1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нега на косата во летно време

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 15 јуни 2012.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мислам дека нема ваква тема, ако сум грешка, бришете :)
    Кои производи ги користите за нега на косата во летно време? Дали редовно одите на фризер, не ја сушите со фен за да не ја изгорите и слично...? Омилен производ за нега на косата во лето?
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Мојата е пери носи :rofl: Никакви посебни третмани, ни лете ни зиме, ниту пак скапи шампони, ни регенератори. И презадоволна сум од густината и квалитетот на влакното. Можеби е генетика, а можеби е и тоа што не ставам премногу хемиски препарати на неа.
     
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Мораше лето да дојде за да сфатам дека кога буквално ништо не и правам на косава, ми е стопати поубава одколку кога ја тегнам со фен или и ставам глупи пени. Од сега ни фен ни ништо.
    Што убаво знаела да се навитка со природно сушење.
    Ем убаво ем здраво за косата :)
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Исто и јас мислам дека колку повеќе се третира косата со различни хемикалии толку повеќе се оштетува квалитетот на влакното.Порано користев демек квалитетни шампони,па потоа и медицински,а сега едноставно користам каков бил шампон и ретко некогаш регенератор.Не ја сушам никогаш со фен,не ја пеглам имам природно кадрава коса.Досега најзадоволна,отколку кога се оптеретував со ампули,третмани,пакувања,шампони,маски и др.
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Одбегнувам пеглање.
    Не ја фенирам, дека е топло природно брзо ми се суши самата.
    Почесто и ставам маслиново масло.
    Користам шампон за сува коса. (иако не ми е сува, ама намерно за демек поздрава да е)
    Користам спреј/силиконски капки.

    Толку, ништо посебно. Разликата е само што на лето избегнувам пегла и фен. И со тоа пак се оштетува, а не па уште да ја пеглам.
     
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Во летно време во домашни услови-стандард нега.
    Е сега :!: ,за на одмор сакам да прашам дали ги користите спрејовите со заштитен фактор за коса?
    Јас до сега не сум користела ама за годинава сум во дилема,сакам колку што е можно повеќе да ја заштитам косата,само што немам поим што да купам и дали се воопшто ефикасни.
     
  7. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Бадемово масло половина час, ја мијм, и ставам маска, ј мијам, сајос шампон 3 пати и силиконски капки и прекрасна ми е.. долга, права и убава
     
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^^
    Какви се тие спрејови за коса со заштитен фактор? Прв пат слушам. Дај линкче нешто да видам :)
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Шампон, балзам и масла (или спреј за врвови поретко). Морска/езерска вода ја суши, сонце ја суши, мора да и пружам влага. Не ја пеглам ниту виткам, фен со години не употребувам. Практично пери - носи е, ама со сите нишани пазена. Инаку од лекар ми е кажано дека колку е шампонот пообичен и сиромашен, полошо е за косата зашто какво и да е само по себе влакното, понатаму си бара нега континуирано, а козметиката служи за тоа. Треба умерен шампон, не бебешки или слично, ниту пак пресилен со повеќе од потребно состојки (Елсев пр. за мене е прејак).
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    [​IMG]Број1. L’Ooccitane summer Protection sun Hair Mist
    Формула која во себе содржи природни ботанички комплекс од 5 есенцијални масла и помага на вашата коса да се заштити од штетните ефекти на УВ зраците, да ја зачувате нејзината боја и да остане доволно мека. Ова е лесен препарат, кој што не се исплакнува, ја омекнува вашата коса и и ја дава потребната свежина
    [​IMG]Број2. Loreal serie Expert Solar Sublime - Conditioning Spray
    Овој спреј дава инстантна заштита на косата додека е директно изложена на сонце. Со текстура која што е лесна и не се измива, овој спреј создава заштитен меур околу секое влакно и го штити од сончевите зраци. Косата останува убава и го задржува природниот сјај.
    [​IMG]
    Број3. Wella Professional Sun Protection Spray
    Специјално создаден за природна коса овој спреј нуди УВ заштита пред и за време изложувањето на сонце. Во првата фаза ја заштитува косата од УВ зраците, додека во втората фаза збогатен со витамински комплекс ја хидрира косата и ја штити од сушење. Косата е помека на допир, со видливи промени, поздрава и посјајна.
    [​IMG]Број4. Schwarzkopf Sun Protect Spray
    Овој спреј за дневна употреба збогатен е со витаминот Е, ги намалува последиците од солената вода и ветерот, ја штити од УВ зраците и и дава неверојатна мекост и сјајност.
    [​IMG]Број5. Carroten Spray Protect and Shine
    Овој спреј нуди перфектна заштита за сите видови коса. Збогатен со витамините А, Е и Б5 комплекс ја прави косата поцврста и ја штити од распукани врвови. Ја штити обоената коса од сонцето, хлорот во базените и солта, се нанесува пред излегување и се повторува процедурата.
     
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Од ова спрејовиве со заштитен фактор не купив,ама да си кажам како си ја заштитив косава од сонцето и солта.
    Пред секое одење на плажа ја мачкав со млекото за тело со заштитен факор што си го користев,не сега едно кило да лупнам туку така ги намастував рацете и поминував в коса неколку пати.Понекогаш ја носев собрана во пунџа или плетенка,а понекогаш пуштена ми беше ама носев шешир.После доаѓање од плажа редовно и задолжително ја плакнев од солената вода,а навечер ставав само малку регенератор на врвовите.Секој втор ден,еднаш во денот не двапати :!: ,ја миев со Бекутан шампонот и малку регенератор.
    И никогаш не ми се случи да ја чешлам додека ми е мокра.
    Резултатите се и повеќе од задоволувачки. 8)
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    По одморот
    Потстрижете се. Што и да правите, какви и скапи продукти и да користите, нема да можете да ги „излечите“ расцветаните врвови на косата. Под дејство на сонцето косата побрзо се оштетува и пука, па кога ќе се вратите од долгоочекуваниот летен одмор, закажете си термин кај вашиот фризер. Доколку не сакате голема промена, потстрижете ги само оштетените врвови, затоа што тие како вирус се шират нагоре по влакното и прават вашата коса да изгледа неуредно.
    Не ја мијте косата секој ден. Додека бевте на одмор, сигурно ја миевте косата секој ден, можеби и по неколку пати. Сега дајте ѝ одмор од силните шампони и мијте ја секој втор ден или ако можете и поретко. Така ќе ја зачувате нејзината природна влажност, бидејќи нема да ги измивате природните масла што се лачат од скалпот на главата.
    Не користете фен или преси. Во текот на летните месеци слободно можете да ја пуштите косата да ви се исуши природно, без притоа да настинете. Врзете ја косата во плетенка и оставете ја така да се исуши. Ќе добиете прекрасна брановидна коса, којашто е секси и модерна.
    Најдобриот начин да внесете блесок во вашата коса е да си приготвите природен коктел или смеса и да ја нахраните косата. Еве неколку рецепти:

    За мека и свилено нежна коса
    ½ банана
    ¼ диња
    1 супена лажица маслиново масло
    1 супена лажица јогурт
    Испасирајте ги состојките (најдобро е да ги ставите во блендер). Нанесете ја добиената смеса на влажна коса, којашто претходно сте ја измиле со шампон. Започнете со нанесување од корењата и движете се кон врвовите на косата.

    Оставете ја смесата да дејствува 30 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

    За поголема хидратација
    1 супена лажица сок од лимон
    1 супена лажица маслиново масло
    1 супена лажица мајонез
    3 јајца
    3 супени лажици шампон
    Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Искористете ја смесата како шампон, така што ќе ја нанесете на целата коса и ќе го масирате скалпот 2-5 минути. Измијте со топла вода.

    За длабоко регенерирање
    180ml. екстра девствено маслиново масло
    ½ чаша издробени суви лисја од рузмарин
    Ставете ги маслото и лисјата од рузмарин во ѓезве и загрејте ги на тивок оган. Маслото треба да се затопли, но да не биде жешко.

    Прецедете го маслото за да го отстраните рузмаринот и нанесете го прво на скалпот, а потоа надолу кон врвовите на косата. Ако имате нормална коса, нанесете само малку масло во областа на скалпот, а ако имате сува коса, нанесете темелно. Исчешлајте ја косата за маслото да се нанесе рамномерно.

    Врзете ја косата високо на главата и ставете најлонска капа. Потоа, натопете една крпа со многу топла вода и завиткајте ја на главата. Оставете го маслото да дејствува 20 минути и измијте ја косата два пати со шампон и топла вода.]
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Па до сега ништо посебно, истата нега, спреј глис црниот, на две недели ампула, секое второ миење бадемово масло.. Е сега сакам да си купам некој спреј со заштитен фактор па ако знае некој да ми каже колку пари е овој и дали е ефикасен?
    [​IMG]
     
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ни јас не користам некакви посебни третмани... :lol:
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    мојот третман е ист и лето и зима :) шампон,регенератор или некогаш и маска тоа :)
     
  16. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    За време на летниот период тотално сум и посветена на косата.
    И ставам масла, разни препарати и сето тоа има големи резултати.
    Како заштита од сонцето го користам спрејот од орифлеим кој е за заштита од сонцето и супер ми е.
    Таман бидејќи косата треба постојано да е свежа, односно да има вода во неа, ова ми доаѓа супер.
    Само ќе ја напрскам со спрејот и спремна сум за надвор во летниот период.
    Воопшто не е скап, јас го користам веќе добри 5-6 месеци, а бидејќи имам уште многу, ќе го користам сигурно уште долго време.. :)
    Цената е околу 100 денари, кога како.. но вреди за секој денар..
    [​IMG]
     
    На magic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Дали го има во овој каталог и јас сакам да си го купам и ако можеш да ми кажеш како се нанесува на коренот само или на целата коса ???
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Овој спреј го нема во тековниот каталог,а ќе го нема ни во следниот што почнува од утре.Ако ти е неопходен,можеш да го порачаш само по каталошка цена на производи кои не се во тековниот каталог што значи дека е поскап.Друга варијанта е да почекаш да биде ставен во производи со намалена цена.
     
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Маскиве ги имаш пробано? Некако многу ми се виде 3 јајца, па 180 мл маслиново масло...
     
  20. a7-Femina

    a7-Femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Очигледно дека секој летен ден сум под туш...епа секој ден ја мијам косата...Користам соодветен шапон од оние во поголема количина бидејќки брзо се троши.пред да ја намокрам ја чешлам,потоа ја мокрам ставам шампам ја плакнам и повторно шампон па ја плакнам.Потоа ја ставам во пешкир,чекам половона час ја бришам ии потоа ја чешлам со чешел со голееми запци,бидејки додека косата е мокра брзо паѓа при чешлање,ја растресувам и природно се суши.Кога имам потреба од побрзо да се исуши со фен го сушам само коренот. хаха обично ми е врзана бидејки е топло :D