: зошто нејзе не и најдат родителите работа како на сите останати. Е, па на сите останати не ни нашле родителите работа, сме оделе на интервјуа и сме си нашле сами. Ама постојано по курсеви, семинари за да се биде во тек. Луѓе со диплома како твојата има со лопата да ги ринеш, мора со нешто да одскокнеш, да се издвоиш.
    Друг пример, братучетка што си спие секој ден до 15:00Н и чека мајка и да дојде од работа да и направи кафе. Јасно е од муабетов дека не бара работа, така? Значи е невработено лице и живее на 7мин одење пешки од Агенцијата за вработување, ама зошто да оди да се пријавува секој месец и да се ;мачи;? Она исто си е во евиденција како останати невработени лица односно т.н. пасивни. Кој е крив тука? Да имате вие фирма своја би ги вработиле?
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Парична помош за невработени? Повеќе сум за студенти да имаат попусти и бенефиции одколку невработени. Не сме стигнати до таму, напротив многу сме далеку.
    Државата далеку од тоа дека цвета, напротив, но човек треба да се труди максимално за да стигне до посакуваното место. Да не ти е срам да тропнеш на било чија врата и за почеток да побараш пракса, додека си студент или од кога ќе завршиш. Со се повеќе пракса ќе биде полесно да ја добиеш наредната. Членувајте во невладини организации, здобивајте се со искуство за работење на проекти, организирање разни настани, комуникација со луѓе и сл. Не се знае кој кога ќе ве препознае како нешто вредно и кога ќе ви отвори врата за понатаму.
    Интернетот денес нуди секакви можности, дообучувања, курсеви, учење јазици, буквално што ќе ви падне на памет.
    Ништо не се постигнува од тоа кукање дека државата не чини. Епа не чини и сега да се утепаме? Не. Се е конкуренција и треба да најдеме сами начин да се избуткаме. Ако врските и книшката се пресудни за државна институција, не мислам дека е истото и за некоја приватна фирма. Таму секогаш се бара квалитет и човек што може да ги изврши бараните работни обврски.
    И таквите што се трудат и работат на себе, порано или подоцна ќе успеат. Проблем се оние коишто чекаат дома да им падне нешто од небо, да им тропне некој на врата или мама, тато или партијата да ги бутнат негде да работат нешто. И тие секогаш најмногу кукаат и се најпреценети, па молим те они завршиле факултет, како тоа ќе работат надвор од струката. Ете така.
    Изборот си е наш дали ќе се буткаме помеѓу останатата маса народ или дали ќе се препотуваме секојдневно за да се издвоиме.
    Кога се нема пари и излез за почеток и келнер ќе работиш, нема да висиш на грб на твоите. Запрашајте се што се нашите родители морале да работат за да не изведат на пат, па сега ние да изиграваме принцови и принцези растени со сребрено лажиче во уста. Ниедна чесна работа не е срамна како што е срамно тоа просење од родителите за се и сешто, како да се должни уште на глава да ни бдеат.

    Знам колку неправди има, секој ден и јас се соочувам со нив, но не се откажувам и не седам дома цел ден. Сум волонтирала и ќе волонтирам, сум работела што ќе стигнам и ќе продолжам така. Нема искуство што ќе ми биде џабе добиено и што утре нема да го искористам и знам дека кога тогаш ќе се исплати сето тоа.
     
    На glosipgirl и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Каква невработеност во земјава, за што зборувате вие?! :wasntme:

    Последните денови не знам колку пратевте ТВ Сител. Стапката на невработеност намалена за 28,4 %!
    Плус и отпишување на долгови... 8)

    Иронија на страна, навистина не ми е јасно со какви податоци излегува Државниот завод за статистика.
    Сите, буквало сите се жалат на беспарица и немање работа, а државата го негира тоа.(?)
    Земјата секојдневно ја напуштаа млади кадри, потребни на пазарот на труд, луѓе здрави прави, полни со иновативни идеи, ама ете со неможност за нивна презентација и остварување.


    Туку зборот ми беше, не знам дали и пишувам на соодветно место, дека ниту на една корумпирана телевизија не се даде информација за затворање на рудникот 'Злетово', во Источна Македонија, поконкретно во с. Добрево, Пробиштип.
    Каде е тука државата да интервенира?
    Работниците скоро два месеци не се во работен однос, и секако нема плата.

    И после намалување на вработеноста. Ако се лажеме, да.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Има зголемување на невработеноста, а не намалување.Податоци вадат од око, не дека се утврдени податоци, бидејки да им беа, немаше да се зголемува невработеноста.Секако дека ќе ја напуштаат земјата, нема да седат тука и да чекаат подобро утре.Инаку, да ако се лажеме има намалување на невработеноста, само не се виѓава за човечко око, треба со лупа да се гледа за да се види дека навистина има намалување на невработеноста, до толку да се изненади човек, да се чуди што земја ќе бевме, да паѓа у несвест од убавини.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Како студент, никогаш не добив попуст за ништо, ниту имав некоја бенифиција. Никогаш. дури кога ке ми текне колку пријави, таксени марки и останати глупости сум ги плааќала, ни иде да го тужам факултетот. Како невработена, пак ништо немам добиено, а сум пријаавена во завод. Е сега работа на црно е друго.
    Мајка ми е од оние со 24 год стаж и и треба уште 1 год за да оди во пензија ( целосна) не старосна, и ете и таа е заглавена некаде во системот и нема никаква помош.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.580
    Има бесплатни обуки за невработени за веб дизајн, графички дизајн и слично. Инаку овие обуки во Сивус се 18 000 денари. Така што ако некоја сака да надгради знаење, ете можност.Ова се супер обуки.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    http://grid.mk/read/news/508403638/8334 ... -makedonci

    Епа кога не сте го стегнале гзот со пот да си заработите или пак со интелект, како овие господа, кој ви е крив, ќе барате помош, мерки и заштита.
    Какви морони се ова... со нагласок на Мукаетов. Не баре од татко или дедо наследиле... малте не од сечии пари си го живеат животот. Тоа ти е исто кога на некого му зајмуваш пари, ете немал, а купува нова кола и оди на одмор, а нема абер да ти ги врати, а кога ќе му ги побараш назад уште и ќе ти се налути.