1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нема боледување од приватни болници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од nena2010, 26 април 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.210
    Пол:
    Женски
    Нема боледување од приватни болници

    Ограничување на правата на приватните здравствени установи кои немаат договор со Фондот. Нема да се признава терапијата и боледувањата што лекарите им ја пропишуваат на пациентите.


    Така стои во измените на Законот за здравствено осигурување кои се објавени во Службен весник. Доколку пациент бил на операција во болница која не работи со Фондот, матичниот лекар нема да го пополни боледувањето бидејќи лекарот нема факсимил.

    За дел од приватните болници што ги контактираше Сител ова е бркање на пациентите од нивните ординации. Велат дека со тоа го ограничуваат нивното право на избор и болните ќе бидат принудени терапијата што ќе им ја пропишат да ја купат приватно, или пак, да одат во јавните здравствени установи. Прашуваат, зошто да нема право на боледување пациент кој одлучил операцијата на колк да му ја прават во приватна болница.

    Според информации на Сител најверојатно од овие законски ограничувања со посебен правилник ќе бидат изземени породилните боледувања бидејќи многу жени за породување ги бираат приватните наместо државните установи.

    За здравствените власти, пак, ова е средување на нелојалната конкуренција. Од Министерството за здравство велат дека установите кои немаат договор со Фондот не подлежат на никакви инспекции и никој не ги контролира што и како пропишале, за разлика од останатите каде често им доаѓа фондовска инспекција.

    извор: Сител телевизија
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.210
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам, КАТАСТРОФА!!!!!
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Уште една глупост на денешната ни власт. Уште да ни каже од каде да дишеме воздух за да за нив има повеќе
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Нема крај на глупостите.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.210
    Пол:
    Женски
    јас се шокирав кога прочитав. Се само за да го уназадат човека. Треба да одам на Клиника да ми закажат интервенција за 10 месеци и да умрам до тогаш??? А истата интервенција во Систина или ремедика ми ја прават за 5 дена и ми спасуваат живот, ама нема боледување. Катастрофа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Глупост невидена! Денес го носев малиот на преглед во приватна специјалистичка ординација, зав ршивме работа за 20 мин место за 3 часа колку што најмалку ни треба на Клиника, и кога отидов кај матичната по рецепти вели дека не смее да ни напише рецепи по препорака на специјалист кој нема договор со фондот... И сега? Да чекам на Клиника со болно дете 3 саати? А бе се на полошо прават...
    P.s. Мислев да не гласам на избори, ама морам некако да и кажам на власта дека прави ужасни потези со вакви глупави одлуки кои не чепкаат во најважното...
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Се повеќе се сведува на приватно, не само болниците. Ова за боледувањето е глупост, демек за да не оди народот по приватни туку по државни ако сака рецепти и боледувања!
    Ам ако имам пари ќе одам во приватна болница, ќе завршам работа, ќе ми посветат внимание како што треба! Човек кога оди на болница оди зашто има мака и сака да зарши работа на време, ама во државниве дали можиш да чекаш... Ем е катастрофа, ем се тресат глупости со уште поглупави закони или што и да се..
     
  8. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Ова е нешто најкатастрофално што воопшто можеле да измислат, прво е нечовечкки а второ се коси со со уставот и е против уставно, само се чудам до каде со глупостиве ке се оди.
     
  9. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Здраво, има ли некој поново инфо дали следува боледување од матичен лекар доколку операција се врши во приватна болница.
     
  10. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Ако има некој што работи фо фзом да ми пише, молам.
     
  11. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали случајно некој знае дали има промени во врска со ова, т.е. ако приватен специјалист предложил боледување тоа да се прифати и отвори од матичниот лекар?
     
  12. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Да, се прифаќа.
     
    На Mongolka му/ѝ се допаѓа ова.