Негувателка истурила врело кафе врз лицето на едно од децата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ordinary, 2 ноември 2016.

  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Немил настан, неубаво ни за неа ни за дете ни за родители.

    Побогу и таа има дома деца можеби па сега и тие ќе страдат додека најде работа на ова време никакво.
    Тоа е нешто што и на мајка дома може да и се случи не значи дека таа одма е лоша мајка.

    И јас сум во оваа професија , и знам како е со толку деца, а вработени еден двајца,(најпрво треба државните власти да се обвинат ако веќе судиме, затоа што не сакаат да отвараат нови градинки и да финансираат повеќе луѓе) дома не можиме да довардиме две деца, а таму се 30тина и тоа секое со различен темперамент.
    Во никој случај не ја оправудвам и викам дека ех мора кафе да пие , па и се истурило што да прај.
    Ама па и не сакам да судам одма со најстроги казни и да посакувам незнам што.

    Правило бр еден не требало кафето да го пие можеби тогаш , си има паузи па пиј тогаш.
    Многу сме брзоплети па одма судиме без реално во дадени ситуации да размислиме , што доколку и нас ни се случи нешто неубаво па сите не осудат во истиот миг.Посакувам детенцето да си оздрави да нема последици , а жената да го најде мирот .
    Повеќето што осудувате ,немате ни најмала претстава каква стресна и одговорна професија е , рамна на лекар кој одговара за живот не некое човечко битие.
     
    На the.vampire.girl, rose60, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    Rabotata na negivatelot ili vospituvacot I da gi neguvaat I vospituvaat decata zaedno. Kakvo ke im go donesete takvo treba da ni go vrarat. Zboruvam od zdravstven ne od higienski aspekt.
     
    На girl-miri и joy1 им се допаѓа ова.
  3. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Од ова ништо не ми е чудно.Кај нас негувателките си пијат кафе на мала масичка заедно со децата.
    Јасли се,они неможат да ги остават сами,па таму ги заспиваат и си пијат.
    Еднаш кога ја земав малата беше со расцепана уста и крв полна.Паднала од креветчето!
    Јас реков само во ред е се случува,битно ја чувал Господ ништо повеке не биднало...
    Мм направи галама и пријави кај директорка.Утре дента одам да ја однесам малата,негувателката била навредена.Ми вели ке ја префрлиме во друга градинка.
    Никако не бива,ни да ги пријавиш,ни ништо.Па ајде мм отиде да зборува со неа и се заврши добро.
    Јас не сакав дополнителни стресови да и правам на малата и да одиме во нова градинка,дека на оваа е навикната.
    Нашата чудесна земја!
     
    На sj *O* и anaja1 им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Како бе ги правдате демек за многу деца се грижеле? Кога се вработуваат партиски им е ок така?
    Епа нека се побунат и за тоа дека се малку, нека направат штрајк нешто и сигурна сум ека сите родители ке ги поддржат. Или битно е само да се вработат, а да не ти е битна одговорноста.
    Ке останела без работа а може имала деца и сеа ја треба да им ја думкам на нејзините деца, аха да, колку таа штом им ја думка на туѓите.
    Нека рече фала што нема да одговара кривично.


    Кога сме кај негователките, прочитавте за тепаното 2 год. детенце. Кој го тепал? Се знае негувателката. Секој ден гледаме по некоја ваква ненормална на која и ги доверуваме децата.
    Сте чуле некој медицинска сестра да тепа пациент или некоја вработена во маркет да тепа муштерија?
    Плата земаат, а со самото вработување и одговорност превземаат и крај.
    Да напоменам само дека нивните плати се дупло поголеми од тие на пивачките, а исти со медицинските сестри, а за третина поголеми од рударите итн
     
    На Abeja, rose60, meckicka и 16 други им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Ја оправдувате, со искази од типот колку стресна одговорна работа има... ок, така е, и во ред, од 8 часовна смена има потреба од јадење и кафе жената - ама за тоа се знае соответно каде и кога!!! Не оправдувам пиење кафе во занимална!! Па јас со три свои деца дома сама кога сум кафето ми стои на елемент в кујна и помини пивни замини правам, подалеку од досег на деца да е. Никако не го разбирам моментот кога таа се нашла над дете па и со кафето во рака.. гледајте на ова вака - нејзе и е тоа работа, децата и се клиентелата. Е сега, замислете,одите на шалтер во банка, доаѓате на ред и при подавање на пари службеникот таму ве потури со кафе зш си пие на биро и му се истури... или во вип плаќате сметка, удира печат девојката и шлап, ве попарува со кафето кое и стои на шанкот, или во тинекс, ви подава вработениот кашкавал и го турива филџанот кое го чува на фрижидер... и овие работници имаат стресна работа, верувајте, но никакво оправдување нема пиење кафе вон пауза и на несоодветно место! :shake:
    Отказ, ако и дале, незнам, не за попареното дете туку за несоодветно однедување на работно место!!!
     
    На rose60, meckicka, girl-miri и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    9.422
    Пол:
    Женски
    Треба да се каже која е инаку истава оваа ќе биде прераспоредена во друга градинка па наместо да биде казнета таа ќе си биде наградена. Сега сигурно ќе почекаат некое време да се подзаборави и после пак ќе си почне на работа...
     
    На rose60, okcenzi, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.807
    Допаѓања:
    122.675
    Пол:
    Женски
    Исто и јас мислам дека ќе биде на друго место распоредена
     
    На rose60, joy1, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Да..ако е партиски војник!
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.807
    Допаѓања:
    122.675
    Пол:
    Женски
    Ма гарант. Сега ќе синпоседи некој месец дома. Ќе и плаќаат од партија и оп ќе ја вработат во некоја друга градинка
     
    На meckicka, sj *O* и fighter им се допаѓа ова.
  10. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски

    Bridget, иритантна си женска,олабави се малку 8), не си во право.Фаламногупријатно
     
    На fighter, rose60 и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    За случајов - итно треба да се избрка воспитувачката за да им биде пример на сите. Кафе/чај било што кај што спијат децата не смее. Убаво пишал некој, тие у конфекција или у операциона сала што работат да не пијат кафе случајно кога ке им текне.

    За воспитачките не знам, има и лоши и добри. Али мајките кои потреси се леле... и тоа најмногу се бунат тие мајки што дома по цел ден играат игри на фејсбук и не си ги ни погледнуваат децата.

    Ме чуваа и баба и дедо и во градинка одев, и плус плаќавме девојка дома да не чува и таму и таму имаше инциденти (од што многу бев мирна) па родителите не креваа паники. Ако не ви чинат градинките најдете си друго решение .
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    не си во право ИЧ!!!! оти заради ваквите лица најненамерните несреќни случаеви понекогаш оставаат најсериозни последици кај детето шо ја преживеало траумата! КАКО БЕ ТАКА КУТРОТО НЕВИНО ЧЕДО 4 САТИ БЕЗ ЛЕКАРСКА ПОМОШ?????!!!! ај сеа шо е во ред детенцето, постои сеуште можноста да му остани траума!!!! ете зошто на вакви лица треба да им се открие идентитетот, за да стојат подалеку од деца. оти можело и полошо да се случи скраја било....
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.786
    Допаѓања:
    323.715
    Во градинка имаше дете кое многу каса.
    Немаше детенце во групата без подливи, страшно да го гледаш.
    После второто касање (крвничко), им напоменав на воспитачките (со мирно) дека е МОДРА.
    Место да отворат очи, тие се јавиле кај родителите на детето да кажат дека родителите се жалаат од ,,касачот,,|(|(
    Се така си тераше касањето се додека ,,касачот,, не го апна и внучето на една од воспитачките :^)
    Е тука веќе се отвори фронт.

    Што сакам да кажам....
    На туѓо дете не боли а???
    Кога незјиното го каснаа, тогаш почна да реагира бурно (дури и со закани од типот - додека не го одучат од касање, нека не го носат овде) ?!!!!!!
     
    На sj *O*, Valentina.Vaki, rose60 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Во западните држави , негувателката ќе беше отпуштена и веќе немаше да има право да се вработи како негувателка било каде. Можеби и казна ќе платеше. Кога се во прашање деца, нема такво нешто како случајно беше или грешка, нема да се повтори. Денеска кафе утре друго нешто ќе се истури. Ако не е одговорна, нема што да веќе да работи во градинка.

    Во Македонија, случајно било, не е страшно , за жалење е негувателката, ќе ја преместат во друга градинка во зависност ако е партиски вработена, не е мое детето па така нека помине без казна.


    Тоа е разликата.
     
    На rose60, galapce, meckicka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Истава ситуација ја поминавме и ние,само што моево дете беше премалено од болка и плачење,и не ми беше јавено да си дојдам порано и да ја земам- најверојатно се исплашиле и негователките.,кога ја земала мајка ми седнала на нокчирче дома,и целата била замислена изгубена омалаксана,да не кажам за модриците,мислиш куче ја касало
    Утредента со дете во рака и кај управителката,фино и културно да и го претставам детево како изгледа
    Не побарав ниту казни ниту отпуштање за наставничката,побарав само поголема одговорност,и да внимаваат на нив,пошто само што започнаа со градинка,адаптивен период за сите беше, а не едната отишла на пауза а другата носела дете на мочање
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.306
    Пол:
    Женски
    така е, денес кафе УТРЕ КИСЕЛИНА
     
    На Yipman2 и meckicka им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Не е крива државата.
    Еве жув пример е темава.
    Нејзиниот народ пишува и тука.
    Претерана била реакцијата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Да сме живи и здрави.
    Што друго не се случило сеа за едно кафе ќе правиме проблем и ќе делиме правда.
    Ее па и вие, се случуваат грешки.