Си враќам филм кога почнавме да живееме со мм, тогаш уште бевме дечко и девојка, брак ни на повидок Од прв ден почна сам да си зема некои обврски околу домаќинството. На моја среќа, омилено му беше да мие садови А ете, мајка му никогаш не му дозволувала да сработи нешто, затоа што жената смета дека е дете и дека е машко, не е тоа негова работа (зборувам за момачкиот живот претходно). Сега покрај мене имам сопруг кој комплетно ги презеде сите обврски во домаќинството од чистење до готвење, бањање дете и останато, затоа што јас сум веќе 5 месеци на боледување. Без збор да му кажам и без негодувања од негова страна. Жал ми е кога го гледам уморен од работа и дома пак продолжува со исто темпо, но сакам да знае колку го ценам тоа и секој ден му го кажувам. Како и да е, сѐ зависи и до човекот и неговата свест, не се само навиките во прашање.
Околу детето одговорноста најмногу е моја. Заедно ја бањаме, неколку пати ја има пресоблечено, ја игра и занимава кога имам работа. Меѓутоа за домот ми помага што и да речам. Дали садови миење, пружање алишта на жица и диплење, усисување, јадење нешто да направи. Разбирам јас дека и тој е уморен, не му е лесна воопшто работата, ама најмногу се лутам што околу детето не научи некои работи да ги прави.
Не ми е јасен поимот " ми помага " ! Што помага? Каде пишува дека обврските околу домот се на жената, мажот ако се смилува па да помогне. Кога еднаш ќе разберете дека ако работи по дома ништо не ви помага на вас лично? Никој на никого не помага, секој ја извршува својата обврска во домот и брачната заедница. Ако мм работи по дома или чува дете, не сметам дека нешто ми помага, да не треба фала да му кажам на помошта? Шо треба јас на работа, дома, дете, чистење, перење, пеглање, а мажот само работа и пред ТВ раскостен цел ден, е мало морген. И свекорот е таков легач, па мм нема благе везе со него. Се е како ќе се поставиме ние и до каде ќе им дозволиме да одат со однесувањето.
Кај нас пример, маж ми најчесто спрема јадења Ептен го бива и сака да е во кујна. Многу сака чисто и тој самиот ни мења постелнина, додека јас сум со правосмукалката тој иде по мене со џогерот.Околу бебето исто ни се поделени обврските и ги вршиме со задоволство. Досега свекрва ми не ми кажала "земи снао среди ова" туку земете средете, побрзи сте двајцата
Зошто постои брак помеѓу партнерите кога во истиот постои нееднаквост? Што ве одржува да сте заедно? Тоа што едниот лежи другиот како амал работи се? Ниту е срамота маж да зготви или да чисти, ниту е срамота жена сијалица да замени.
ретко кој маж може ова да го разбере. Јас најпрво што помислувам при вакви случаи е дека детево треба да си го научам со тек на време цел живот дека треба да се работи без резлика што е машко. Утре недај боже ќе ми се случи мене нешто па прво за себе ќе не можат да се снајдат а не па мене да ме гледаат. За маж ми да го учам немам намера можам само да го натерам да осети. Бившиот дечко се работеше дома. Повеќе од жена. Му имам речено ти ако си олку вреден што ќе ти е да се жениш ми рече јас ко ќе се женам дома жена ќе донесам а не слугинка. Можеби поради тоа требаше него да си го изберам за маж
Мене никој не ме учеше на тоа дека работите не се делат по дома, напротив, моите сеуште си делат машки и женски работи дома како на пример перење, готвење, косење трева, секој си знае што треба. Таткоми има навика и гладен цел ден да седи ако на мајками и излегла некоја работа па не успеала да зготви. Мене не ми е проблем ниту да зготвам, ниту да пуштам веш-машина, ниту да си ја исчистам собата. За мене тоа е плус, бидејќи не се знае што ме чека утре. Ништо нема срамно во тоа. Мислам дека овие работи што би рекле народски теле може да ги научи, вол не така да грешките и пропустите нема да ги направат вашите деца ако ги направил твојот или нечиј партнер.
Не сфаќам како опстојуваат оние бракови каде што мажот си го прчи цело време. Јас не трпам така. Обврските се подеднакви. Се знае дека ако јас не можам, он ќе зготви, ќе исчисти, и др. И на мене еден период ми викаше - Зошто сум се женел? Му одржав лекција па веќе не му текна да ми рече такво нешто.
Работите ни се поделени на кој стигне тоа прави. Готвење, средување алишта, прашина и џогирање.. нема машки и женски работи кај нас, има само обврски кои мора да се завршат од нас двајцата.
Мм не е по готвењето кога не можам јас, ама затоа не прибира. Се случува за ручек да јадеме што најдеме во фрижидер. Не секогаш готвам. Ама за усисување и џогирање, тука еА има некои мажи секој ден бараат манџи, демек не е ручек ако не затропа лажица на маса и жените им слугуваат на некој начин, мора салата да мези, ракиче. Жената трча да му удоволи, а мажот си седи и си го прчи. Демек ако принесе и он, рака ќе му се исуши.
Другарка моја има мрзлив маж. Дома кога е цело време е плеснат во кревет и чека да му слугуваш. Го мрзи и вода да стане да си земе. Не знам како го трпи. Јас не трпам некој да ме третира како слугинка.
За жал ги има многу вакви, а на жените како да им се крши духот па немаат смелост да зуцнат. Знам за примери од околина што не само на мажите им слугуваат туку и на неговите родители, браќа, сестри.. жално е навистина, животот во готвење и чистење го поминуваат, бидејќи не останува време за многу кога мораш да прибираш после толкава фамилија секојдневно. Мене баба ми се трудеше да ме научи дека морам да чистам, дека морам да слушам постари иако очигледно не се во право, мора, мора, мора бидејќи сум женско. Yeah, right.
Летото бев на одмор и таму имаше хотели и како кампови ние беме во хотел друштво и тие кампови беа некако на плажа близу и секој ден кога миневме од там кај еден камп мажот си викнал другари надвор ракија мезе жената му пренесува он испружив стомаккако во девети месец, на жената лицето тажно и тоа ли е одмор?
Секогаш сум за поделување на обврските во бракот, колку-толку.Здравје Боже кога ќе сум мажена еден ден сакам да ги поделиме обврските со мажот ми.Бар да знае да усисава, пегла, да зготви нешто и да пушти машина.За другото можам и сама уште од мала имам створено навика да средувам позади себе. И кај мене дома исто како кај Дримгрл се поделени обврските.Мама цел ден е дома ама татко ми понекогаш усисува, пегла кошули, џогира или прави јадење (колку што знае де ).Заедно ги делиме сите 3ца обврските и на сите ни е полесно.И јас помагам колку можам.Мноогу ми се бедни мислењата дека жената треба се да завршува по дома а мажот на ајнцер да добива се, значи НЕ, не и не!И моите деца ќе ги воспитувам така.Не барам од маж ми да ја чисти WC школката или да ми го пере долниот веш, ама нема да му паднат рацете ако помогне малку.У спротивном ако се се чека на мене, господинот сигурно знае сам да си го спакува куферот и да се врати од таму каде што го воспитале така .
Ние живееме сами,јас сум невработена го чувам детето бидејќи нема кој друг,само тој оди на работа. Кога ќе си дојде очекувам само едно од него-да помине време со детето,за јас да можам да завршам се низ дома. Готвам,чистам,перам,пеглам секој ден и немам никаква замерка за тоа.Ете тоа ми е земено за обврска бидејќи така се чувствувам еднакво со него. Кога ќе тргнам на работа,тогаш ќе ги делиме и домашните обврски. Само околу детето мораме и двајцата,тоа дете има и мајка и татко,нормално.
Јас не работам го чувам малото, мм работи и тука и во странство оди многу често. Во однос на домашните обврски поголемиот дел се на мене, не дека не сака туку нема време кога, кога ке дојде од работа синко му се лепи и не го пушта да мрдне а и преморен е иако не го покажува тоа. Заедно го бањаме детето, го облакаме, средуваме, шетаме, он е задолжем за сечење ноктиња За викенди па и оние денови преку неделата кога е слободен станува порано и оди пазари и си спрема за доручек ( за мене не спрема на диета сум па овошје појадувам, ама кога не бев спремаше) додека јас и синко спиеме. Не ме буди за да му спремам ко татко ми што ја буди мајка ми или свекор ми свекрвава, поготово свекор ми е недај ти боже, ај ке речеш стар човек ама претерува, едно јадење , едно танирче не знае или не сака да си принесе, се од неа чека, многу лошо го научила, па и на стари години ја гњави, инаку вака е многу добар човек ама ова му е голема маана. Во однос на чистењето по дома откако прооде и потпорасна малово многу не се замарам околу чистењето. Денес чистам се , утре гледам прсти на прозорите, на столиците, трошки насекаде Кога ке се вработам и јас, е тогаш ке е малку поинаку ке си чисти и он море и синко да потпорасне ке го учам да чисти, иако и сега зима крпче па демек брише подот или комодата
Во брак/ врска каде што партнерите живеат заедно, ако двајцата работат, не гледам зошто жената треба да средува се, а мажот да помага. Ако едниот партнер е невработен, логично дека ќе ги завршува поголемиот дел од домашните обврски. Не би била никогаш во врска или брак со поинакви правила, и не би почнала ништо со никој што размислува поинаку.