@dm drogerie markt денес поминав во маркетот за да го купам спрејот за заштита од сонце. И навистина неможам да си разјаснам дали спрејот е само за блондинки или може да го употребуваат сите. Затоа што на декларацијата пишува да го употребувате како заштита од сонцето за да не ви се направи косата бела од него. Сестра ми е блондинка и Да, таа осветлува од сонцето. Но мојата коса е темно кафена и таа никогаш не осветлувала во летниов период. Таа само ми станува безживотна, односно посува од вообичаено. Па прашањето ми е дали и јас можам да го користам спрејот или не?
Драга наша, спрејот за заштита од сонце можеш слободно да го користиш. Спрејот ја заштитува косата од сушење од сонце и осветлување на бојата на косата што почесто се случува кај сите природни нијанси на коса. Супер е што косата не ти склона кон осветлување, но со овој спреј ќе ја заштитиш косата од штетното влијание на сонцето, хлорот и солената вода кои во летниот период се најголеми причинители на сува коса. Balea Professional спрејот ја задржува природната влажност на косата, ја остава мека и лесна за чешлање. Се надеваме дека ти помогнавме . Убав ден
Косата ми е ужас и затоа користам повеќе работи да ја скротам .Не ја пеглам и не користам фен за коса или да ја виткам.Така само се горе косата ...ти ќе имаш може некој период убава коса ама ем ќе се оштете и ќе мораш да ја скратиш ем ако продолжиш да ја пеглаш или виткаш уште повеќе ќе ја оштетиш.Ама повеќе препарати вршат одлична работа 1.шампон овој шампон е против првут и доста ја омекнува косата и убаво мириса 2.балсам за коса многу сјај и дава на косата иако е за нормална коса ми е погоден 3.маска за коса еднаш неделно обавезно ја ставам 4.третман за коса
Само да и заблагодарам на @Biodevojka за природниот спреј. Фала злато многу ми помогна. Иако спрејот е за заштита од сонце јас сум сигурна дека ќе го користам преку целата година како замена на силиконските капки. Го направив со маслата кои ги имав дома (јојоба и чичково), но го направив во помало шишенце(немав друго) од 50мл (20мл вода и 20мл мешавина од маслата) и додадов една лажица гел алое вера(мајка ми го има дома па скршив еден лист и го истискав). И морам да кажам дека прекрасно делува. Лесно се расчешлува косата и ја прави премногу сјајна. Во врска со сонцето премногу е рано за да зборувам за резултати. За тоа ќе пишам на крајот од летото. Но морав да ги споделам првичните импресии. Мека, нежна и свиленкаста коса за многу малку пари.Го препорачувам посебно за оние со долга коса која тешко се расчешлува. Морам да признаам дека јас сум од оние девојки кои преферираат да си го купат продуктот, иако можат да го направат дома. До денес сметав дека од козметичките куќи нема никогаш да добијам подобар производ направен од домашни продукти. Но очигледно сум се лажела. Спрејот го препорачувам дополнително за скептиците како мене. Верувајте нема да зажалите и ќе заборавите на купечките капки за коса, од кои верувајте сите подобри брендови ги имам користено.
Ти благодарам многу драга коловоз многу ми значи твојата порака и импресии. Среќна сум што си задоволна од спрејот! Голем поздрав и прекрасен ден!!! п.с. секако дека може да го користиш преку текот на целата година и во зима кога е ладно, носиме капи и нашата коса повторно страда од студот а особено од капите затоа што е пригушена. Овој спреј има висока хидрирачка и хранлива моќ а не масти.
Да се надополнам- тој од Каротен го видов пред некој ден во Тинекс по цена од 365 денари, што значи цената му е намалена за разлика од претходните години. Инаку ги купив шампонот и спрејот од Балеа, преубаво мирисаат. Имаше пред некоја година млеко за тело со светки од Балеа limited edition беше, овие мирисаат исто како него. Со душа чекам да одам на одмор и да ги користам, се надевам дека ќе ме освојат и со ефикасноста како што ме освоија со мирисот.
Извесен период практикував да ставам чичково масло за потхранување и хидаратација, посебно после враќање од одмор и навистина имаше ефекти.
Темава воопшто не е активна, а заштитата од овие временски услови е баш важна за нега на косата. Јас поминувам доста време на сонце во текот на денот, па ме интересира дали некој може да препорача спреј или било каков продукт со заштитен фактор што може да се користи секојдневно, притоа да не ја масти косата и да не бара секојдневно миење? Постои ли воопшто некој продукт кај нас што ја штити косата и скалпот истовремено?
Колку што сфатив ова е два во еден, шампон и регенератор од колекцијата After Sun на Balea. Ако го има користено некој, нека сподели искуство
Летово посебно ми е сува и безживотна косата. Еднаш неделно ставам кокосово масло пред миење, го оставам што подолго или путер од Алверде со авокадо, Балеа балсам oil repair intensive, кокосова вода од Балеа. Очајно и треба освежување, треба да скратам неколку сантиметри, до тогаш ќе ротирам со препаратите.
Уф ова беше многу одамна. Не го користев спрејот, знам беше на Балеа и имаше една жена со плава коса на него па затоа се двоумев. Ова го најдов, нешто вака беше. https://www.amazon.de/-/en/Balea-Professional-Protection-Spray-150ml/dp/B07KGGF5DG
Нега на косата летно време.. Ја мијам со шампон(често ги немам) и не ја сушам со фен. Ја чешлам дури неколку саати по миењето, а некогаш и воопшто не ја чешлам. Нема поубаво од природно сушење на косата. А, и честото чешлање ја спласнува уште толку така да една четка после 6 7 саати по миењето ми ја прави косата како исфенирана.
На лето најмногу ја баталувам косата освен што ја мијам скоро секој ден. Откако ја мијам редовно веднаш ја сушам со фен, зима, лето секогаш ми е со фен, со моите синуси ни две минути не сакам мокра коса.
Лето и јас не ја фенирам, не трпам фен на жешкото. Пери - носи ми е. А и собрана во пунџа ми е најчесто или во репче. Најмалку се замарам со неа овој период и најубава ми е во лето некако, непишано правило е, колку помалку и се замарам, толку поубава е. И ставам само балсам за коса или млеко за коса на врвовите и шампон, толку.
Летно време повеќе ми е во реп или на штипка. Ја мијам со млака вода и шампон на Конопка, ставам маска и после тоа ја бришам со пешкир. Бидејќи ми се витка не ја сушам со фен, ставам само крема за локни и спреј за заштита од топлина и тоа е тоа. Многу ми е убава кога ми е виткана па не ја чешлам.
Обавезно ја оставам сама да ми се суши преку лето и не користам фен. Користам шампон, маска, крема за рашчешлување и масло за коса.