babylove кашички

Нееднаквост во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од hellocity, 6 мај 2018.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    5.255
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат ваши мислења за тоа некој да и завршива сите обврски во домот другиот да ужива или обратно, дали сте сретнале такви бракови? Како влијаат на вас и средината?
     
    На SummerGirl и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  2. WarriorMind

    WarriorMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    6.702
    Пол:
    Женски
    Бρаκот на моите ρодители.

    Додеκа мајκа ми се отепува од ρабота, после тρета смена оде и по полето и дома ρаботи, татκо ми чеκа неκој κρеветот и масата да му ја κρене.

    Поρади оваа имам многу јаκи κомплеκси, буρно ρеагиρам на неκој слични ситуации и понеκогаш не знам κолκу тρеба да дадам а да не испаднам глупава. Не ја знам гρаницата на ноρмалното. Може да се пρотивам да изρаботам нешто само заρади да не испаднам во ситуација κаκо мајκа ми а од дρуга стρана се мислам дали тоа е пρемногу себично. Едноставно не знам да балансиρам и тоа ми задава големи пρоблеми и дилеми. И не само за оваа за многу дρуги ρаботи што не ја знам гρаницата во вρсκата κаκо тρеба да биде, и често имам пρоблеми поρади тоа со дм.
     
    На cresa-jagoda, Miss666, ane.bella и 15 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.258
    Пол:
    Женски
    Немам таков пример. Уште од старт му кажав на маж ми дека обврските ќе бидат поделени (освен некои), или ќе си добие карта во еден правец. Свекрвата го буцкаше дека он треба да лежи, а јас да рмбам како коњ затоа што сум жена. Се знаело за што служи мажот.
     
    На cresa-jagoda, fana, glosipgirl и 10 други им се допаѓа ова.
  4. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    52.546
    Пол:
    Женски
    Не можам да се пожалам од таа страна. Ми помага и тоа многу. Јас касно се враќам од работа и знае да ми спреми за јадење, машина да пушти, да избрише прашина. Поголемиот дел од обврските сакам јас сама да го завршам, но никогаш ме нема одбиено за ништо кога ќе му кажам нешто да изработи.
     
    На cresa-jagoda, mssuniquee, CaraMia и 6 други им се допаѓа ова.
  5. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    73.700
    Пол:
    Женски
    Nema tuka pomagajne i nepomagajne.. Nitu jas negova sluginka nitu pak on e moj sluga..deca rastime zaedno..on znaj alista da isperi i izdipli isto koklu mene..znaj pod da izbrishi..znaj da pazari i sve da naredi na svoe mesto isto kolku i jas i i i tn..pre nekoj mesec bratuched na mm od mk beshe kaj nas na gosti..mm naviknat se da rab po doma i na ovaj chudno mu padna :) i ovoj mu vika abre aman sto napravi kako nekoja zhena si se znaesh da srabotis..mm mu odgovori i ti da sedish 5 god bez rabota a zenati da raboti..ke vidish kolku e dosadno sam da si i taka po doma da sedish kako faten..makata sama ke te natera da se nauchish na se :)
     
    На cresa-jagoda, muchacha_a, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    24.228
    Пол:
    Женски
    Вакви примери на нашите простори има колку сакаш затоа што нели мажите тука се највредни, најспособни и најзаслужни за некој да им биде слуга. :^) Среќа што во последно време младите генерации се опаметуваат и успеваат да воспостават ред на нештата и правилна поделба на обврските. Ајде во минатото ок, жените најчесто не оделе на работа туку се грижеле за деца и куќа што повторно е донекаде поделба затоа што за тоа време пак мажот печалел. Ама при здрав разум да одам по 8-9 часа на работа и дома да ме пречекаат прљавите чорапи од мажот на сред соба или куп садови до таванот, е богами убиство има да извршам. :devil: Моето здравје и слободно време не е помалку вредно од неговото, ако сака слуга ете нека си проба кај мајка му што го родила ако му успее. На мажите им одговара тврдењето дека домашните обврски и децата се работа на жената а за воља на вистината, голем дел така и ги воспитуваат од дома па после жените си имаат проблем. Има да работи по дома и деца да чува и оро ќе игра! А ако тоа не му одговара нека стегне задник и заработи доволно за да си плати куќни помошнички и дадилки.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Ivush94 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    5.255
    Пол:
    Женски
    Хм па и кај мене мајками исто така повеќе плата зима побеќе работи, но некогаш и таткоми работи дома прави ричок, чисти итн.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.722
    Допаѓања:
    12.101
    Пол:
    Женски
    мојот брак е таков, штета не сум го открила целиот памет на маж ми навреме. За него работа на мажот е да донесе пари дома и толкј се друго е работа на жената. Прво психички попуштив после и физички. Сега малку работите се сменија но последиците по здравјето кај мене останаа. Какп викаат каде што има сила нема правдина. Можеби и во право се.
     
    На Tanjamm, SummerGirl, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Поголемиот дел обврски си го завршувам сама бидејќи така сакам. Сама чистам, сама готвам, перам и слично. Но некогаш кога немам време или сум уморна и маж ми знае да зготви нешто (не кој знае што, ама ајде) или пак да ги собере алиштата да ја раскрене масата и никогаш на тоа не гледаме како помагање, ниту јас ниту тој, напротив тоа е поделба на обврските.
    Додека пак знам и бракови каде мажот чека се на жената и не се мрда од кревет.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    5.255
    Пол:
    Женски
    E такви бракови жената да не се мрда се многу ретко 1 во милион, бидејќи кај нас во Македонија се се решава со насилство ако не ти направи ручок можеш и да ја онестестиш од тепање.Ајде уште иам надеж дека ќе се унапредиме.
     
    На Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Не си ме разбрала или пак јас не сум напишала добро. Мажот не се мрда од кревет и чека жената се да заврши.
    Како и да е, сметам дека не е правилно ниту жената да работи се сама, ниту пак мажот. Бракот е заедница и се знае дека секој има обврски. А за ова со тепањево тешко дека ќе се оправиме, за жал кај нас таков е менталитетот
     
    На Milobebence и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.900
    Pa i vo red bi bilo golem del od domasnite obvrski od cistenje perenje spruziranje i tako dalje da se na zenata AKO mazot odi na rabota. Mene nekako ic ne mi e vo red, on da odi da rinta cel den, i doma koga kje dojde i najde haos, neizluftirano, smrdlivo, usrano, ne zgotveno i 10 masini da cekaat na red za pranje. Jas dodeka ne rabotev, gledav doma da mi e uredno, da ne dojde maz mi od rabota vo kocina i svinjarnik, gledav pokraj decata kolku toluk da e uredno, prvo za sebe, posle za decata i na krajot za nego. I sega koga rabotam isto, duri imam i povekje vreme zatoa sto rabotam vo smeni, pa koga sum vtora smena nautro oni se vo gradinka maz mi na rabota, jas imam vreme da sredam, pustam masina, spruzam izmijam sadovi i napravam rucek. Da e maz mi vtora a jas prva, verojatno on bi gi zavrsil tie obvrski okolu kukjata.
    Obvrskite sprema decata zaedno gi izvrsuvame. Ne mislam deka on mi pomaga, zatoa sto ne go racunam toa za pomaganje, toa mu e obvrska. toa sto kje gi odvede nautro vo gradinka i popladne kje gi zeme ne e pomaganje tuku obvrska kako roditel. Isto i menjanjeto peleni, on presoblekuva edno, jas drugo dete.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    24.228
    Пол:
    Женски
    За тоа и јас велам, обврските мора да бидат поделени и за деца и за куќа. Ако едниот партнер не работи воопшто и е дома додека е другиот на работа логично да извршува повеќе домашни обврски, затоа пак на сметка на тоа другиот заработува. Ама не е фер и двајцата да се вработени а по дома само жената да средува. Нема машки и женски работи, нема на мажот круната да му падне од глава ако испегла облека, измие садови, вклучи правосмукалка или пак зготви нешто за јадење.
     
    На Lolo5 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.900
    Ova e klucniot del sto na mnogu mazi ne im e jasen. Pa cesto znaat da recat jas tebe te izdrzuvam. Ne, ne me izdruzuvas, ako ti rabotis na rabota, jas rabotam doma, gotvam peram peglam metam cistam. Jas ne rabotev otkako se rodija decata, maz mi zarabotuvase, i ne mislam deka on me izdrzuvase zatoa sto jas finansiski ne pridonesuvav.
    A i mnogu zeni ne se svesni za toa svoe pravo i stav koga bilo koj, pa i mazot kje im prefrli deka se izdrzuvani.
    Jas vojna bi dignala za takvo nesto.
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    24.228
    Пол:
    Женски
    Така е, и домашната работа си е работа. И тоа многу тешка работа. За обврски околу деца пак да не зборуваме. Обично пререкуваат тие најмалку способните што едвај знаат задникот да си го избришат. Прав маж ни на сон не би и пререкол на жената околу нешто материјално.
     
    На cresa-jagoda, CaraMia, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    18.701
    Пол:
    Женски
    Познавам многу такви мажи, благоречени паразити.
    Во мојот брак е се рамноправно, никој на никого не помага,
    Двајцата одиме на работа, мм доага прв дома, зема дете од градинка, прави јадење, ја рани малата, кога доагам јас дома, ме чека спремен ручек на маса, кафе и салата. Потоа јас мијам садови и подраздигувам.
    За чистење преку недела , кој стигне чисти, За викенд малата станува многу рано, па мм е љубезен да ја чува да се наспијам, пазарува, и дава на малата да појадува, ама затоа јас средувам , готвам и извршувам обавези околу алишта.
    До душа за викенди , многу често , се случува да јадеме нешто надвор, но гледам да има зготвено , највеќе ради ќеркичката.
    Се случува мм да остане прекувремено, па јас готвам набрзина и така се снаоѓаме некако.
    Кога не бев вработена,мм работеше , плус и приватно, па повеќето обврски ги зедов јас. Каде цел ден рмбал, плуси приватно не знае каде му е глава, уште коњушница да најде дома и да нема асален ручек да касне. Тој секогаш ми викаше , седи , не се замарај толку, ама пак не можев да оставам така. Никогаш не рекол дека ме рани, ни па јас сметам дека ме ранел, едноставно така налагаше ситуацијата, највеќе од здравствени причини, па после останато. Некогаш , некои неиживеани знаат да се пошегуваат на негова сметка (Се шегуваат оние чии жени нејќат да одат на работа, избрале професија домаќинка и мажите доаѓат како гости дома, ги служат како аги), но тој им враќа дека не се срами од тоа што го прави, туку напротив е горд што неговата сопруга придонесува финасиски во домот и што напредува во животот, дека е горд што и јас како жена со мало дете не дозволувам да се обесам на неговата плата и дека сум свесна оти со една плата не се живее, па им ги затнува устите.
    Едноставно, не е тип на маж што би се потпрел на мене за се, а тој да си тера негова работа.
     
    Последна измена: 8 мај 2018
    На cresa-jagoda, gjoker4e, Monella и 5 други им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    5.255
    Пол:
    Женски
    Денес се сите образовани сите можат да работат никој не не неписмен,а такви паразити што сакаат да бидат глава и да управуваат како од нив жените да тражат за улошки за мене тие мажи се под нулата.
     
    На CaraMia, marchi-cool, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.258
    Пол:
    Женски
    Многу зависи во каква средина е израснат мажот. Тие што се научени мајката да им чисти, тоа го очекуваат и од жената. Само сечење од корен. Мора на мажите да им се покаже местото. Периодов не одам на работа. Обврските си ги завршувам јас. Маж ми помага само кога јас не можам. Додека одев на работа средував колку што можев. Му кажав да не очекува премногу од мене. Ме нервираат мажи што знаат само да си го прчат, а жената изиграва слугинка.
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e и marchi-cool им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    31.096
    Пол:
    Женски
    Ако нешто ми остана во сеќавање како добра особина на поранешниот сопруг тоа е неговата навика за уредност на личните работи и среденост во домот.Јас сум објективна и белото не го обојувам црно без оглед на нарушениот однос. Таков го запознав и таков беше и во бракот. Се оставаше на свое место.
    Кога се внимава на тоа помалку време треба за чистење и одржување на хигиената.
    Во бракот најголем дел од обврските ги извршував сама зашто така сакав и тоа не ми претставуваше проблем.
    Во мое отсуство знаеше да зготви и кујната да ја остави чиста, да ја среди чистата облека и ако треба да заврши и други работи. Го ценам рамноправното учество во извршување на домашните обврски и многу ми значи.
    За жал, негативните особини преовладуваа и ја засенија убавата страна, па разделбата беше неизбежна.
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, Dadusicka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Marmarin

    Marmarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    6.918
    Пол:
    Женски
    Еден пример како не сакам да ми е бракот со мм е татко ми, тој од секогаш чекаше од мајка ми сѐ да му намести под ред, а тој буквално ништо не правеше освен шо одеше на работа, така мајка му го научила и така си тера цел живот. Истото го гледам и сега, свекор ми ни ручек не си става сам, ја чека жена му да му тури. :|
    Мм пак од друга страна е сосем различен. Неговите работи сам си ги средува, знае да направи вечера, да го заспие бебето и слично. Единствено шо не сака да прави е да пегла. :D
    Засега сме во заедница и најчесто јас и свекрва ми средуваме, ама знам дека кога би живееле посебно нема да имам маж како шо викате паразит. Едноставно не е таков да чека се од мене, а тој само да лежи.
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, CaraMia и 2 други им се допаѓа ова.