Јас го имав истиот проблем, пробав буквално се и од ништо немав некој голем резултат, се додека почнав да внимавам на исхраната. Благо,мрсно скроз исклучив и ми се изгубија. Единствено од тие препарати секакви шо ги користев, можам да ти препорачам да пробаш со маска од глина.
@Veki4kaa пробај го гелот за туширање на Алверде, на пакувањето пишува MED. Имав и јас околу задникот и на рацете, сега немам ниту едно мозолче. Од истата линија има и лосион за тело. Цената беше најмногу до 150 денари.
Драга мозолчињата се на деколтето нели? Може во тој случа некој убав крем кој го користиш за лицето со специјални состојки, на пример екстракт од краставица, салицилна киселина итн. Или пак масло од јојоба да пробаш тоа ја нормализира кожата. Поздрав.
Не знам дали е за тука прашањево ама не можев да најдам соодветна тема. Многу често гледам девојки во градов на кои буквално нозете им светат како свила.Знам дека користат нешто само не би знаела што. Млеко за тело не е зошто упива.Можеби бебешко уље?
јас користам бебешко уље ама нема врска. Моментално свети додека не упие ама затоа па после кожата е мека што да ти кажувам. А тоа мислам дека користат креми лосиони спрееви за хидратација со светки. Сега тоа е во мода
Може ли да ми препорачате крема или лосион за цело тело со висок спф 30+? Не ми треба да поцрнам за на плажа туку за секој ден бидејќи имам светол тен и од сонцето ми излегуваат бемки па сакам да се заштитам
Имаш тема, https://forum.femina.mk/threads/Креми-со-заштитен-фактор-spf.1722/page-20 Минато лето за тело користев balea sun dance, мислам дека зедов 30ка фактор и задоволна сум. Најголем плус е тоа што не се лепливи како другите креми, пример black up на alkaloid се прилично мрсни и за секој ден не се баш најдобар избор (треба да внимавам да не ја измачкам облеката). И цената е ептен пристојна, во споредба со други креми се многу поевтини.
Женски..дајте некое млеко, лосион или било што, ама да е јакоооо, ХИДРАТАНТНО...незнам што ми се случи, мислам дека ми е од некој гел за туширање...значи кожата ми стана толку сува, се перута, нарочито на нозете...за жив страм сум... Препорачајте нешто што ќе ја навлаќни кожата а не само да ја измрси
Бабе пробај го ова. Лосион е. Брзо се впива и не е многу масно Според совет на позната козметичарка на влажно тело го нанесувам па добро делува. Кожата е мека.ама не е масна.
Бебешкиве млека за тело супер се Ако не сакаш такви имаш на Балеа убаво во темноплава паковка или земи си кокосово масло на Виталиа
Ако е толку сува кожата, кокосовото нема да ја навлажни доволно. Посно масло е. Подобро некој путерили крем за тело. Добри се на Балеа големите, од ванила, шеа путер итн.
Ако е екстремно сува најдобро бебешкиве на Бекутан да ги зема Што би ми препорачала за лице со акни и флеки јојоба tea tree или некое друго?
Екстремно сува ми стана откако почнав со нивеа кремот за туширање да го употребувам...а кокосовото масло го имам, но не ми помага.
Ај пробај си со бекутан бидејќи сепак е за бебешка кожа а можеш и на балеа да го земеш 100 денари е 10 20 денари плус. Јас сум презадоволна
Бабе најпрвин треба да направиш пилинг на кожата со цел да се исфрлат изумрените клетки од површината на кожата. Можеш да си направиш домашен пилинг (земи талог од кафе, морска сол и маслиново масло оваа смеса е одлична за пилинг на тело и за отстранување на целулит), а можеш и да купиш пилинг за тело (видов дека Yves Rocher имаат пилинзи за тело, но не сум ги пробала). Откако ќе напрвавиш пилинг на тело, стави крем или шеа путер. Органски крем за тело е Oma Gertrude го има во Космо, а шеа путер земи на Institute Organica во ДМ.