Некроспермијата е комплетна неподвижност на сперматозоидите или пак сперматозоидите се мртви. 50-60% од случаевите со машката неплодност се поради неразјаснети причини. Прво треба да се утврди случајно овој случај да има "разјаснета" причина односно некроспермијата да е поради воспаление(на тестисите или семеникот), тумори, цисти, варикоцели, простатитис(воспаление на простатата) и т.н. Односно закажете преглед на уролог каде што ќе му биде изведено ехо и со ехото ќе се утврди дали има патогени промени на скротумот/тестисите. Ако се работи за воспаление или било што друго, после третманот би требало да дојде до подобрување, но ако причината е неразјаснета најверојатно нема нешто што може да се стори, може да се проба со витамински суплементи кои го помагаат процесот на создавање на сперматозоиди(околу овие консултација со уролог) но не верувам да дојде до големо подобрување.