Неговото семејство не уништи!

Дискусија во 'Разделби' започната од Amanda02, 18 април 2013.

  1. Amanda02

    Amanda02 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки
    Се чуствуваам многу лошо и никако не можам да се приберам. Тој ми беше прва љубов и премногу се сакавме. Ми беше се, дечко, пријател, тој го надополнуваше мојот живот. Секогаш ми кажеше свои планови како ќе се венчаме, за нашите деца итн.
    Еден ден тој реши да им каже на неговите родители за нашата врска, првите месеци се беше добро но после 6 месеци нешто почна да се промени. Еден ден пред да ми раскине тој ми кажа "да знаеш без тебе јас немам живот" и утре сабајле ми прати една порака кажајќи дека веќе не ме сака дека не можеме да бидеме заедно, јас се чудив пробав да му се јавам но тој одма го сменил бројот и веќе не стапивме во контакт за 5 месеци. Тој си отиде од земјава без да ми објасни зошто, и за 5 месеци ниту се видевме ниту контактиравме. Мојата најдобра другарка секогаш знаела дека беше неговото семејство кој го терало да ми раскине, особено неговата мајка по што не и се допаѓав, но таа не ми кажа одма кога се разделивме туку на 5-от месец од нашата разделба. Јас се чудив, си плачев со часови и одлучив да му пратам емаил.
    Јас му пишував само една кратка порака кажајки дека барем да беше искрен со мене не да завршиш една сериозна врска само со една порака. И толку и мислев тој никогаш нема да ми пишува пак, но за 5 минути ми стигнаа пораката каде пишуваше да знаеш ништо не е како што изгледа. Чатиравме неколку часа и на крајот ми кажа јас сакам да го кажам тоа што ми е внатре, јас уште те сакам, ми кажаа те сакам како привте денови што те сакав. И тука пак се смиривме и пак бевме заедно, тој си дојде од странство за мене, се видовме и пак се беше убаво како на почетокот. Но овој пат ова приказна заврши за 3 недели. После еднa кавга ми прати една дола порака " јас многу те сакам но не можам да ти го уништам животот, јас земам дрога, мојот живот е уништен и не знам каде ќе завршам. Ти заборави ме мене. си добра личност и заслужувааш се". Јас се шокирав се уништив себеси. Мислев дека ме лаже за да ми раскине но после неко време разбрав од еден точен извор дека тоа беше се вистина. Тој кога раскинел со мене почнал да земе дрога и кога се смиривме мислел дека ќе го остави но не можел.

    Мнгоу сум очаена, веќе има 4 месеци што се случи ова и никако не можам да се приберам, многу го сакам и многу сакам да му помогнам но не знам како, и се јавив на неговата мајка и кажав за да знаат да му помогнат но незам дали ке успеаат. Тој ми е најважно од се. Сакам да бидам покрај него да му помогнам. Секој ден се молам за него, се молам за негово подобруваље. Сакам еден ден пак да бидеме заедно, јас веќе никогаш нема да можам да се заљубам во некој друг. Ме изгледа дека никој не ме разбира дека премногу го сакам, дека не можам да си го видам неговиот живот уништен :(

    Ве молам за ваше мислеље што да правам како да му помогнам??
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Девојче, имаш само 19 год и немаш ништо изживеано во животот.
    Би ти препорачала да се тргнеш на страна и продолжиш во животот. На дечкото му треба стручна и адекватна помош. Не е за џабе речено -еднаш наркоман цел живот наркоман.

    Не ве уништило неговото семејство. На крај краева ако навистина мајка му не му дозволувала да биде со тебе а тој посегнал по дрога :^) - што не верувам, повеќе верувам дека посегнал по лошо друштво кое се дрогира, и овој факт треба да ти е доволна причина да сватиш дека тој е лабилна личност и не е за тебе.
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.168
    Пол:
    Женски
    Јас мислам тој да побара стручна помош што побрзо тоа подобро...дај боже да се надмине се
    ти давај му ја својата поддршка љубов посветеност .. кажи му дека го сакаш , и дај му верба и надеж за подобри времиња...разбирам дека ти е тешко , ова се тешки ситации за 19 годишна девојка.
    Се надевам дека побрзо ќе излезете од оваа агонија дрогата е опасна зависност уништува се....
     
  4. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    178
    Девојче јас мислам дека треба да се тргнеш на страна, таков дечко не ти е потребен. Сеуште ништо не си видела од животот, уште колку пати ќе се заљубиш, ќе повредиш некого, ќе те повредат, се додека не си дојде вистинскиот во вистинско време. На некој кој зема дрога ти неможеш да му помогнеш, само можеш и ти да се навлечеш на тоа или пак да си го упропастиш животот. Нему му е потребна стручна помош, која за жал ти неможеш да му ја пружиш. Биди среќна што не си заглавила со таков тип, тек тогаш би била уништена. Посвети се на себе си, посакај му се најдобро и продолжи понатаму. Исто и јас се сомневам дека поради тоа што не му дозволувале да бидете заедно, тој посегнал по дрога... Не ти треба некој ваков покрај себе, не си го комплицирај животот без потреба, уживај во најубавите години, животот е пред тебе, за се си има време и уште колку пати само ќе се заљубиш. Ти посакувам да се реши ова и да ни пишеш дека се е во ред.
     
    На dzanina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    74.760
    Пол:
    Женски
    Аманда во првиот дел од твојот пост го имаш одговорот на твојот проблем....се сакавме... Ти си свесна дека со него ќе си имаш проблеми,и нормално сакаш да му помогнеш.Не знам колку ќе биде спремен тој да си помогне самиот на себе.
    Знаеш во животот сме одговорни самите за себе.А штом сме одговорни значи можеме да го смениме текот на настаните.А ако го смениме текот и направиме грешка?Грешката ,тешко ќе си ја простиме.Некои работи едноставно не можат да се решат како во филмовите со среќен крај.Животот е сосема поинаков.Искрено..да си мое дете нема да сакам да си со него.
     
    На Trendafilka, Cliona и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  6. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека баш сега во оваа критична фаза од неговиот живот не треба да го напушти туку да биде покрај него,да му даде подршка и разбирање,утеха и да му помогне што подалеку да се извлече од ова зло.Ништо нема толкава моќ како љубовта и сега не е момент за себичност :!: .Не треба да се има предрасуди кон наркоманите и тие се луѓе...сигурно е очаен и бара излез,зошто да не му подадеме рака и да му помогнеме да се спаси.Покрај него треба да има цврста,стабилна и решителна личност која го сака неговото добро,со која ќе се врати на вистинскиот пат.Девојкава верувам дека е паметна за да не се навлече на неговиот порок.Верувам дека доколку поголемиот дел од општеството го има овој став би се зголемил бројот на излечените лица и би се намалиле фаталните последици.
    Не се согласувам со тоа еднаш наркоман цел живот наркоман.
    Лично познавам брачен пар,една подалечна другарка која му помогна на тогашниот дечко сега сопруг да ја победи дрогата. Исклучоци има секаде!
     
    На Lolo5, Amanda02 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  7. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    278
    аманда ќе ти напишам еден случај со мој подалечен роднина (4 братучед)
    детево зоки се вика... мирно, симпатично... се гледавме секогаш чаршија тој со другарите.. немаше женска. и наеднаш детево го снема. сите кај е зоки? кај е зоки? мајка му и татко му рекоа замина германија кај чичко му.. го зеде да поседи да поработи... и ок од кај да знаеме. арно ама зоки го пратиле таму да го отргнат од дрогата.. и оп зоки по 2 недели си дојди.... набрзо се дозна дека зоки се дрогира и дека таму не можел лесно да дојди по дрога па се вратил...
    така да и ова што заминал дечко ти можи да е ваков случај ко шо е и најчесто :!:
    ако ти си и кажала на мајка му а да не знаела таа сигурно ќе било голема џева. затоа размисли.
    и тоа дека треба да бидеш покрај него ... јас велам НЕ. не треба да бидеш покрај него... знајме сите како завршуваат најчесто (недај Боже) ама таа е реалноста, ќе се предозира и толку.
    сега ти кажи дали вреди да бидеш покрај него? тој си го испустил својот живот... вреди ли ти твојот да го испустиш? :^)
     
  8. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Колку што гледам не ве уништило семејството,неговото семејство не е виновно за ова,сигурно не бил натеран од нив да по4не со дрога.Знам како ти е верувај.Но искрено не мислам да го оставиш ако го сакаш многу,сепак дај му подршка,утеха ,надеж. Биди покрај него и наговори го да побара стручна помош но и тогаш не го оставај.Знаеш... ја кога го запознав мојот бивши (сега немам де4ко веке неколку дена) сите викаа дека е наркоман а ја го засакав многу и искрено не знаев како да се откажам од него ама потоа проверивме и видев дека само намерно зборат за да го уништат нашето пријателство.За тебе послушај го ова и верувај во себе мора да успееш,но немој да бидеш во врска со него биди само пријател.Може би сеа да се олечи но тоа не трае долго не сум видела некој кој се излечил до крај,тој ке биде сеа добро а после ке земе пак.Ти биди со него пријател и не го избегнувај затоа што може да примети и да ти наштети.Сум имала такви случаи и јас.Али ако веке се одале4ил од тебе уште подобро,остави го и не се срекавај со него да не ти наштети и тебе. :!:
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    18.108
    Пол:
    Женски
    Еве пример да речеме, дека не постои тука приказната со дрогата.
    Каков маж ќе биде тој на кого ќе му биде доволно мајка му да му рече „не ја сакам“ за да и` раскине на девојката ? Како што пиша цаци, типов е или лабилен или неискрен.

    Ти рекол дека ради тоа што морал да ти раскине паднал во депресија и почнал да се дрогира. Оттука произлегуваат две можни комбинации (и двете недобитни):

    1) Декa те излажал и/или дека почнал да се дрогира и пред тоа.
    Не ти треба човек кој наместо да ја буди среќата во тебе, го буди сомнежот. Не можеш ни да си замислиш колку тежок живот е тоа.

    2) Ти ја кажал вистината.
    Како ќе очекуваш утре да ти биде поддршка и да се бори за тебе, кога на мајка му не може да каже едно „Ја сакам и не сакам никој да ми се меша во тоа.“ туку веднаш почнал да се дрогира?

    Откако ќе успееш да си ги одговориш прашањава, ќе ти биде многу полесно.

    Размисли, млада си. Мислам дека животот чува нешто подобро за тебе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srce-9

    srce-9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki
    So decko mi bevme 4 godini zaedno se do pred nekolku meseci koga poznavme da se karame, no pred tri dena oficijalno se razdelivme.
    Se vmesa vo nasata vrska druga devojka koja napravi problemi na mene so semejstvoto na decko mi, se pletkase vo nasata vrska, za toa doznaa i negovite a taa se izvadi deka ne e kriva, deka decko mi ja baral nea ja vikal da izlezat pak a tatko mu lut na nego sto mi nappravil takvo nesto mene se ispokara so nego i so majka mu a taa mi se javuva i mi vika se i sesto deka sum ni go unistila semejniot mir da me nema od nivnite zivoti.
    Nie karajki se so deckoto sekoj den za nea, toj mi rece moite ne sakaat da te vidat povekje se javiv se izviniv na negovite probav da objasnam deka ne sum vinovna za nisto deka samo sakav nie da si go resime problemot. Sega posle tie slucki toj nesaka da me vidi majka mu ne mu dozvoluva da se slusa so mene.
    Mnogu mi e tesko ne napraviv nisto, a sepak zagubiv se.
    Sto da napravam ve molam kako da dokazam deka ne e taka. Deka ednakvo gi pocituvam site i nikogas ne sum poslakala da se vmesam vo nivniot privaten zivot.
    [mod-kirilica:3ie61543][/mod-kirilica:3ie61543]
     
  11. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека имаш работа со луге идиоти,ако дечкото не те подржава што тогаш :^) .Откачи го и ти,млада си,живеј го животоот,се вади со тоа дека не те сакаат неговите ма кој гад. Извини,но не се ма4и напразно со него губиш само време :!:
     
  12. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    девојки, девојки, какви тажни приказни.... можеби решението ќе го најдете ако пробате да се посветите на себе, да не мислите толку многу на другите и да си го најдете лично Вашиот мир! Нема да имате среќа во такви врски! Верувајте, проблемите ќе надвладеат и ќе ја истиснат љубовта... се надевам само дека ќе бидте во ред! :(