Независна листа за изборите во Април

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fans, 6 јануари 2020.

  1. fans

    fans Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Група граѓани планираме да истакнеме независна листа за изборите во Април во ИЕ 5 и ИЕ 4,ако има заинтересирани кои би сакале да се вклучат, слободно пишете во порака.
    За да не има да избори, прво треба да се соберат околу 1000 потписи.

    На претходните избори адвокатката, Оливера Доцевска од Куманово имаше своја листа, но не собра доволно потписи, и фалеа околу 300.

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...i-za-pratenitsi-obvini-advokatkata-dotsevska/

    [​IMG]


    Адвокатката Оливера Доцевска од Куманово, која започна постапка за собирање на потписи за независна листа пратеници во втората изборна единица за изборите на 11 декември, бара од Државната изборна комисија да го продолжи рокот за собирање на 1.000 потписи. Доцевска ја обвинува Комисијата дека им направила голема штета на независните кандидати, поради тоа што го скратила законскиот рок за пет дена, па сега високата бројка што ја предвидел законот за нив е невозможна мисија.


    [​IMG]
    „Поради тоа што се работи за вонредни избори, рокот од 15 дена го скратија на 10 дена. Мислам дека е многу неправедно да се скрати законскиот рок и затоа поднесов барање за продолжување за уште 5 дена. Бараме колку толку фер рок, иако и 15 дена е премногу кратко време, заради овозможување на нормални услови, фер и рамноправност со другите листи на кандидати од политички партии“, вели Доцевска, која претставува група избирачи и листа независни кандидати за ИЕ 2 и вчера со свои поддржувачи беше пред ДИК да ги информира граѓаните каде се оставаат потписи.

    Таа се уште не добила одговор од ДИК дали ќе се прифати нејзиното барање, но се надева на позитивен одговор. Во спротивно не е оптимист на позитивен исход, бидејќи и останале уште два дена за викенд да ги собере потписите.


    Во изминатите три дена Доцевска успејала да собере околу 400 потписи во Куманово, а постапката се води и во скопските општини кои спаѓаат во втората изборна единица.