1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неговиот другар лошо влијае врз него

Дискусија во 'Разделби' започната од oliolivera, 26 јуни 2011.

  1. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    до пред 3 месеци идев со еден дечко се беше во најдобар ред се додека неговиот другар не вмеша прсти во нашата врска се со цел да не остане комплетно сам затоа што сопругата негова го напушти заради марихуаната која ја употребуваше секој ден :( дечко ми му беше единствена занимација затоа што секогас сакасе да им помогне на луге кога имаат потреба,сето тоа е во ред мегутоа другар му постојано го форсираше и него да пушат заедно и дечко ми едноставно почна да исцезнува по 2-3 дена и не ми се јавуваше на моб,неговото однесување почна да ми смета затоа сто немасе никакво оправдување едноставно додека беше со другар му мене комплетно ме игнорираше.Но бидејки ми значеше и сеуште ми значи во животот и сакав да го отргнам од тој пат пробав да разговарам со неговите родители,седнав со нив и им кажав за марихуаната татко му беше свесен за кој другар му зборувам и лицно он знаеше и беше свесен дека до тој човек е проблемот но нисто не се смени само јас бев таа сто бесе отфрлена од дечко ми и буквално изигнорира ниту ми кревасе ниту одговараше на моите повици а тоа се случува и ден денеска кога ке му свртам одвреме на време надевајки се дека мозеби ке крене и барем да се видиме на еден разговор барем да ми каже што се случува.Иако дознав дека и двајцата сеусте ја пушат таа трева сепак мие срам да се јавам кај неговите да прашам или пак да им кажам нешто некако ми е страв како ке реагираат на мене не сум се слушнала со нив веке 2 месеци :( :( :( ке ве молам за некој совет :worried:
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    потребна ми е ваша помош и совет

    Не ти требал тој разговор со неговите, ама воопшто. Разбирам дека си сакала да помогнеш и тоа е сосема во ред, но во таквиот начин на помагање, секогаш ја имаш таа варијанта да го загубиш човекот, кому сакаш да помогнеш.
    Сега не знам што е работата, сакаш совет за тоа како да им се јавиш на неговите ли, или ти треба совет како да се приближиш до ех-дечкото.
    За да им се јавиш на нив, тоа можеш едноставно со кревање слушачка, собираш храброст и го правиш, без оглед како ќе реагираат. Не мисли на тоа, едноставно јави се и позборувај. Ама.. во ситуацијава колку повеќе сакаш да помогнеш, толку повеќе се закопуваш себе си, т.е. врската што си ја имала со дечкото. Во вакви ситуации, сакаш стои на раце, ти не можеш некого да го оттргнеш од тоа што го прави. Тоа самиот треба да го реши, а ти да си таму чисто заради муабет, совет. Јави се едноставно, што има толку стравови. Ти кога си собрала храброст да зборуваш за сето она што си им го кажала со нив, на ист начин собери си и сега храброст и јави се чисто да прашаш како е, што е. Макар што тоа веројатно можеш да го разбереш и од некој друг.
    Да сум на твое место ќе продолжам со животот.
     
  3. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    потребна ми е ваша помош и совет

    неговите родители најпрвин ми напоменаа дека знаат во кого е проблемот дека заради тој другар негов и претходно имале проблеми и јас тогаш кажав.....но ете најверојатно моја грешка е затоа што воопшто сум кажала иако сакав само да помогнам затоа што другар му не е човек на место неговата жена си замина токму поради таа работа од него иако имаа 2месечно детенце,иако сакав да помогнам сепак сум згрешила и тоа многу....но најверојатно сега нема никакви шанси ниту пак да го вратам назад затоа што незнам веке како да постапам ...
     
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    потребна ми е ваша помош и совет

    Види сеа вака.. марихуаната не создава физичка зависност, само психичка. Ти не можеш некој да натераш да се откаже од нешто, што му се допаѓа. Ако често и не ја конзумира нема гајле.
    Сега за годините.. гледам дкеа имаш 27, а претпоставувам и дечкото е тука некаде ако не и постар. И ај би сфатила да праиш муабет со неговите доколку он е малолетен или еве до 18-19 години - уште детиште, не знае што прави, треба неговите да го казнат. А па сега, што си очекувала, да му забранат да се дружи со другар му.
    Ти си требало да напраиш муабет со него, а не со неговите. Доколку тој не те слушал - би значело дека ти не му значиш, нема зошто да се откажува од нешто што му е рутина поради тебе.
    А сега пак да се јавуваш кај неговите ти е сосема непотребно. Јави му се на него, прашај што праи како е, направи муабет. Мислам дека за неговите години би требало да знае што прави од животот негов.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    потребна ми е ваша помош и совет

    Олиовера, просто избриши ги тие работи да комуницираш со неговите. Тоа ти е сеедно правиш сојуз против него. Така му се мота во глава.
    Ако веќе сакаш да помогнеш и да му се најдеш само со него. Нема како поинаку. Ќе си стегнеш заби и ќе пробаш на било каков начин да стапиш во контакт со него, а не да се јавуваш кај неговите. Возрасни сте и двајцата и зрели да знаете што правите. И самата треба да знаеш дека тој ако несака да престане со нешто, нема да престане. Впрочем и зашто ти е потребен таков на твоите 27 години девојко. Тој и другар му ќе си останат такви какви што се ти гарантирам тоа. Разбирам твојата човечност и желба да му помогнеш, љубов кон него, бидејќи си била со него, ама човеков ако не се свестил на свои ајде да речам колку тебе да е 27 години дека другар му е ѓубре човек, кој дозволил детето негово сега да расте без татко, што очекуваш од него. Тој, наместо на другар му да му помогне, да го тргне од глупостите, да му влијае добро, тој побогу се впуштил во будалаштините на другаров.
    Продолжи со животот. Разбери тоа не ти е потребно на твојата возраст. Впрочем, никому не му е потребно да си го троши времето крај луѓе, кои одлучиле да си го уништуваат животот и ништо не може да ги спречи или предомисли во тоа.
     
  6. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    најверојатно ја конзумира доста често затоа што исчезнуваше по неколку дена ниту мене ниту на неговите не им креваше на моб. и неговото однесување не беше исто немаше контрола повеке над себе доколку некој се обидеше да направи муабет со него,чудно беше од негова страна што не одговараше на поставеното прашање туку почнаа неповрзани работи да зборува и тоа се случувасе во последниот период едноствно не обрнуваше внимание сто се слуцува околу него како да беше во постојан негов филм и ситуацијата беше се почудна,а кога немаше да се види со другар му некој ден беше нормален цовек и иднината ја планираше со мене заедно со неговите родители.Јас почувствував дека веке станува сериозно и затоа одлучив да разговарам со неговите сто се случува.Но зарем после ова значи ништо немозам да направам за да го вратам назад сепак сама сум си го направила ова за да го изгубам?

    да јас имам 27год. а он 30год
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    потребна ми е ваша помош и совет

    ako tvoeto momce ne sakalo da pusi marihuana, nemalo sila na svetov sto bi mozelo da go natera, a stom pusi maruhuana so drugar mu znaci deka i toj go saka toa i nema sansi da go predomislis.
    te svakam deka ti e tesko no obidi se da si go prodolzis zivotototi od vakov coek arno ne biduva samo loso
    iako malku mi e cudno na 30 godini covek da se prepusti na vakvi "zadovolstva"
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    потребна ми е ваша помош и совет

    Оливера, за жал имам многу блиски особи кои конзумираат марихуана и верувај тука ништо не помага, најмалце разговор. Што може татко му да направи? Да го истепа? Па не е дете, туку маж веќе. Тргни се од тој човек, негов избор, возрасен е што сака нека прави. Ти едноставно продолжи понатаму, зарем сакаш да ти се случи истото, со мало бебе да мораш да си заминеш?? Марихуаната е ужасна зависност од која многу може да патат блиските, да не се лажеме дека не стварала опасна зависност. Има разлика меѓу средношколско дување и секојдневно или на 2-3 дена сеедно. Твојов тип веќе длабоко навлегол, назад тешко да оди, може само напред на полошо. А и каков е тој човек што на 20 и кусур години се однесува како пубертетлија па почнува да пуши марихуана, место да размислува веќе за сериозни работи како жена, брак, работа (претпоставувам е на исти години како тебе, па и да е 1-2 помлад исто е). Значи остави се како што си е и прифати дека не можеш да промениш. Не си мала, размислувај како возрасна жена, тебе веќе не ти треба џанкерче туку сериозна приземјена личност.
     
  9. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    до него неможам да стигнам никако ниту се јавува ниту на пораки ми одговара,едноставно бега од мене како да сум му убила не дај боже некој близок.Се осекам толку мизерно и не ми е јасно како мозе цовек толку да се промени и усте по нејасно ми е иако има 30год.да дозволи да падне под влијание на другар му едноставно до тој степен да му го испере мозокот.Нормално ние ја планиравме иднината заедно,постојано го навестувасе тоа и го посакубаше но сепак другарот испадна по важен од иднината а јас останав отфрлена како и да не сум постела во неговиот живот
    Зарем неможам нисто да направам за да го вратам назад,иако знам дека негова грешка е што посегнал по тоа но дали имате некој предлог како да го вратам назад,тешко ми е и сепак ми значи многу :worried: ?
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aх колку мразам кога некој се однесува вака на шмизларски начин еј :^) па нема да се јави?не мора,ти твоето си го направила што си ги предупредила неговите иако не требало и што си го барала за да му кажеш дека ти пречи.Повеке ништо не можеш да направиш,остави го ако му значиш ке те побара ;)
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Не го знам дејството на марихуаната врз мозокот (немам искуство) но според напишаното од тебе него и однесувањето му се менува кога е под дејство.

    Што да кажам за машко што наместо женска бира другар и марихуана, верувам свесна си дека немаш баш добри карти во рака. Едино со сила да го заврзеш за столб неколку дена ама што ако престанал да те сака? Освен тоа со таков лабилен карактер ли ќе градиш иднина?

    Не знам што би правел ако моја девојка стане таква ама ако не успеам после неколку обида да ја вратам веројатно ќе ја оставам.

    Пс.Никој не го терал да оди со другарот и да пуши ниту тебе да те запостави, така да пробај да го извадиш ама не се вовлекувај премногу да не бидеш уште повеќе разочарана ако не успееш.
     
  12. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Ти помогна колку можеше...ете со тоа шо му се јави на неговите сакаше да му погниш...сега продолжиси со твојот живот тој не е за тебе...едноставно како да не постоел никогаш во твојот живот
     
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ти си знаеш какви ти се односите со неговите, и можеби сте блиски, сепак не сте мали, но можеби прво си можела да пробаш да ја решиш работата на друг начин.
    Можеби марихуаната не е штетна доколку се земе еднаш до два пати, но понатака нормално дека штети, и има негативни ефекти.
    Твојот дечко кога веќе сам не бил свесен дека другар му дури останал без жена, тогаш и ти не можеш многу да му помогнеш. Човекот мора сам да сака да престане па ти да можеш да влијаеш.

    Можеби го повредило што прво си отишла кај неговите, а можеби не чувствува повеќе нешто за тебе.

    Можеби си можела да му пишеш нешто како ти мислев се најдобро, те сакам, чао кога така сакаш. Не знам што друго би ти кажала. Ти имаш 27 сигурно и тој е тука негде, па треба сам да е свесен за неговите постапки.

    А може и многу да те криват зашто марихуаната демек не штети, демек е добра или не знам што, ама јас сум против сите тие ствари, од цигари па се до најлошото.

    едина грешка ти е што веднаш си отишла кај неговите, инаку пробај да се оттргнеш и да продолжиш со животот.
     
  14. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    свесна сум дека направив грешка сто разговарав со неговите,но тоа ми беше единствен излез затоа сто кога разговарав со него тој тоа не го прифати,напротив почна да крие од мене дека оди кај другар му немав друг излез морав да го направам тоа.Да навредено се осека заради мојот разговор со неговите но тоа мми единствена греска зарем тоа е доволно за да ме отфрли на таков начин кога не мислев нисто лошо туку едноставно познавајки го другар му јас несакав да дозволам да тоне.....сите тие негови исчезнувања јас ги простив и давав шанси за вракање на вистинскиот пат но неможам да поверувам веројатно срцето неможе да ми прифати дека таков другар може да биде по важен,незнам сто веке да мислам во безизлезна ситуација сум немозам да стигнам до него,а се би направила за да го вратам :(
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    остави на времето, ако навистина те сакал, ке те побара и ке ти се врати
    знаеш како се вели дека со сила убавина не бива
     
  16. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Искрено би ти препорачала да го заборавиш и да си продолжиш со животов затоа што денес можеби е марихуана, но утре може да биде и потешка дрога.
    Од најлесното се почнува!
    Тој како што гледам е многу лабилна особа и лесно може човек да го убеви да направи нешто.
    Мислам дека не треба повеќе да се замараш со него...иако го сакаш по некое време ќе го заборавиш.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не е само на марихуана, овој скроз се пореметил, барем јас така заклучив од прочитаново. Да е само на марихуана нема да го снемува по неколку дена и да ја игнорира девојка си и родителите. Јас имав дечко што пушеше марихуана и не беше толку забеган, а и познавам луѓе што со години ја конзумираат па пак функционираат нормално. Сигурно е на нешто поголемо, марихуаната не ствара зависност толку лесно а и повеќе се конзумира од забава. Јас ќе ти препорачам да не изигруваш нечија мајка, туку да се тргнеш настрана, чим решил да се уништува, нека повели. Сум била со таква умисла и јас за гореспоменатиот, ама ми стана јасно дека ми раскина за да може да прави што сака, оти не му дозволував да претерува. Ова беше пред 5 години, а сега тој е забеган скроз, ама редовно `пафка` добри 7-8 години... Значи заклучокот е тоа што го реков погоре, може да забега од марихуана ама ако ја пуши секој ден со години.
    Барај си друг, овој батали го.

    Нема врска дека од марихуана се почнува. Ако сакам сега ќе почнам да шмркам. Марихуаната не ствара зависност толку лесно тоа да си го сфатите, остајте животот е мојот филм ( |( ) зашто врска си нема. Јас имам пушено, па еве гледам дека не сум на кокаин или што и да е друго.
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    точно дека ако проработи раззумот треба да го заборавам,но како да го извадам од срцето е тоа ми е малку тешко.И немозам да си поверувам дека некој со кого си планирал иднина мозе да престане да те сака буквално преку ок е тоа неможам никако да си го објаснам а и тоа ми е најголемата мака,едноставно како е можно некој да исчезне преку нок,да преспие и од утре да свати дека сум го навредила со разговорот со неговите и да не сака да ме погледне.....
     
  19. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    узасно се осекам немозам од глава да го извадам,немам никој покрај мене сите другарки си бркаат своја работа а само кога им требам се тука а вака кога ми е тешко ги нема живи да се појават.Многу ми е тешко се собирам во себе мислам дека еден ден или ке полудам или ке пукнам како балон,малку ми олеснува тука кога ке пишам ама пак ми е тешко.Постојано си размислувам и барам некое решение да пробам да разговарам со него но никако немозам да стигнам до него :(((((((((
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    А да почнеш да се занимаваш со себе малку? Прави нешта што ќе ти ги оттргнат мислите, земи читај книги на пример, читај форуми, стекнувај ставови и ќе видиш како полесно ќе ти помине и ќе заборавиш, крај краева има многу полоши животни стории кои ќе те натераат да помислиш дека си среќна што само тоа ти се случило. Ти најверојатно само седиш и на тоа мислиш, јас барем таков впечаток добив и многу е нормално дека ќе ти биде тешко да го заборавиш кога цело време си вознемирена поради тоа, си се обвинуваш дека грешно си постапила, што е проблемот? Само замисли колку разводи се случиле, колку тажни животни приказни имало, а ти седиш и кукаш за безвезни работи, и тоа ако ти се точни годините на профилот, на 27 години за вакви баналности се замараш, стварно на пати ми иде да ви залепам по некоја шамарница онака кога ќе видам за што се` се нервирате, ова добронамерно г о кажувам, не за да се правам незнам што овде. Прочитај ја приказната на Љубам, девојка од форумот со години колку твоите што има доживеано, прочитај рандом други приказни на форумов, доста ги има, да видиш на што се може животот да те исправи, навистина да незнаеш што да правиш, а ти се преокупираш само со него и како да исконтактираш, малку ми е сето тоа безвезно, но твое си е, јас само совет ти давам, па ако сакаш послушај ме, ако не ти ќе си патиш :hai: