Ставам само шампон од коприва- најевтиниот, после го ставам овој производ од Ганиер и ја оставам сама да се исуши. Перфектна ми е. Права како пеглана.
Во летен период не користам фен оставам сама да се суши, само ја мијам со шампон и моментално имам од глис спреј против расцветани врвови и толку дури ни маска не ставам бидејќи имам мрсна тенка коса мислам дека повеќе сплескана ќе ми биде (не дека сега не ми е), а дека е сува сува е.
Ај за на одмор препорачајте козметика добра за коса. Мојава од морето и од сонцето слама се прави, плус фарбана. Што користите на одмор? Добар шампон за секојдневно миење, спрејови, заштити. Сакам да ми личи на нешт косата на одмор, лани ко пластика да имав на глава
Избегнувај чисти масла, особено после пливање. Гледам доста жени шлапаат масло на коса, а маслото во комбинација со сонце ич не е добро комбо. Исто, избегнувај продукти што имаат алкохол денат на висока позиција, затоа што само дополнително ќе ја исушиш косата. Лани косата ми беше ужас после море, како грмушка сува. Годинава не си дозволив да се зезнам пак, па си ставив (лажичка-две) од маската за коса во шишенце со прскалка и дополнив со вода. Стварно добар leave in спреј ми испадна, прскав по излегување од вода повремено. Маската е Ziaja со козјо млеко. Пред миење пак прскав од растворот со маска, а после миење ставав регенератор малку (Garnier fructis, oil repair 3). Шампонот ми беше стандард тој што си го користам, Алверде сензитив. Се спасив изгледа годинава , немам исушени врвови, косата е мека и лелеава. И се трудев да не ја мокрам цела коса сосе темето, за да ми испадне математика преку ден да ја мијам цела коса. Ја собирав високо за да не се натопи темето. Многу ми смета на скалпот мене секојдневно миење, ми се прави мокар првут и рани. Еднаш ја миев цела, следниот пат ставав регенератор на пола коса надоле, малку да стои и после плакнев. Ако планираш да користиш фен, земи си нешто за заштита од топлина, мојов спреј е од L'Oreal (Elvive dream lengths) и ептен ми одговара ама еднаш дали го ставив во употреба, немав баш потреба од сушење со фен.
Фала ти многу, ќе пробам годинава баш. Фен не користам секако на одмор, ама другиве совети ќе се најдат
Истата рутина што ја имам и назима. Шампон и балсам, толку. Единствена разлика е што налето не ја сушам толку со фен.
Здраво драга, јас имам слична како твојата коса и ќе ти ја кажам мојата рутина. Најнапред не се согласувам дека чистите масла во комбнација со сонце се штетни, токму напротив маслата маат УВБ фактор кој е различен во зависност од маслото. За кожа нанесени сами не штитат многу ама за коса се одлчни.На пример кокосовото е одлично. За фарбана коса летно време јас би ти препорачала: шампон без сулфати за често миење за сува и оштетена коса Маска за коса за длабнска нега обавезно овој серум со кератин ќе ти го спаси животот, јас лично гарантирам