Неколку часа пред одлука, што да правам?

Дискусија во 'Брак' започната од ovinozito, 1 март 2015.

  1. ovinozito

    ovinozito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Ке се обидам да бидам краток оти не сум спиен. Пред две години се оженив (јас 24 она 20) моментално имам керка која пред една недела наполни една година. Ке ве молам за совет... Ситуацијата е ваква. Одкога се роди керка ми после неколку недели жена ми на среде нок сред зима замина кај мајка и во друг град ( родителите и се разведени а она живеела со баба и и дедо и ) Немаше никаква кавга ниту расправија предходно ниту па причина за тоа. Сабајлината целот потресен отидов со моите да видам што е работата ( според нејзе причина било зошто јас не сум ја пуштал секоја недела да оди кај мајка и) јас ја пуштав двапати во месецот. после тоа сите овие месеци тешко ни одеше. Јас за се и попуштав само да нема проблеми во иднина. јас ниту пушам, ниту пијам, ниту се коцкам ниту ја тепам одам на работа само и рмбам како вол да донемсам дома за јадење и пиење да има а она пред два дена среде бел ден замина со ислкучен телефон и ја снема. Цела нок не сум спиен ниту јас ниту сите роднини и родители, звонев илјада пати цела нок до сабајле и сабајле наместо (телефонскиот број не е достапен) слушнав (телефонски позив није доступан). срцево ми застана... КАКО МОЖЕШЕ ДА ЈА ОСТАВИ КЕРКА СИ И ДА ЗАМИНЕ НАДВОР ОД ДРЖАВАВА... денеска нејзините ја најдоа и ја вратија назад. Причина затоа што пред една ден ми кажаа дека ја виделе како излегува од мерцедес " toj e prijatel na tato zar ti ne mi veruvas" а јас и реков " ti veruvam srce samo nemoj taka sto ke recat tie sto ke te vidat, gradov e mal i ke ni se smejat a baska i registracijata e od drug grad zatoa drugpat kaj i da odis fani si taksi" Сопред одва она ЗАМИНАЛА оти сум немал доверба... па јас ако немав доверба немаше да ја оставм сама да оди кај што сака оти јас нема доволно време преку ден работам. Не ми е јасно КАКО МОЖЕ ДА МИ ГО НАПРАВИ ОВА.
    Целот разговор од првиот пат го што беше во собата го имам снимено и според тоа што она го кажува и што го направи и стпоред тоа што се се случи детето ке ми припадне мене но мене ме мачи дали да се разведам или не атер за детето да не расте без мајка Но ме плаши ако остане утре пак да не ми замине со детото ... ја сакам многу и жал ми многу за неа и секогаш и попуштав за се и сешто и низ се прогледав дали да ја вратам или да се разведам?
     
    На zanusi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.883
    Според ова што го напиша воопшто не ми делува дека жена ти е стабилна личност, а најмалку пак ми остава впечаток дека е подготвена на семеен живот. Напуштила бебе од неколку недели, а ти сеуште веруваш дека има надеж за вас, притоа заминувајќи во друга држава?! Размисли добро, одлуката само ти може да ја донесеш, без сугерирања од страна.
     
    Последна измена: 1 март 2015
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    45.484
    Ne brzaj so razvod radi deteto, pocekaj uste malku razgovaraj kakov problem ima sto isceznuva taka posto sekako nee vo red toa. A dokolku prodolzi so raspravi I beganje e togas moze da razmislis za razvod, zosto sepak ste mladi a I deteto ke bide razocarano da bide so razvedeni roditeli uste sega no koga se mora se mora. Razmisli ubavo razgovarajte I isto razgovaraj so roditelite.Pozdrav se najubavo.
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Ke razberam se, ama majka da napusti dete NE. Za nisto i za nikoj na svetov...Ti treba eden seriozen muabet vo 4 oci so nea, barem kako luge da ja zavrsite ovaa farsa od vrska. Zena ti e dosta mlada, neznaci deka nema da se smeni, no sega za sega taka stojat rabotite. Ako nema nekakva pricina od tvoja strana sto bi ja nateralo na takov poteg...ako nea samoinicijativno taka i teknuva da bega vo sred nok,vo sred den, preku granici...a povtoruvam ti nemas nikakva krivica za toa...ondak se znae koe e resenieto. Razdelete si se, zemi si go deteto i zastiti go od ponatamosni traumi, zdravje,mlad si, ke si najdes ponatamu nekoja srodna dusa. Pozdrav
     
    На SimonaTino и angelche16 им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.949
    Пол:
    Женски
    На форумов не очекувај помош околу таков проблем, зашто навистина не е мал проблемот. Ти треба да си размислиш добро зашто вака од едно читање не може некој да ти го одреди животот.
    Млади сте и двајцата, нормално дека таа сака да шета и да запознава нови луѓе.
    Сигурно сите нејзини пријателки студираат по други градови, држави, шетаат, менуваат дечковци.....но од друга страна таа самоволно се одлучила да стапи во брак толку рано и да роди дете. Така да, тешко е човек да одбере една страна. Најдобро зборни со твоите родители и заедно одлучете што ќе правите, а пак ќе речам на форумот тешко некој да ти каже правилно.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.326
    Пол:
    Женски
    Ние тука можеме да ти дадеме само мислење, одлуката секако треба да си ја донесиш сам.
    Јас мислам дека сепак има причина некаква поради која жена ти така изреагирала.
    И зошто си даваш неколку часа за одлука? Па вакви одлуки не би требало да се донесуваат со избрзување.
    Застани малце. Смири се. Седнете со мирно разговарајте, разговарај со твојата фамилија, нејзината...
    Иако мислам дека како мајка што и да била причината не смеела така да си го остави детето, а посебно и без кажување и исклучени телефони итн... Добро размисли, како велат два пати мери еднаш сечи. Да не се каеш подоцна за донесената одлука.

    Доколку решиш да се разведиш од жената, најискрено те молам да бидиш таму за ќеркичката во секој момент од нејзиниот живот! Ќе му требаш многу. Ова доаѓа од девојка со лош пример за татко! Подобро да си разведен и добар родител, од колку да сте во присилна заедница со кавги, неслога итн.
    Среќно!
     
    На Dust, tessie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    117.789
    Пол:
    Женски
    A kade toa devojceto koe pri toa ima i dete se seta so prijatel na tato? Se setas ti so prijatelki na majka ti? Izvini vaka ama sred vakov problem ti da dremis na forum ili trolas ili se epten golem mekus. Ne si valjda budala ti da rabotis cel den ona da si lezi i na kraj da si prai ekskurzii i da se vraka koga ce i tekne. Pa ne bila iziveana mlada bila??? Ne bila iskurcana dovolno? Pa ne e ni prva ni posledna mlada so se omazila ako i se kurcalo uste so se omazila? Izvini za grubiot recnik ama taka e!
     
    На Hipica, SimonaTino, TIGARCE86 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ovinozito

    ovinozito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Си викам и се тешам ајде ке се смени. Многу ми е жал за нејзе затоа што и она живеела без без родители, само со баба и и дедо и кој најверојатно и допуштале се во животот. Немало кој да ја советува правилно и кој да ја насочи во животот. Се каам од една страна што и попуштав до сега, се плашам од друга страна дека ако ја вратам она нема да се смени и нареден пат можеби ке ми го земе и детето и нема да ја најдам. Нешто што е лошо скроено не се менува тоа е вистина но лажно се тешам дека ке се смени. Детето можам и сам да го изгледам со помош на сестра ми (24год) мајка ми и татко ми који ме советува да ја оставам и дека дека детото нетреба да живее со таква мајка а истото и ми го рече и психологот од социјалното некна кога бев за совет. Дури психологот се чудеше зошто сум уште сонеа. Јас неможам да се поправам... станав 55кг на 170см и внатрешно за неправди се нервирам и трпам... трпам во интерес за детето да не расте без мајка. Бев будала што платив царски рез во Св. Лазар во Скопје, што за сите предни заби платив многу скапо да и наместат вештачки... бев будала за многу работи но сепак имам чуства и жал ми е занеа но тоа е тоа. Знам дека форумов нема да ми помогне многу но кога ке прочитам дека е подобро да се разведам ми давате некако сила и волја да продолжам.Тешко ми е за керка ми уште "mama" не рекла а ова да и се случи... Се надевам дека можеби сам со керка ми ке го претриме ова... а како ке биде понатаму ке видам... време ке каже. Останува денеска кога ке дојде да се врати кај мене да и бидам цврст и да одлучам
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.816
    Пол:
    Женски
    Прочита разни совети , нема да кажам ништо поразлично и јас од другите , но морав да напишам. Види вака , двајцата сте релативно млади , а посебно таа, ти си имаш работа, се мешаш со луѓе , а таа може и не била спремна на 20 години да седи дома да гледа бебе , не ја оправдувам воопшто, само познавам многу вакви случаеви што како твојата жена си одат и ги напуштаат децата без трошка совест, земи разговарај со неа , дај и малку време , ако се промени во ред, ама ако продолжи по старо , разведете се , нека не расти детето во кавги, не губи надеж ти што и да биде, детето ќе биде со тебе а ти погрижи се да му бидеш добар Татко, и ништо не решаваш со тоа што не јадеш и слабееш , биди татко за пример не знаеш натаму какви работи доаѓаат, ќе ти посочам еден пример од мои познаници , и тие се зедоа млади и си имаа 4 деца на брзо , и жената ги остави сите без да и трепне око, а таткото беше тој кој сега е со нив и ги гледа со помош на родителите негови,и знаеш што му рекла на сопругот кога се разведија , сакам да уживам сама , ќе се вратам на старост кај тебе , не ме чуди и твојата да го планира тоа , но да не зборуваме однапред , сега посвети се на детето и сам донеси одлука која мислиш дека е нај исправна , и те замолувам уште еднаш не си го уништувај животот со нејадење и депресии..поздрав и брзо решавање на ситуацијата.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    6.369
    Пол:
    Женски
    @ovinozito Според ова што го прочитав единствено што добив впечаток за твојата сопруга е крајно лабилна и нестаилна личност...Тоа што на среде ноќ без никаков разговор си заминала од дома и го напуштила детето на прво место па и тебе според мене НЕ ПОСТОИ НИКАКОВ ИЗГОВОР,во ваква личност неможиш да веруваш и да го довериш твоето дете...Како тоа со цел памет,заминува бега,па ја напушта државата па ја гледат како излегува од кола на некој маж,обаја во буквална смисла незнај кај тера...Едвај сте ја пронашле, а неа око е му трепнува да се ја ви и да праша како е нејзиното дете сериозно?жива катастрофа...
    Јас спрема неа не би имал ни најмалку милост и не ти да ја молиш туку со вакви постапки таја треба да те моли за да се врати назад,да се замисли што направи и да се потруди да му простиш и да се поправи...
    Се согласувам дека до некаде не треба да избрзваш,но штом твоите те советуват да се разведиш сигурна сум дека има некои поголеми работи и од ова што го направила а и понатаму никогаш 100%не би можел да ја довериш твојата ќерка на ваква нестабилна личност...Не е работата во брак да се муртиме и кога ќе ни текни да се спаковаме и да си одиме кај родителите,па во брак треба компромис и разбирање,неможи ти секогаш да попушташ за да нема кавги таја да си тера по свое,а проблемите само под тепих ќе ги туркаме,мн.си згрешил што постојано си попуштал,гледаш тоа те доведе до степен таја на глава да ти се качи,а и според ова имам впечаток дека таја не била воопшто созреана за брак и сега се гледат последиците...Твоја е одлуката не избрзвај но размисли понатаму во животот дали воопшто би имал доверба во ваква личност...А сигурна сум дека ја немаш ни сега.Тоа што има 20 год.и ако му требало забава не е изговор за ништо,можела да разговара со тебе детето да го почува сестрати или твоите родители па вие малку да излезите да се дружите за све постои начин...
    Тоа што си и плаќал и правел во бракот не е за кажување тоа се ваши работи и во брак се дели све нормално за тоа не си бил будала,и не размислувај на таков начин... Тоа што немала семејство таја не е изговор за нејзините постапки напротив,треба сега да цени што таја има нејзино семејство и да го чува но тоа не е случај кај вас...Подобро еднаш да поминиш тежок период отколку одново и одново само да се нервираш добро размислиси...
     
    Последна измена: 2 март 2015
    На SimonaTino, TIGARCE86, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    3.098
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека треба да и` дадеш уште една шанса на твојата сопруга. Иако неверството ни по светото Евангелие не се простува. Во меѓувреме разговарај со адвокат, за да ти каже какви докази треба да собереш за да можеш да го добиеш старателството врз детето, по евентуалниот развод. Ако и сега имаш доволно докази можеш уште одма да се разведиш.
    И уште нешто забележав, пишуваш ќе го гледам детето со помош на родителите и сестрата. Извини, ама кој ти дава право да ја врзуваш сестра ти за глупостите што ги правите со сопруга ти??? Немој да бидеш себичен и да и` го уништуваш животот! Гледај да го средиш овој проблем со своите родители и сопруга ти. Сестра ти немаш ни потреба ни право да ја мешаш.
     
    На okcenzi, Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Јас што ќе кажам другар, може нема да сакаш да прочиташ.

    Бидејќи жената не е овде да си каже за себе, нема смисла никој да ја етикетира со нестабилна или ваква или онаква. Јас ќе ти кажам што видов во тоа што го прочитав, за да те советувам тебе.

    Жена не е сопственост на маж. Маж не е сопственост на жена. Во брак каде едниот партнер си даде за слобода да врзува некого на таков начин, тој брак не цвета. Некои опстојуваат, поради деца, поради несигурност, поради страв, поради изговори...
    Ти си ја пуштал жена ти да оди кај мајка и, колку пати ти сакаш. Ај седни и размисли така подобро, што се друго ти имаш одлучено за неа дека треба да прави, кога да прави и колку, каде смее да оди, со кого, на колку време. Знаеш, такви ситници.
    Жена ти ти рекла, сакала да имаш доверба во неа. Ја имаш обвинувано за нешто низ годиниве додека сте заедно без некоја основа? Велиш ја оставаш сама да оди каде сака оти немаш време, одиш на работа. За што немаш време? Да и го следиш секој чекор? Првата реакција кога сте отиделе да разговарате ти си ја снимал! Знае ли таа дека си ја снимал? Зошто си ја снимал? Не те прашувам, сам на себе одговори си ги овие прашања.

    Од друга страна, да, можеби девојката не е дорастена да земе сериозно и брак и деца, може да и се шета, да и мрда газот, ама еве, не знам за неа ништо, освен што според тебе е разгалена растена од баба и дедо, со тоа е „лошо скроена„ , што си ја декорирал со скапи предни заби, ко да си залепил скапи тапети во дневна, и што си платил за царски рез, кој луксуз си и го подарил да не се мачи да раѓа снаава, од која излегло твое дете. Видиш ли дека гледаш предмет за своја потреба во женава, додека ти имаш корист?

    Ја имаш ли прашано неа што сака? Дали сака да се врати, да пробате да најдете заеднички јазик за двајцата, или ако решите дека не ви оди да се договорите да се разведете како луѓе. Или и за ова само ти одлучуваш како треба да биде? Пак, овие прашања се за сам да си ги одговориш на себе.
     
    На okcenzi, kukla21, Marossa и 13 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    75.475
    Пол:
    Женски
    Јас имам впечаток дека ти не кажа се.Прво сте се земале млади ,зошто?Од љубов?Или бременоста била причина?Второ,никаде не прочитав дека пишуваш за нејзините чувства спрема тебе и твоите спрема неа.Во тоа не го вклучувам правењето заби и слично кое особено грубо ми звучеше.Трето спомнуваш дека си ја пуштал кај нејзините два пати месечно .Тоа мене ми изгледа како барање на посебна дозвола.А никој не сака да моли за една толку едноставна работа како што е посета.Можеби ќе сака еднаш во месецот или ниеднаш,ама тоа да биде нејзин избор.
    Ова се можните причини зошто таа избегала.
    Е сега,кога е веќе направено што е направено,симнување од кола,преку кое ти поминуваш ноншалантно,или заминување во друга држава а оставање на бебе,зборува доволно за неа.Не е овде проблемот дали ти ќе ја оставиш или не,проблемот е дали можеш да преминеш преку се и да и простиш.Некои работи верувај никогаш не се забораваат,па колку и да ги потиснуваш во себе.Ствараат чувство на гнев и бес ,не знам колку си спремен да излезеш со тоа накрај.
    Уште нешто ми падна на памет.Како стои таа како личност.Дали можеби страда/ла од постпородилна депресија.Дали ти и помогна да се носи со улогата на мајка или велиш дека си работел многу и не си и обрнувал многу внимание.
    Ова е последица на заедничкото однесување.
    Е сега ,дали ти сакаш да успее бракот.Искрено ,без навреда,освем детенцето кое е меѓу вас,не гледам дека сте се труделе да опстане бракот и не гледам и друга причина зошто да опстане ако таа при нормална свест и памет така се однесува.Можеш да разговараш со неа,да оставиш малку да помине време и да и дадеш до знаење дека не си спремен да поминеш преку се.Или можеби си?Одговорот ти го знаеш.
     
    На tessie, imelda, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    106.096
    Пол:
    Женски
    Она е млада, не искусена и бракот за неа со тебе бил пребрз.
    Таа не знае што значи да воспитуваш дете, бидејќи и самата е дете.
    Пребрзо сте се земале, јас не осудувам никого, ова си е мој став.
    Брзате и се каете после се случуваат глупости. Ова е доста сериозно, не е за играње.
    Дури и жалосно е. Така жена не ти се менува брате мој.
    20 години има. Таа отишла во друга држава со друг маж,демек пријател на татко и, а дома има дете за чување, нити те прашала нити размислила за последиците.
    За неа се е тоа ново и интересно.
    Јас би те советувала да размислиш убаво, да ја оставиш љубовта на страна колку и да ја сакаш, а ја сакаш таа тоа не го цени се гледа по кажаново,согледај ги сите факти од двете страна и доколку ја увидиш нејзината ладнокрвност и повторно ги прави истите постапки тогаш разведи се. Бидејќи таква жена дете не ти воспитува, детето со тебе нека е.
    Жално е што ќе расте без мајка,но подобро да е со тебе, пошто гледам дека не е стабилна личност.
    Тоа е мое мислење.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    73
    @ovinozito бидејки се работи за сериозен проблем, јас би ти препорачала да си седнеш ти САМ, без влијание од твоите, без некој да ти труби над глава и размислувај си. Значи земи предвид дека секој брак има помали или поголеми проблеми. Немој да мислиш дека ти си првиот кој што се соочува со вакво нешто. Сум видела, сум слушнала уште многу полоши работи!

    Неможев да те сфатам, како тоа и дозволуваш да оди кај нејзините два пати месечно.. Тоа за мене е неприфатливо.. Ти можеш да бидеш светец од гледна точка што не пиеш,пушиш, што не се коцкаш или што не си курвар, но тоа не те прави идеалниот сопруг. За еден брак да опстои си треба навистина труд и работа околу него.

    Следно: По која основа немаш доверба во женати?? Имаш слушнато муабети за неа лоши? Што? Значи знам дека без доверба и компромис ништо не се прави. Ама во бракот треба да се влезе со доверба а не со недоверба. А тоа што можеби си шврљала со чиченце некој, хмм за тоа имам два одговора: Или е материјална курвештија или се чувствува запоставено од тебе, па си бара емотивно, психичко и физичко поврзување со друг... Јас знам дека жена претежно изневерува бидејки е несреќна во својот брак. Се разбира постојат и оној тип на жени курвештии..

    Ние овде ја прочитавме твојата приказна.. нејзината НЕ, дефинитивно се сложувам со тоа дека оставајки си го детето туку така, ја покажува дефинитивно како несоодветна мајка. Искрено знам мајки кои поминувале буквално низ пекол, но детето не си го напуштаат. А можеби од друга страна намерно си отишла, за да ти покаже дека можеби веќе и е скиснато од тоа да биде несреќна..

    Незнам од која причина сте се земале толку млади, ама претпоставувам дека останала трудна.. Е сега можеби ти ја сакаш неа, ама можеби она не те сака тебе..

    Мојот совет е: разговор во 4 очи, без никој наоколу.. И да си ја прашаш искрено пред се:

    1. Дали те сака? Ама искрено да ти каже.. ако се сакате тогаш ќе ги надминете проблемите што и да се, ама доколку нема љубов ништо нема.

    2. Дали има друг? Иако незнам колку точно би ти одговорила на прашањето.. но биди подготвен на се. И едноставно според годините мислам и да има друг, не би ме изненадило.. Сепак е млада и можеби те сакала тебе, но повеќе не.. Се разбира за чичето, не ни доаѓа предвид.. т.е. ако ја земеш психологијата нејзина, растена без родители.. хмм се е можно.

    3. Дали вистински сака да остане со тебе и работите на бракот или да се разведете..?? Ако сака развод, можеш само да ја прашаш дали е 100% сигурна во тоа, доколку сака и покрај се, тогаш најдобро е да се разведете.. Но ако велиш дека е несоодветна мајка тогаш најдобро ќе ти биде да си се бориш за детето.. Се разбира да си има она пристап до детето кога сака.. Со ништо не го оправдувам чинот што си заминала, ако сакала да прекине со тебе, требала да каже, да отиде да си побара развод и судот 100% ќе и го доделеше детето на неа, но ова што го направила, незнам баш..

    Доколку на крај ти рече дека сака да проба повторно, јас би и дала втора шанса, но довербата твоја мора да биде поголема, и да нема забранувања за незнам што таму.. Убаво си и рекол дека нема што да се пика во туѓи коли.. Значи мора да го најдете заедничкиот јазик и да има обостран компромис. Доколку повторно приметиш дека ти се попушташ, разговорајте, со разговор се се постигнува.. Едноставно пази од една страна да не бидеш слеп и искористен или од друга страна да не бидеш индиректно диктатор.. Вие двајцата сте рамноправни во бракот!!!

    Разговарај со неа! Не се врти овде да читаш нечии мислења бидејки ти си знаеш најдобро како е.. и немој само да бидеш субјективен, гледај ги работите од двете страни, така најдобро ќе дојдете до заедничко решение!
     
    На cresa-jagoda, MaryAntoaneta, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.588
    Пол:
    Женски
    Во право си, како може мајката да го напушти детето од една година еејјј, малку ум треба да има :fubar::fubar::fubar:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    73
    И луѓе јас едно нешто ќе кажам само, гледам коментари од типот, разведи се, земи си го детето.. Значи пред се треба да се види работата, дали може да се поправи, пред да се растури. Еден брак да се растури е многу лесно, да се задржи е многу тешко.

    Немојте да сфатите дека и држам страна на девојкава што туку така си ја летнала.. но несакам да споделувам што СЕ ПОЛОШО сум видела и после толку проблеми луѓе останувале заедно и еве после долга борба стварно се среќни..

    Прво нека се потрудат уште еднаш барем да си дадат шанса, па сега ако не бива тоа е тоа.. Или ако разговараат и се решат уште од веднаш да се разведат ОК.. Но да не биде на крај да се замразат и да не сакаат очи да си видат, па да се трчка по судови, да се борат за детето.. Ако дојде до тоа, знаеме сите кај кој треба да остане детето. Не е туку така лесно, ај ќе се разведам и чао пријатно.. сепак ја сака.. Лесно е ние од страна да збориме, тешко е недај боже да се најдеш во таа состојба.
     
  18. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Ако е вистина ова што го пишува (не знам зошто ваквите приказни ми се сомнителни) не е добро веднаш да се пренесе теретот на машката страна само поради тоа што е машка :)
    Не знам како воопшто може некој да декорира девојка или сопруга, можеби грешам но не сум слушнал за случај некој да и нуди на сопругата царски рез и заби, нели е пологично тоа да биле нејзини желби?

    Ако во толку рана фаза на бракот ``и мрда газот`` и го напушта своето дете плус е недостапна на телефон, не знам за посериозен совет отколку да се консултира со адвокат и да си ги спреми документите.

    Повторно напоменувам во случај приказната да е точна а не само начин за виртуелна забава и глупирање.:)
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    6.369
    Пол:
    Женски
    Абе убо вие што му давате совет да разговара со неа во 4очи арно ама каде да ја најде жената пустото...
    Дали е во Мк дали е во друга држава или некаде со пријателот на таткому господ знај...Ама ќеркаму не ја тангира на безбедно ја остави битно, кој компромис можи да се прави со жената не ми е јасно...
    Сте виделе полошо а?а зошто и овај да дојде до тој степен како другите и да се справува со полоши работи?пак да попушти? проблемите под тепих да ги стави нека му прости,и како ништо да не било бре све заборавено и тука сите проблеми се решија само да има мир во куќата а ред јок не е битен...
    Алооо човекот можи не е совршен ама ви кажува дека рмба дење ноќе,и што треба тој парите да ги дава за корзирање по градовите?наместо да има пари за ќеркаму,и за тоа што е потребно па доволно е 2 пати месечно за посета што треба дома да одиме на секој 3 дена и така све ќе биди во ред глупости...
    Море се најдол мирен човекот му попуштал и му се качила на глава...Не не треба да му се мешат родителите во одлуката ни ние ама штом родителите му дават совет веднаш да се разведи сигурно имат посериозни проблеми инаку никој родител не сака детето да му е во таква ситуација што не ви е јасно...
    Апсолутно нема никаков изговор за жена која го напушта детето без око да му трепни притоа не се јавува да праша како е,а да не дискутираме за тоа што никој не знај каде била и што правела...
     
    На okcenzi, Rama, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Јас како што реков, прочитав што тој напишал, со моите очи, тоа видев, и таков совет му дадов. Не бирам јас машка и женска страна. Ама не прочитавте што напиша човеков?„Јас ја пуштам да оди кај мајка и два пати месечно. Јас бев будала кој и плаќа за скапи заби и за царски рез„. :?:

    Како не прочитавте дека таа отишла надвор од државата, и е видена како излегува од кола нечија, што маалски е еден заклучок за тоа но ајде, сепак, откако станала и си заминала од кај него?

    Игра жртва расфрлајќи се со бебето пред женски очи тука, не знам да ви објаснам како и колку е тоа типично, ама не му се секирајте. Ако жената го оставила детето без око да и трепне |( од што се тој плаши дека ќе и трепне одеднаш? Спремен е тој, еве веќе барал совети во социјално, поточно ја клеветел на рекорд, па снимања на телефон, кроење планови како сам ќе го изгледа детето.
    Инаку, :o: џабе вршиме празна слама. Крајниот рок за одлуката е поминат, која веројатно беше донесена уште и пред да постира човекот на темава. Ама нели (y):handshake: (highfive)

    Да не трескам ај. :e:
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, sanjaeva и 4 други им се допаѓа ова.