Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неконтролирано смеење?

Дискусија во 'Психологија' започната од sara.sarra, 10 декември 2014.

  1. enijov

    enijov Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Вака...Имам другарка шо неконтролирано се смеј.Мене не ми пречи тоа,туку спротивно - интересно ми е.Но сепак сакам тоа да престане поради што и влијае на учењето.Се смеј ко ретардирана и класната и сите и викат ама ништо.Таја си продолжва.Шо да напрам да и помогнам.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случува кога треба да се видам со дечко ми или со друштвото и кога ќе се договориме да се чекаме некаде и јас одејќи ќе ги видам уште од далеку и некако ми доаѓа да почнам да се смеам штом ги видам. Не ми претставуваше проблем до пред некое време, но откако видов дека тие сосема нормално реагираат а јас како ненормална им доаѓам окезена си реков овде нешто не е во ред... Па еве сега ќе се обидам да бидам сериозна во таа ситуација па дали и кога ќе успеам ќе видиме.
     
  3. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.812
    Пол:
    Женски
    многу ретко се смеам неконтролирано нешто треба стварно да ме насмее толку многу па за да се изнасмеам така
    но сепак добро ми доаѓа на моменти да откачам така но сепак се случува многу ретко кај мене нема простор за грижа:lol:
     
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Порано на ова гледав како на алатка кај луѓе што сакаат да привлечат внимание . Обично луѓе што се поретко забележани па вака скренуваат пажња. Сеа не гледам така , и се поретко околу мене има . Порано бев опкружена со такви и ме нервираа. Тоа громогласно смеење со сила ме вадеше од такт, ама ете се било до сфаќањето и времето во кое го имаш. Сеа може и се смее некој така , не приметувам/
     
  5. Lolo5

    Lolo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    Хахахаах се препознав :D:D:D Понекогаш се случува да ме фати криза на смеење. Еве мометално се смеам откако ја видов темава и не можам да престанам. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Ми се случувало.Кога ми е нешто смешно се смеам дур не се пресмеам, и по 100 пати да се случи/да видам нешто пак ќе се смеам.Некогаш и ова ми се случува Седам, било каде и се ,,газам” од смеење.Без причина буквално.И не можам да престанам.Последно ми се случи во саботата во Гала Кујна, кузнае што си мислеле луѓето, ама ми е гајле од душа се изнасмеав..овие што беа со мене на маса почнаа исто да се смеат.
    Ширам зараза на смеење :rofl: го продолжува животот.
     
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Пред 5 години ова- дете :lol:
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    12.374
    Пол:
    Женски
    Нешто што највеќе ме иритира. Сум имала во близина вакви луѓе и не сум можела да го сфатам тоа лигаво неконтролирано смеење (на сешто, на тоа што треба и не треба..).
     
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Порано повеќе се смеев, дури и во ситуации кога тоа не беше баш посакувано. Ама сигурно сте забележале дека во такви ситуации смеењето најтешко се контролира. Колку повеќе се тераш да престанеш, толку посмешно станува.

    Инаку, и мене ме иритираат луѓе што прегласно се смеат на се' и сешто, постојано. Смеењето е одлична работа, но како и за се' друго е потребна мерка :)
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Во последно време не ми се случило неконтролирано да се смеам, порано имало моменти ама тоа било заради некој пресмешни ситуации и најчесто кога требало да бидам сериозна.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов.
    Јас се смеам додека не ми помине смеата. Додека целосно не ја заборавам. Ми се има случено несвесно да ми текне нешто и да се смеам.
    Порано замислував во главата нешто да се деси и се смеев, сега го променив бар тоа.
     
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    2.435
    Пол:
    Женски
    И кај мене имаше еден период кога се смеев многу и за работи кои не беа за смеење. Еднаш надвор ме фати смеа и еден дечко мислеше дека сум пијана и ми правеше нека пукне:rofl: а, јас имав само неконтролирано смеење, не бев пијана. Изгледа е нормално ова чим и други имаат 8)
     
  13. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Познавам повеќе такви личности и многу ми пречи тоа кога некој се смее за се и сешто и во ситуцаии кога треба да биде сериозен, буквално тие личности немаат осет во ниту една ситуација како треба да постапат и предизвикуваат нервоза кај другите кои се свесни за ситуацијата во која што се наоѓаат. Според мене тие таквите личности се многу простодушни, безчувствителни, не знаат како да се однесуваат и си гледаат само за себе, а не им е грижа за тоа другите што ќе помислат за нив, дали ќе ги повредат или не и слично. Точно дека самите себе треба да се ставиме на прво место, пред другите, но да имаме некој баланс и да знаеме и во кои ситуации е потребно и најправилно да се жртвуваме, или пак да ги ставиме другите кои што заслужиле на прво место.