1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неконтролирано смеење?

Дискусија во 'Психологија' започната од sara.sarra, 10 декември 2014.

  1. sara.sarra

    sara.sarra Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали ви се има случено или познавате некоја личност која се смее за се и сешто ?
    За ситуации и моменти кои воопшто не се смешни.

    Ете ваква сум јас последно време. Навистина неможам никако да си го објаснам овај проблем и незнам ни како дојдов до ова! Цело време се анализирам и се одлучив веќе да посетам и психијатар. Ама сепак сакав да слушнам и вакво мислење.

    Значи проблемот е овој:
    Кога сум со некои личности мене се ми е смешно, а всушност ништо не е смешно. И така јас си се смеам а тие ме гледаат и се чудат. И ова ми се случува со личности со кои ми е убаво со нив, во нивно друштво... се чувствувам среќна. А некои од нив сакам и да се зближам повеќе (другарски )

    И постојано си велам совземисе, контролирај се, биди смирена, нормална ... ама никако не ми успева.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Па,најверојатно влегуваш или веќе си влегла во пубертетот,па затоа и се ти е смешно,дури и кога ништо не е смешно,тоа е нормална појава во тие години.Мислам дека нема ништо ненормално и лошо во тоа,лошо е кога се смееш на некој тажен настан,на погреб или воопшто на гробишта или кога се зборува за смрт или болест или некоја друга несреќа,а ти се смееш,е тогаш веќе не е во ред.И мене ми се случувало многу често да се смеам така во пубертет кога сум била,а знам и сега многу да се смеам.А,ако сакаш да се зближиш повеќе со тие позитивни луѓе коишто те тераат многу да се смееш и да бидеш расположена,зближи се,таквите позитивни и весели сите ги сакаат,не ги сакаат негативните и кавгаџиите.:)8)
     
  3. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Да, познавам едно девојче кое буквално на се се смее. Па гледајќи ја неа и мене се ми станува смешно.
     
    На Macedonian girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyVamp

    LadyVamp Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Да бе и ја сум таква на моменти али у други ситуации на пример поминувам улица идам сама стојам у автобус и ми текнува само на некои глупости и се смеам ко зелка зелена и колку и да пробувам да си ја смирам устата (лол) цело време сум окезена и ептен ми иде на живац ова ... Ај шо сум лабава личност па гајле ми е за тие шо ме гледаат иначе ќе се осеќав ко највечи психопат
     
  5. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    smeenjeto e ventil koj ja namaluva napnatosta
    ako nekoj celo vreme se smee mozno e da ima problemi so ankcioznost ili da nemoze da izdrzi napnatost (vkluchuvajki seksualna napnatost,gledanje u oci i slicno)
    ...ili moze da ima duvano mara prethodno

    EDTI: koga vikam ankcioznost ne mislam na panic attack (kako sto bese opisana u edna dr tema), mozebi polesno e da se opise/razbere kako socijalna ankcioznost

    *bash da vidam dali nekoj od moderatorite pak iracionalno ke mi izbrishe post sho e na soodveten nachin napishan
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Извинете на кои дроги сте па постојано се смеете!
    Искрено мене неконтролираното смеење кај некои ликови ми изгледа нездраво, односно налудничаво.
    Па кој бре се смее на се и сешто!!!!?
     
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Кога мене ќе ми текне нешто смешно значи не можам да се соземам од смеење, макар било час или нешто што во тој момент што направиле смешно НЕ МОЖАМ ДА СЕ СОЗЕМАМ, а да познавам мој другар во класот кога ќе почне да се смее не може никој да го замолчи.
    Ова мислам дека на секого може да му се случи и не е смешно тоа е некоја нормална појава кај луѓето, и со текот на времето исчезнува.
    Сега веќе не се смеам толку многу па и тебе ќе ти помине, немојте да се секирате никој.
    Повторувам нормална појава. ;)
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ако за тебе тоа е нормално тогаш што е ненормално!?
    Се што е надвор од нормалните (непишани) граници е ненормално.
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.072
    Пол:
    Женски
    Смеењето е состојба на изразување радост и исполнетост на душата.
    Нешто што го засмејува некој, не мора да им биде смешно и на други до степен да не можат да се соземат. Многу е битно да се има развиено чувство за хумор и засмејување на другите за да се создаде весела атмосфера.
    Се што ја надминува нормалната граница за да предизвика смешна ситуација е ненормално.
     
  10. SmileOnMyFace

    SmileOnMyFace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Па веројатно до некои гранците е нормално. Би можела и јас да се сместам во таа група на оние што се смеат за се и сешто. Во школо најчесто некој ќе каже нешто смешно и добро сите ќе се изнасмееме, оние ќе прекинат јас уште 15 мин си продолжувам. Пробувам да се воздружувам ама не ми оди, секој хумор ми е смешен. Понекогаш и тоа ми пречи, онака глупаво се чувствувам, сите сериозно ме гледаат. Исто така имам читано дека оние што се смееле на ситници длабоко во себе биле тажни. Што јас знам ... :)
     
  11. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Хаххаха па тоа се вика смење, да неможиш се исконтролираш. :D
    Не сум јас ептен чукната на све и свашта да се смеам, али кад је смешно како да не се насмеиш.

    Тоа најчесто ми се случува кога најмалце треба се смеам :
    1. Kога ќе видам некој како плаче и се лигаве, тие смешни гримаси аии..
    2. Друго за време на јадење. Колку пати се имам задавено и до болница имам стигнато. Али не болница за луди. Кога се задавив еднаш и ајде во еден час по полноќ ме носат, а ја кашлај кашлај не се накашлав. :)
    3. 3а време на часевите, тогаш највеќе се утепувам од смеење.

    И тоа е тоа, смењето е сепак здраво, само не на јадењето оти можиш да се издавиш. :lol:
     
    На Аliсe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Јас така често си се смеам,неконтролирано.И сега додека го пишувам ова се смеам.:D Понекогаш додека патувам или кога се шетам,ако се присеќавам на нешто убаво,се насмевнувам.Ама тешко кога ќе почне она неконтролираното смеење.Се имам смеено и кога е некој болен,само што беше дека мислев на некои други работи и ми беше смешно тоа,или како што често ми се случува како што реков да си замислувам некои настани и да си правам шали во себе,се случува да се насмеам.Само што кога си во јавност,многу луѓе,е непријатно таквото однесување,а ете мене тоа често ми се случува.А па и кога си сам и си се смееш,тоа пак е ненормално.Бидејќи сум таква,дури и не отидов на погреб еднаш мислејќи дека може да ми текне нешто и да се насмеам.:|
    Не е нормално ова,а?:|
     
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    па и мене негогаш многу ми се смее нормално е негрижисе изгледа имаш вишок срека во себе
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Во мое друштво е нормална работа , од тие 5 саата што седиме во некој момент некој ќе направи некоја глупост што едноставно ќе паднеш на земја од смеење .

    Ако е убаво на душата нема зашто да се контролира :lol:
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас се смеам на се кога сум уморна и кога ми се спие, тогаш буквално се ми е смешно :D
    Ми се случило да се смеам неконтролирано, ама сето тоа е со добра причина, на пример другарките.
    Познавам една личност која 24/7 е насмеана. И ми е чудна. Не ја сфаќам. И страв ми е да ја погледнам :D
     
    На Sunshine.Sunshine, LittlePinky и piksooki им се допаѓа ова.
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Се смеат: Вљубените, среќните, осамените и секако оние кои не им е многу грижа што ќе кажат луѓето кои се држат до непишаните граници. :D:rofl:
     
  17. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Оуу колку би сакала да го имам тој "синдром" на неконтролирано смеење, поубаво нешто од тоа да се смееш има ли? (еднаш ми се случило само кога бев даска пијана уште во средно, абе мислев ќе се угушам од смеење :rofl:) али прајслес момент беше, т.е неколку моменти у едно :rofl:

    А ми се случува и сама да идам по улица и ми текнуе некоја дешавка и почнувам да се смеам ко ненормална :lol: среќе зима е па у такви моменти као демек шалот на уста го ставам ради воздухов загаден шо е :mm:
     
  18. iam.joanna

    iam.joanna Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    НЕ! Не се работи за момент коа мене ми текнуваат смешни случки па почнувам да се смеам.
    Туку се работи за ситуација, за нормална или озбилна ситуација, у друштво и мене све почнува да ми е смешно. Постојано се преиспитувам и преиспитувам и повторно преиспитувам и мислам дека се ова ми се случува кога
    1. сум во друштво на некои личности
    2. сакам да оставам добар впечаток и неможам да се опуштам

    Зошто ова ми се случува незнам само знам дека мн лошо со осекам. Само така ме гледаат и се чудат со мене. Чувството е ужасно.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.983
    Пол:
    Женски
    Некогаш, навистина, од нигде никаде ми доаѓа да се смеам на цел глас, и едноставно нема причина, ништо не ми е смешно, туку се смеам, само се смеам, онака, без причина, никогаш нема да сфатам зошто. :D
     
    На LittlePinky, lovemme, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.532
    Пол:
    Женски
    Се знае, што повеќе се работи за ситуација во која не ти е дозволено или би било непријатно да се смееш, толку повеќе истата станува посмешна. :lol: А некогаш од нигде никаде знае нешто да ме асоцира на одредена смешна случка, и ако моментов ме спука во јавност се кријам или се преправам дека сум се закашлала... :D
    И да, еverything becomes funnier after 2 a.m... секојдневна ситуација :bandit:

    [​IMG]
     
    На Аliсe, mackica1 и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.