Невродермaтитисот е хронично нарушување на кожата со неврогена и алергиска природа, придружено со периоди на ремисија и егзацербација. Најкарактеристичните симптоми на невродерматитис се: осип, црвенило на кожата, чешање, пилинг, невротични нарушувања. Главниот знак кој укажува на присуство на болеста, е појавата на силно чешање на кожата, што се појавува уште пред формирањето на осип. Дали некој се соочувал со вакво нешто? Јас 1 година повремено си имам ваков проблем при стресни ситуации. Го имам на прстите и на зглобот на едната рака. На периоди го снемува, но при мал стрес ептен се влошува и е многу лошо доколку не го третирам со маст. На едниот прст целосно се повлече и еве веќе повеќе од пола година го нема. Совет од дерматолог што добив е моментално не можело ништо да се направи, само со мачкање масти да се прекине чешањето и да се повлече на некој период. Само решението било да не си бил под стрес... Мислев дека е ретка појава, но вчера забележав дека и на една другарка и се појавило на раката и истата дијагноза и ја дале на дерматолог, дури и рекле и било последица од стресот на факултет и дека всушност многу било распространето и многу луѓе имале ваков проблем. Затоа и решив да ја отворам темава, доколку има некој со сличен проблем да сподели искуство и дали некако се повлекло засекогаш кај некого.
Јас имав на левата рака, од горната страна на дланката под прстите. Ме чешаше ненормално, после се направи ситен осип и на крај се разрани и потече крв. Периодот кога го имав, бев под прилично голем стрес и дома и на работа. Реално ништо долгорочно не ми помогна, краткорочно само. Во зима имам проблем со кожата на рацете од ладното, се суши и пука, имав како ранички и рацете ми се лупеа. Поминуваше со комбинација од мрсни и хидратантни креми за раце. А невродерматитисот така почна, од сува и испукана кожа премина во чешање со осип и рани. Најмногу хидроциклин ми помагаше. Ми се појави ноември 2018, сосема се повлече март или април 2019. Оттогаш фала Богу немав рани, чешање зимата 2019 кон 2020 имав, ама не толку јако изразено, башка редовно користам Anticort крем на Frezyderm од Зегин. Нема кортико, ама делува исто. Лошо мириса, ама е ептен ефикасна, барем за мене.
Mene mi se pojavuva egzema na racete, na prstite koga ke fatam detergenti i nekoi sapuni, shower gelovi i slicni sredstva..se probav, najmnogu mi pomognaa homeopatskite lekovi, a od kremite mozam da ja pofalam Sorion, 60ml i e 1500 denari (skapa e no..) i ovaa na nekoj si hodza no taa e stavena vo kutivce i neznam sto ima pa zatoa i ne ja kupuvam, kojznae sto stavaat. Ako najdam uste nekoja krema obavezno ke pisam da ne si gi davate parite na se i sesto bidejki jas se probav osven kortiko.
Колешка моја ја има невродерматит, само кај неа е многу изразено, промени се јавуваат буквално по целата кожа, особено на лицето и вратот. Кога има егзацербација, прима кортико. Извини, многу ми забоди око. Каков симптом е пилинг?
Го имав и јас како помала, во детска возраст и во текот на пубертетот. Се сеќавам дека уште тогаш, кога бев на кожен лекар, ми кажаа дека најверојатно со возраста ќе исчезне, така и се случи. Инаку кај мене се манифестираше како егзема помеѓу прстите на рацете, на лактите, зад колената, а во најлошите денови ми се појавуваше и на лицето Се мачкав со различни креми, помагаше но привремено. Сега веќе 5-6 години немам симптоми.