Сите постови се со мм помага по дома, чисти, пере, готви ама никаде не прочитав косилка земам и косам трева или цепам дрва, менувам сијалица, менувам сама гума на кола итн, значи кога зборуваме за поделени обрски зборуваме само за оние кои се рачунаат само за женски обвсрски така да пак не станува збор за еднакво поделени обврски. Мене лично многу ме нервира кога ние жените сами се понижуваме и на жена што седи дома гледаме како на потсмев, као за греота, глупа итн. Секоја си знае зошто седи дома, може не може да најде работа, може има доволно финансии и сака да се посвети на семејството, може не и се дозволува да работи итн. Јас со второто дете додека бев на породилно останав бремена со третото и решив дома да си седам да си гледам децата, три мали деца не сакав да ги влечкам по градинки, имавме доволно финансии и многу ме нервираа прашањата кога на работа, као дома со три малтене бебиња си ја држам цел ден. Пркнаа малку деЦите, ме бараа назад на работа, избрав да работам само ноќна смена за да сум дома со нив преку ден, не ни знаат дека работам, одам кога спијат, стигнувам дома да ги испратам на училиште, забавиште, градинка, не им фалам воопшто. Мм работи смени од 24 и 12 ама кога е дома се работи, со трите деца си зема породилно што му следува како татко, со првото 2 недели, со второто 4 недели а со третото 8 недели, се работеше низ дома, мое беше само да ги надојам. Сега кој е понаспан, свеж тој работи, ручек спрема, се чисти само преку неделата, викендите се за шетање, посветување на семејството, сијалица не го чекам да смени сама си менувам, косам трева кога нема време мм или си плаќам човекодзатнувам одвод, менувам гуми, бушони кога имаше и тоа.
За машки работи он е задолжен. Не ме бива за менување сијалици, кречење, одзатнување, и сл. Имаше период кога требаше со денови да го чекам да заврши некоја од овие работи, ама му го дотерав умот. Јас да одам на работа, а он да чека јас да ги извршувам сите обврски, мало сутра. Па и јас имам душа.
Не се работи за х причини , некогаш наидуваме на ситуација кога имаме присутна желба за вработување, ама од определени причини не можеме да ја реализираме. И јас од х причини бев невработена долго време..... Се работи за тоа што жените не сакаат да работаат , оти нивниот став е дека жената е за дома, а мажот е тој кој што носи пари , жената трба да му служи на мажот..... Е истите тие се потсмеваат доколку мажот учествува рамноправно во домашните обврски и жената што оди на работа. Едно е да имаш желба да работиш, но заради определена причина да не можеш, а друго е да не сакаш да слушнеш за работа , а и мажот исто така, оти местото на жената е дома да служи на мажот, куќата и децата. Ако на нив не треба да им се потсмева и тие не треба да се потсмеваат на оние кои одлучиле да живеат различно од нив. Жално но вистинито е дека постојат неандерталски видови на мажи и жени, а живеат во модерна доба. Освен тоа, не ми е јасно што сакаш да кажеш со тоа " може не и дозволуваат", од кого треба да бара дозвола за да работи, од маж, свеекор, свекрва, мајка, татко, од кого? Едит: Ааа и да, на нас вработените, истите тие особи ни ги сожалуваат децата оти сме ги шуткале по градинки, не биле прибрани дома и немале доволно родителска љубов. А истите тие деца шуткани по градинки и без љубов, се далеку повоспитани и покултурни, за разлика од нивните деца облеани со љубов и внимание, од кои не можеш едно кафе да испиеш и еден муабет да сврзеш од пискање, врескање, трескање по маси и столици и трескање вулгарности, пипкање по кафиња и тањири од гостите и.т.н ( не зборам генерално, зборан за примери од некои пријатели што погоре ги посочив).
Утре кога ќе се оженам за мене нема проблем да вршам домаќински работи (перење, чистење, пеглање, готвење, итн.) за мене ова е нормално, и се разбира јас кога ќе извршувам домаќински работи, не го правам тоа за комшиите туку за семејството, не сум јас на хотел по дома... И' пројде времето на старата поговорка: ,,Тато носи, мама меси." А и мене не ми е јасно како може некои жени да се омажат за мажи паразити, и да ги трпат... Е тоа е изгледа ,,љубов" а љубовта боли...
Јас сум домаќинка, не одам на работа и сигурно нема да чекам мажот ми да си дојде од работа прекапан за да ги измие садовите или усиса,иако се случувало и тоа. Затоа пишав назад дека ми помага околу домаќинските работи. Кога ќе почнам да работам тогаш ќе си ги делеме обврските. Не знам што има лошо во тоа ако некоја пише дека мажот и помага дома. Он па кога цепе дрва, менува сијалица или поправа нешто јас воопшто не му ни помагам, а би требало дека сме еднакви нели.
Добро де друг ми беше муабетот. Денеска ако сакам и кога сакам можам да направам ручок или вечера и да исчистам, ама он мора да оде на работа за да не му скинат дневница, од неговата плата живееме моментално. Не е во ред кога ќе си дојде од работа прекапан дома ручек да прави или усиса, а јас цел ден дома. И јас не би сакала да сум на негово место.