1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ненадејна промена во однесувањето

Дискусија во 'Психологија' започната од bebeto93, 14 април 2014.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Навистина ми е жал, но дијагноза на форум не може да се постави (а како што ги прочитав постовите, гледам некои одма бараат во психијатриска болница или лудница да се лечи).
    Оставете стручни лица тоа да го решат.
    Можеби е користење на некоја хемиска супстанца, која направила лош ефект долгорочен, а можеби е не дај боже некое заболување (не мислам на психичко) кое прави пречка на некој од центрите во мозокот и треба да се отстрани или едноставно нервен слом од голема разочараност...незнам.
    Мора сите доктори да ги опфатите и сите анализи да и ги направите.
    Та е нечие дете и ниеден родител нема да се сложи како што некои сугерираат , да се прати одеднаш на психијатриско лечење во установа, се додека не се исцрпат сите можности.
    А на моменти се прашувам,според постовите кои ги прочитав, дали вреди човек маката на форумов да си ја напише.
     
    На lightning123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    И мене ми е многу жал, но и срам од нашиот примитивизам. Во 21 век да се употребува терминот лудница. Мислите дека луѓето со душевни болести биле поразлични од мене, од вас или некој друг. Како и секоја друга болест и таа не избира возраст, социјален статус, образование. Човекот е покршлив од стакло, никој не може да предвиди што утре може да ми се случи.
    Уште еднаш велам, однесете го девојчето на психијатар, гледате дека се мачи. Дај Боже да е нешто акутно. За среќа со соодветни лекови брзо ќе се стабилизира.
    И на претходната членка -ние тука не можеме да бараме во психијатриска болница да се лечи девојчето. Ние можеме само да советуваме. И на крај секој си постапува по својте убедувања.
     
    На FotoLina3, SimonaTino, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Претходно беше агресивна, сега почна да покажува емоции, да плачи...
    Се надевам дека полека полека ќе се врати, голем празник е, господ ќе и помогни ;(
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав претходните коментари и можам само да се сложам дека неопходни се детални анализи од повеќе области. Тоа најмногу ќе и помогне.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Според мене девојката не е ни на дрога ни за психијатар,ни за лудница. На девојката и се собрало, веројатно од караниците дома со мајка и, и со сестрите плус надворешно со дечкото и така натака. Јас ова го толкувам како тешка депресија, премногу тешка се исклучуваш моментално од се, си мислиш дека ќе те убијат, дека не си сигурна, дека те мразат и така натака. Физички си присутна но психички не размислуваш. На многу редок момент се уклучуваш и зборуваш како најнормална личност. Значи нејзе и се собрало се, од тоа што многу го сакал го немала и се надевала, се случува богами и кај бремените и кај сите жени кога ќе загубат нешто што многу го сакале. Најдобро е да ја однесете некаде на планина, на море да се прошета да се излуфтира што се вика. Психијатар и лудница никако, само ќе ја влошите работата и ќе ја исплашите. Сега е важно да ја добие вашата доверба во вас и да може полека да се освестува. Исто така мислам дека треба почесто да излегувате со неа, со прошетки, со дискотеки, со други машки, другарки за да може тој свет кој го создала таа да исчезне скроз и да се врати во нормала. Можете да ја носите на психотерапевт, таа ќе се чувствува сигурно таму и ќе му се отвори,ќе му зборува, ќе го опише својот проблем итн. Значи не е растроена, туку е во тешка депресија. Претпоставувам не ни јаде поради тоа што велела често дека е здебелена. Значи мора да имате верба, депресијата се лечи и со апчиња но незнам за 19 годишна девојка баш. Но пробајте природно како што ви кажав и обавезно на психотерапевт. Со секоја негова сеанса нејзе ќе и биде подобро.
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не е ова депресија, немаш сила да трчаш и да се дереш ако си во депресија. :x Не знам, немаш сила едноставно, психички, физички, исцицан си, слабееш без врска, спиеш со денови, евентуално плачеш со денови, ама не не, можда мал дел е некоја депресија предизвикана од раскинувањето... :?:

    Не сакам да се правам паметна, не сум стручно лице, ама мене ми изгледа како параноидна шизофренија или некој друг подвид на шизофренија. Ги има повеќето симптоми, на моменти е нормална и разговара, на моменти не, промени во расположение, халуцинира, мисли дека некој сака да ја убие... :tmi: Не ми изгледа баш дека се' и се собрало, некако потсвесни промени како да настанеле, а и многу малку растројства се случуваат ,,нагло,, , обично се крчкаат подолго време.

    Уф, носете го девојчето на психијатар, не чекајте. Барајте си вие чаре и на други места, ама барајте си и добар психијатар, не дај Боже да стигне до тој степен да се повреди самата или нешто полошо. :x
     
    На macence85, Hipster, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Се извинувам за офф,ама не разбирам каква болест е тоа Детинство што го споменувате?
    Или можеби јас не сум разбрала нешто добро?
     
    На FotoLina3, sweet-star и Glasna им се допаѓа ова.
  8. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171

    Како можете веднаш да процените дека девојката е за во лудница, или прочитав некаде дека треба да се лечи ради тоа што била опасна за луѓето?Зарем немате совест и жал малку? :fubar:
    Според напишано заклучив дека на девојчето и се имаат собрано многу нешта.караниците со мајка и,двете сестри, раскинувањето со дечко и , и едноставно сето тоа влијаело врз нејзиното однесување.
    Прочитав дека и верувала само на тетка и и татко и.Мој совет е нека оди или со тетката или со татко и одредено време, колку што е потребно во некоја планинска куќичка, оттргната од се.Ќе пронајде мир колку толку.Никој нема да ја замара, да и досадува.Ќе се прероди сигурна сум.После враќањето одтаму најдете начин најдобронамерно да и објасните дека треба да посети психијатар, да поразговара малку со него, да и се објасни дека таа личност не е за луди лица.
    Господ нека ви е на помош, се ќе се среди имајте верба.Се надевам на најдобро.:)
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Hristinnnnna, ако толку имаш совест и хуманост во себе, дефинирај ми те молам кои се тие луди лица?
    Ти вршиш дискриминација на цела една категорија на луѓе со душевни болсти, што во една цивилизирана земја се санкционира. Но, ние сме далеку од тоа, очигледно. Можам да разберам баби, стрини и сл. да размислуваат на овој начин, но млади личности???
    Но, тоа е, народ кој сериозни болести лечи со билките на баба Рада и сериозни психички проблеми со планинска куќичка. Луѓе, едно е ментална хигиена или здрав начин на живот и навики, природа и слично. Но, кога состојбата е сериозна потребна е помош од стручно лице. А после кога ќе падне човек на носила, сите трачаат во болница и тогаш криви се лекарите.
     
    На mims-89, sweet-star, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Леле и таа сирота со вас... Бајачи бараат, дијагноза за некакво си детинство, па и самовили прочитав.
    Битно се читаш, освен овие што ти викаат дека на психијатар треба да ја однесете.
    Не знам во каква средина живеете, ама ви се чудам на паметот па и вас.

    Девојката очигледно дека има шизофренија, за тоа требаат лекарства и колку да бидете информирани, опасно е за неа зошто може да направи нешто со кое ќе си го загрози животот, намерно или ненамерно. А вие до тогаш мислете на самовили, детства и бајачи.
    И штом кажуваш дека имате веќе таква појава во семејството, односно шизофренија, тогаш не знам што се двоумите. Шизофренијата најчесто е наследна болест и не, не постои болест како детство.
    Да, да, господ ќе помогне...дека голем празник...
     
    На Asparagus, Dvolicen, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ааааааааау опасна болест е тоа детинство. Не е честа, повеќето се раѓаат на 16 години и немаат детинство, али ја на пример, морав и у градинка и у забавиште да одам. :puke: Опасна работа детинство. |(

    Него, сериозно, друштво, ако знаеле да ја однесат на „уште магнетна резнонанца“, онда сигурно знаат и психијатар што е. Да не ве измотава некој овде? :fubar:
     
    На senza.parole, Srckata28, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    91
    Имав сличен случај со една другарка,слично вака и се случуваше и нејзините родители прво што направија е ја однесоа на психијатар тој си ја знае својата работа и верувајте и ја одреди дијагнозата и многу и помогна.Многу беше тешко но се извлече од тоа и сега е сосема во ред,навистина ве советувам веднаш да ја однесете на психијатар бидејќи на денешно време тоа воопшто не е срамно и тоа го прават дури и луге кои што немаат никакви душевни проблеми,многу е нормално бидејќи тој е тука да те посоветува и се останато.Навистина најдобронамерно ви го кажувам ова зошто девојката е многу млада и невреди да се губи време со болести кои што останале од некои си прабаби,живееме во 21 век и бајачки и други глупости(се извинувам ако навредувам некого со ова ама навистина не верувам во вакви работи) нетреба да се губи време.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Па тоа е комплексот на простотилукот во оваа држава. Сите ќе викаат леле се шекна, семејството знае, ама не сака да го чуе официјално, зошто ќути, срамота е на психијатар да се оди, пу, пу,пу Господ ќе помогне...

    Тоа се болести ништо поразлични од било кои други. Зошто менталните болести се сметаат за пострашни дури и од рак? Да не зборам за срамотата од истите па.
    Со соодветна терапија, личноста ќе си функционира нормално и не треба да биде изолирана од средината, ниту па осудена. А на овој начин ја стигматизираат и никогаш повеќе нема да добие шанса за нормален живот.
     
    На elisabeta и Peppermint им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Остајте другото, пре би пишале на форум за совети каде што секој незнајко може да напише совет однесете ја на одмор, или земете од билките на баба Рада, или носете ја на бајачка, ааа да може и ставиле нешто во јадењето... одколку да се обратат на вистинските лица кои можат да им помогнат - псхијатрите. Што толку ве вознемирува тоа незнам, психијатар си е доктор исто како што е и гинекологот, стоматологот, неврологот што е тука толку страшно и срамно да се посети психијатар. Основна работа што треба да ја знаете кога на некој близок ќе му се случи нешто вакво, па прво терба кај психијатар, а не прво кај бајачка па на крај психијатарот како последна надеж. Сто пати ќе и ги скратевте маките ако прво кај психијатар се обративте, ама ај да речеме дека ете вие не сте у тек со тоа кај треба да ја носите, ама сигурно нејзините ја однеле кај матичниот лекар зашто без упат понатака нигде неможат да ја однесат, тој матичен лекар незнаел ли да ги упати на психијатар? До толку ли и тие станаа неписмени или едноставно родителите ја исфрлиле можноста за посета на психијатар затоа што сметале дека ќерка им не е луда? :^)
    Девојко на форумов ќе се најдат илјада луѓе што ќе ти пишат совет, а незнаат уште га*от да си го избришат, а има и такви кои ќе ти дадат добри совети, очигледно е ти кои совети ги запази. Не си играјте играчки ова е сериозна работа која не е за изложување на форум каде што ти кажав ќе ти пишат луѓе што немаат појма во животот. Многу време сте изгубиле веќе, наместо да ги правите тие глупости по бајачки, самовили и незнам таму што, лекот си е во медицината, не дај боже да и се влоши состојбата па да си наштети самата на себе или на некој од блиските. Дефинитивно и е потребен психијатар и да не и е ништо ќе може барам слободно да разговара со психијатар и да си каже што ја мачи...
     
    На Doozy, Viki693 и Peppermint им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Не знам што ви е чудно,што не сакаат да ја однесат на лекар.Еј лекар.До каде стигнавме се срамат да одат на гинеколог ама не се срамат да шират нозе,се срамат да одат на психијатар ама не се срамат што сите комшии им ги слушаат викотниците и налудничавото однесување. Срамота е да отидеш на лекар ама не е срамота да одиш кај баачи и гатачи.Срамота е да земеш терапија ама не е срамо да ги пиеш билките на Баба Рада. Е до таму сме луѓенца дојдени. Се прашувам што е следно.Медицината ке ја снема а ке не лечат билкари и врачари ко во камено доба ?!?

    И не стварно не знам што е толку страшно и навредливо што и посочија да ја носат на психијатар да види дали станува збор за некоја болест или навистина е прекипено лончето од се што и се случувало. Ама не е страшно да се верува во самовили,детинства и што ти ја знам какви состојби и поими кои за воља на вистина повекето прв пат ги слушаме дека постоеле такви чудесии.

    Од главата си патиме. Абре нема срам на светов што би ме сопрел најблискиот да го однесам на стручно лице да му каже што му е .И под стручно лице не мислам на баач и гатач него се знае кој е тоа лице. Ако не е нешто сериозно ке и дае едно лексилиумче и ке се смири.Не е ни прва ни последна што во денешно време и пукнал филмот и не знае кај тера. Сите сме имале тешки моменти.Некој посмирено ги прифака некој не .Некој има поцрврст ментален склоп некој не . 80% од лугево што ги знам земаат некоја таква терапија не затоа што урлале и викале по улица туку затоа што тивко и интимно нешто им ја јаде душата и не им дава навечер мирен сон. Ама кај нас попрво ке те глеам како тонеш отколку да си признаам дека во кука имам лице со сериозен психички проблем зошто нели срамота е тоа. За срам се тие така што размислуваат а не оние кои имаат проблеми и отишле на лекар за да им го реши здраствениот проблем.
     
    На elisabeta и Doozy им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Колку што прочитав девојката има напишано дека побарале помош од медицински лица, само не знам дали на општ лекар ја однеле па тој не ги препратил никаде.
    Не значи дека од срам не ја носат на психијатар, често се чека да помине некое време, да видат дали работата станува сериозна, сепак неколку дена е таква девојката. Вистина може да е од некој доживеан стрес, краток период на лудило кој го имаат доживеано одреден број на луѓе кои се вратиле пак во нормала за брзо време, а со нашата недоволна доверба во стручноста на докторите, можеби им е страв предвреме да не и залепат неточна дијагноза.
    Ниту јас не верувам во детинства и самовили, но тоа се само изрази кои старите баби ги измислиле за да ги оправдаат кратките епизоди на "лудило" кои ги виделе кај одредени луѓе и кои се јавиле еднаш, траеле кратко и не се повториле. Сигурно има медицински точен израз и треба да се бара.
    И како што не треба да се верува во самовили, не треба и тука дијагнози да се даваат како биполарност, шизофренија и што ли уште не.
     
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Што болест е ова Детинството првпат слушам за ова???
     
  18. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Детинството навистина е страшна работа, нетреба да се исмејуваш за то и да тресиш глупости, значи пишувајте ако знаете нешто а не да критикувате, за критика секој знае да даде!
    Однесена е и на психијатар, знаат што е психијатар без галје и таму се појдени
    За што мислиш дека некој некого измотава?
    Си немала мака во животот и се ситиш на туѓите? Не ти е страм?
     
  19. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Непотребни мислења се одвишни!
    Инаку на доктор беа појдени и таму нема лек! Разбирате или треба да ви нацртам?
    Докторите кои ги спомнувате како ГОСПОД рекоа дека ова не е медицинска работа, како да објаснам дека тие се откажуваат од се? Дека велат ова нема врска со медицина?!?!?!??!??!
     
  20. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Те читав и не коментирав зошто не знам како и неможам да ти помогнам...
    Сега пишувам само да те подржам за она што погоре го кажа
    Значи ако не можете да помогнете не се правите паметни и не одмагајте,не сте интересни
    Не сакав да навлегувам во конфликт со никого
    Ете и мене некој поими што ги спомна бебето не ми се познати ...гледам и на вас...и дај Боже да не ни се...
    И посакувам добро здравје и да се среди девојчето,да не се откажуваат родителите и да се најде лекот
    А ние какви луѓе сме ц....ц.... :x