1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Недоволни средства за живот причина за депресија и без волја

Дискусија во 'Психологија' започната од Quenn, 24 септември 2019.

  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Немој да се срамиш од тоа.... Ти си таа што си... И јас потекнувам од земјоделско семејство, живеевме во село во трошна куќа, татко ми рано е починат, јас никогаш ама апсолутно никогаш не се срамам од каде доаѓам... Секогаш внимавав да биде чисто. Јас сум таа што сум.... Во животот повеќе сум без пари отколку со пари.... Парите немаат цена, денес ги имаш утре ќе ги немаш... Ако некој те сака и му значиш ќе те сака и под мост да живееш...
     
    На dunika, poppie, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Како што ти пишаа и погоре, живот се гради со некоја личност заради тоа што е тој/таа. А парите се заработуваат и се трошат.

    Јас ги изгубив мн рано родителите, живеевме со брат ми со пензија од 2400 денари (по 1200 за секого), и со пензијата на баба ми која не стигаше ни за сметки. До 21 година немав видено море, дома ми беше уредено како што било кога се уселиле во 64та. Со дечко ми тогаш (сега маж) сме заедно од 18 години. Он е од побогато семејство и секогаш имале доволно средства и за одмори и за викенди и за брендирана облека. Он од почеток доаѓаше кај мене и после некое време ни помогна со реновирање на станот дел по дел (кречење, лакирање паркет, одење до икеа). Со него, прв пат видов море, со негова поддршка стекнав образование во странство и го прошетав светот.

    Заедно купивме стан, го уредивме како по каталог. Сега заработувам повеќе од него, и заедно им помагаме на неговите затоа што ги фати финансиска криза.

    Затоа знам од лично искуство дека љубовта и взаемната поддршка се најбитни. Пари имаш, па немаш. Ама ова ќе го добиеш само ако тој е вистинскиот човек за тебе и ако стварно планира иднина со тебе.
     
    На dunika, poppie, mira.mira и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се срамиш и да бидеш во депресија, треба да се срамиме од своите постапки кон другите луѓе и од ништо друго.
    Мајка ми и татко ми кога се земале татко ми немал ништо повеќе освен 2 соби во куќата во кој од едната живееле тој и мама.(една година подоцна сум се родила и јас и до мојата 3 година сум живеела исто во таа соба со нив). Додека пак мајка ми била од побогато семејство имала се..Но фала му на бога со текот на времето успеале да направат се и тоа сами без да им помогнал било кој, сега имаме куќа тип-топ и од внатре и од надвор средена . Никогаш немојте материјалните сретства да ги ставате во прв план, најважна е љубовта, поддршката и разбирањето а со тоа може да се постигне и да се стекне се во животот. Никогаш ние не можеме да знаеме што ќе биде утре. Не значи ако имаме денес дека ќе имаме и утре или пак обртно..Оној кој вистински сака никогаш нема тоа да му биде важно.
     
    На poppie, Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Сум била во ситуација да имам многу пари.Да можам да имам се што ќе си посакам.
    Сум била и во ситуација да немам што да јадам.Единственото јадење за кое сме имале пари било едно ќесе ориз за ручек.
    Ниту една од овие две ситуации нити ме промени,ниту ме одсликува мене како личност.Парите се ништо во споредба со здравјето,љубовта и среќата.Човек не вреди со тоа колку пари е туку каква му е душата.И сега немам многу пари.Еве не го продолжувам образованието...Но тоа мене не ме прави сиромашна.Мене мојата среќа ме збогатува секој ден.Верувај ми ти не си сиромашна.Ти си богата само што богатството не е таму каде што го бараш туку пред тебе.:l:
     
    На mira.mira, Tanjamm, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Машки
    Некаде да, некаде не. Има многу милионери кои патат од депресија и многу сиромашни или бездомници кои се среќни секојдневно.