1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неговите роднини

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 3 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Дали се водите според девизата "Ако го сакаш него, треба да ги сакаш и роднините", целиот пакет, нели.
    Има ли тоj роднини што не можете да ги смислите и дали би му кажале? Или би си преќутеле и храбро би го издржале она оди ми-дојди ми?
    Јас еден негов прв братучед не можам да го смислам, човекот има се што јас не можам да поднесам кај една личност. Почна почесто дома да наминува и јас се извадив од такт што се шлапнува така ненајавен, еј јас ќе дојдам :^) Денес баш за тоа се испокаравме и он кога требаше да дојде јас излегов. Потоа му реков се што мислам за неговив братучед и он само ми рече дека не било убаво така да зборам, па они пораснале заедно. Ама веќе немало ни да одиме таму, ни да доаѓа он тука. И мислам дека се навреди поприлично. Ама не можев повеќе да го толерирам тоа.

    Мислења anyone?
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Со дечко ми сум скоро 4 години и во овој период ги имам запознаено голем дел од неговите роднини. И да ти кажам право - воопшто не се пронаоѓам во неговото семејство. Имаме толку многу различен начин на однесување, начин на живеење, начин на воспитување... Кај мене во семејството сите се интелектуалци и јас сум така воспитана. Таква култура имаме. А дечко ми, не дека е некој ропак, ама кај него дома често се пцуе, се користат некакви изрази што никогаш не сум ги ни слушнала, се води разговор на поинаков начин.

    Му го кажав сето тоа најдобронамерно, и неговиот одговор му беше дека јас сум во врска со него, а не неговото семејство. Ама па, мене многу ми е глупаво кога ќе одиме некаде со неговите и мајка му ме праша: Да не ти се моча? :^) :^)
    Како бре да не ти се моча?! Ме вади од такт таквото селско изразување.
    Ама за среќа не сум постојано со нив, па некако проголтувам кога ќе ми пречи нешто.
     
    На Emily Dora му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dzvezdicka

    dzvezdicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Сепак мислам дека е поубаво што си му кажала што навистина мислиш иако стварно ситуацијата е малку незгодна. Секако дека тие треба да продолжат да се дружат но можеби негде на друго место :D
    Не смееш според мене па и да му забрануваш да доаѓа кај вас, сепак тоа да биде ретко. Стој си на своето!!
    А тоа дека мора и неговите блиски да ги сакас секако дека не!! Јас фала богу го немам тој проблем (зборувам за родителите и браќата)
     
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    RainBow знам дека е тешко да се толерира,сум имала такви проблеми и уште ги има ,ама ајде некако се трудеме да ги надминеме.И мојот дечко има неколку такви роднини кои слободно можам да ги сместам во групата на сељаци а кои мислат дека се центар на сите случувања и дека без нив се неможе.Е неможам да ги поднесам,го имам тоа кажано милион пати и уште толку ќе го кажам.Искрено тој за тоа се навредува,ама и тој не заостанува во врска со некои мои роднини и пријатели.Но јас барем не ги бранам,отворено кажувам какви се и дека не ми одговараат мене за дружење.Но,ете се трудеме да не се оптоваруваме толку со нив.Знам колку е мачно да слушаш бош муабети,да се смееш на нешто што ни најмалку не е смешно,но ете понекогаш мораме тоа да го правеме зошто сметам дека ако би се понесувала одбивно со нив,во нивно присуство ќе се омаловажам себе си,ќе излезам невоспитана и некултурна.Затоа се трудам повеќе да ги избегнувам и да не се оптоварувам со нив.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Работата е што братучед му е возрасен, женет човек(има 29), а се однесува како тинејџер. Излегува, се пијанчи, а деца, жена дома. Јас тоа не го поштувам, таквите луѓе најмногу ме нервираат и тоа му го кажав. И јас знам какви се моите роднини и сум му рекла дека ако не му се свиѓа некој може да ми каже. Јас не се навредувам од такви работи. Јас, како ни он, не сум одговорна за нивното однесување и затоа нема што тука мене да ме навредува. Мислам дека уште ми е лут поради мојот испад денес, ама мислам дека ако го допуштам ова сега, ќе му премине во навика да ни се тупнува дома. Подобро нека се лути сега, ама ќе му помине.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Не познавам многу негови роднини, ама за беља тој речиси сите мои ги познава и не може да ги поднесе. Од тоа што ми го зборува за неговите роднини на кои тој им се диви , јас пак немам некое посебно мислење за нив. Можам да ги почитувам, но не и да ги сакам, исто и тој моите. Едно здраво може, а нешто разврзан муабет нема, ниту пак ќе има.
    Мислам дека ти паметно си му кажала, а и добро е што си излегла зошто глупо ќе било лице да му правиш на човекот, а после со дечко ти да се испокараш за него.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Дечко ми има еден братучед, кога се фативме, редовно беше секаде со нас! Јас ќе отидам кај дечко ми, тој таму и седи до доцна, не не оставаше да се онадуваме што се вика ( :lol: ). Ќе излеземе да се прошетаме, тој пак со нас. Редовно и секаде. И така тоа си траеше првите два месеци од нашата врска. До душа дечко ми ми имаше речено, немој да се лутиш јас со него сум цело време и неможам да го баталам откако си фатив женска. Ама неможев да поднесам повеќе. И на крај му реков на дечко ми.

    "Добро јас и ти ако се земеме и тој ли ќе се земе со нас? Уште фали односи кога имаме да виси од некаде и да не гледа. Јас не сум само со тебе, туку сум со тебе и со братучед ти. Тој е составен дел од нашата врска. Крај повеќе не толерирам, оставив простор да се свести сам дека пречи, ама чим не се свестува мое е да си кажам. Несакам повеќе да се влече со нас :!: "

    И сега веќе не е така :)
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Засега успевам да се дистанцирам од неговите роднини и искрено баш сум задоволно што сеуште можам да контролирам близината помеѓу мене и неговите роднини! Ме познаваат скоро сите, им имам оставено убав впечаток скоро на сите, ама близина од типот (заеднички кафиња, споделување проблеми, идими-дојди ми) е такви работи сеуште одбегнувам! Немам некоја посебна причина заради која ја одбегнувам близината, туку едноставно сметам дека засега е доволно да сум во коректен однос, краток муабет и поретки средби!
    Воглавном и немам некое негативно мислење за неговото семејство, со исклучок на една личност (блиска роднина на дечко ми) што си дава малце повеќе за право и зборува повеќе отколку што може да разбере! Но... си се изјасни родината дека веќе ме проценила и сфатила дека не сум била баш ,,попустлива за некои работи,, :^) Искрено коментарот од незјина страна ми се допадна, и потврдив дека ретко кога допуштам да се премине границата...бмислам дека роднината на дечко ми ме сфати што сакам да кажам и во иднина очекувам да се котролира во оденсувањето!
    Засеге ме почитуваат и ги почитувам...за понатака ќе видиме како ќе се одвиваат работите, не сакам предвреме да носам заклучоци каков ќе ми биде односот со тие луѓе!
     
  9. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    темава знам дека е од мн мн одамна..ама морав да си пишам тука..луге од овие негови роднини страв ме фака како понатака..абе еден негов роднина нема асален ,кој од кој поненормален и позабеган.се срамам од нив луге и муабет не им праам само од чиста култура по некој збор.а и додуша со помладиве негови роднини не праам муабет ме направија ретардирана од чиста љубомора што неможат да го влечкаат по жени.. незнам луге како со овие понатака па коа ке дое ред да ме зимаат од дома од пред моите ке си умрам моиве ке си помислат дека со неписмен ке се омажам ептен се затупени..срека овој не е метнат на нив.пробував да се уклопам некако ама неможам и неможам ....
     
  10. ivence69

    ivence69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како може тие да се затупени а тој да не е? Кај израснал тој на друга планета ли?
    Не мора да значи дека ако еден од нив е затупен или двајца па сите нечинат.Не знам што е со финтава за неговите роднини ти сепак ако се змеш ке се земеш со него а не со роднините така да со те интересира тие какви се не ми е јасно си ја оптеретуваш главата со глупости се додека ти е убаво со дечкоти уживај во тие моменти батали ги роднините тие може еден ден ке се описменат:D ама тоа сепак ке биде за нив не за тебе.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Да. И правта под чергичето пред неговиот праг треба да ja сакате. А тоа ќе го докажете со тоа што поретко ќе чистите таму. Мала шала. :D

    Колку само раскарани семејства има, сите сопствени роднини некогаш не можеш да си ги сакаш, не пак неговите. Ниту пак сите тие тебе. Ако си праиме лице, освен. Врската/бракот е меѓу вас и партнерот, вие делите ист кревет, не ги носите во приколица сите роднини по свадбата. Љубовта и муабетот најбитни се меѓу вас двајца. Затоа што вие сте тие што формираат ново семејство. Вие. Никој друг.

    Почит и поддршка како дел од животот на вашиот сакан, да, ако па со некој од нив ви оди муабетот, уште подобро, но сакање како императив на сите роднини ми е апсурд.
     
    Последна измена: 14 ноември 2014
  12. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    епа може ..сигурно не бил у скутот на мама цел живот.школо пријатели едно друго ... немора да значи дека мора да е како нив :)
     
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.431
    Ама не може да биде ни екстремно различен, тоа со сигурност знам.
     
    На ivence69 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    верувај ми може :)
     
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.431
    Ајде нека може:), дури не им влезеш во куќа официјално, се може. После однеможуваат работите една по една;).
     
    На tessie и ivence69 им се допаѓа ова.
  16. ivence69

    ivence69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Ти мислиш дека може дека сеуште не си почнала да живееш со него да сте зедно 24 часа ке видиш дека мора да има нешто од нив преземено па не е од небо дојден јас не викам да е ист ама сепак тие му се роднини и родители (не знам за што сакаше да кажеш ти како што напиша сите биле затуцани сигурно и неговите се)
    И јас не кажав дека е како нив ама сепак не е РАЗЛИЧЕН тие му се родители круша под круша паѓа е може јаболко да биде
     
  17. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    јас сум веке таму освен на документ хехехе поминав ни се што може да се помине хехех
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.431
    хехехех... ;)
     
  19. ivence69

    ivence69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Сигурно си тазе чекај назат ти е зимата има време ке го смениш мислењето сигурна сум
     
  20. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    абе нормално дека има и на неговите нешто фала богу.ама не е затуцан и чуден
     
    На ivence69 му/ѝ се допаѓа ова.