Ненасилна комуникација

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 11 мај 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.171
    Допаѓања:
    175.447
    Пол:
    Женски
    Голем фан бев на ова во мои рани 20ти. И мислам дека е време да се вратам кон корените зошто осеќам дека се оддалечив и тоа многу.

    Невозможно е секогаш да се согласуваме со сите, особено во професионален контекст. Мислењата се различни, како и начинот на кој секој човек ги изразува и толкува. Тоа понекогаш води до судири и конфликти, кои можат да бидат штетни за вклучените страни. Тука вклучуваме ненасилна комуникација: Овој метод бара вербална вештина, добра доза на емпатија, психологија, самосвест и постојан напор доколку сакате да го совладате. Идејата тука е дека не е нешто со кое сме родени, туку е нешто кое активно го вежбаме.

    Што е ненасилна комуникација?
    Ненасилната комуникација (NVC) беше развиена во 1970-тите од Маршал Розенберг. Овој американски психолог е исто така основач на Центарот за ненасилна комуникација (CNVC), глобална непрофитна организација и автор на најпродаваната книга за ненасилна комуникација: "Ненасилна комуникација: јазик на животот". Терминот „ненасилнa“ ја повторува филозофијата на Ганди за интеракција со друга личност без да им наштети.

    За подобро да ја објасни ненасилната комуникација, Розенберг користи две животни со сосема различни карактери за да изгради метафора за комуникација:
    • Жирафата (срце, сочувство, добронамерност) ја претставува личноста која ја владее уметноста на ненасилна комуникација.
    • Шакалот (пресудување, критика, агресија) го симболизира „обичното“ насилство, кое често се среќава во комуникациски ситуации.

    PAI_Blogue_Communication-Bienveillante_Info2_EN.png

    Која е целта на ненасилната комуникација?

    Овој стил на комуникација има за цел хармонично и автентично да ни овозможи да разменуваме информации и слободно да се изразуваме додека во исто време ги почитуваме другите, земајќи ги во предвид нивните емоции и нашите сопствени чувства. Ни овозоможува да ги идентификуваме нашите чувства и потреби притоа да сме свесни и емпатични за туѓите. Ненасилната комуникација ни овозможува да ги изразиме нашите мисли без осудување, преземајќи одговорност за она што го чувствуваме и што треба да се каже. Се работи за изразување на нашите сопствени чувства и незадоволени потреби, додека ги разбираме оние на другата личност.

    4 компоненти на ненасилна комуникација (OFNR: observe, feel, need, request):
    • Набљудување
    Набљудувајте ја ситуацијата без да ја осудувате, проценувате или толкувате. Едноставно вие сте набљудувач кој не препишува мисли и чувства на соговорникот/другата инволвирана страна.
    • Чувства
    Признајте и изразете како се чувствувате за ситуацијата, и позитивно и негативно. Набљудувањето овозможува да идентификувате како се чувствувате и зошто. Важно е смирено да можите тоа да го преточите со зборови и споделите со соговорникот.
    • Потреба
    Идентификувајте ги потребите што се во изворот на секое чувство. Ако се чувствам нервозна (набљудувам), зошто се чувствам нервозна (идентификувам чувство) и која е мојата потреба за да го надминам ова чувство (потреба)?
    • Барање
    Изразете ги вашите барања јасно, конкретно и позитивно за да ги задоволите вашите потреби. Откако идентификуваме која е потребата, го вербализираме тоа на начин кој би бил сензитивен за нас, но и за соговорникот.

    Исто е многу важно да можеме да покажиме несогласување на начин кој е ненасилен. Тука иди до израз DESC методот или Describe, Explain, Specify, and Conclude.
    • Опишете
    Овој чекор е ист како чекорот „Набљудување“ во методот OFNR. Ја опишува ситуацијата користејќи факти - не расудување или лично мислење.
    • Објаснете
    Слично на чекорот „Чувство“ на процесот OFNR, ова е кога ги изразувате вашите чувства за ситуацијата. Не заборавајте секогаш да користите „јас“. Ова става нагласок дека ова се ваши чувства и перцепција за ситуација.
    • Специфицирај
    Предложете начини за подобрување на проблемот. Целта е да се најде решение за кое сите страни ќе се договорат. Отворени бидете за компромис и експлорирајте решенија кои ќе одговараат барем половично за двете страни.
    • Заклучок
    Откако сите страни ќе се согласат за најдоброто решение, донесете позитивен заклучок.

    Најдобри практики за вежбање ненасилна комуникација:
    • Бидете свесни за себе: Започнете со самосвест. Создадете емпатична врска со себе. Препознајте ги вашите чувства, потреби и тригери. Тоа ќе ви помогне поефективно да комуницирате.
    • Слушајте активно: Внимателно слушајте без да го прекинувате соговорникот. Користете невербални знаци како климање со главата и одржување контакт со очите за да ја покажете вашата ангажираност како и надоврзување и повторување на дел од реченицата кога говорите вие.
    • Покажете емпатија: Обидете се да ги разберете чувствата и потребите на личноста со која комуницирате. Размислете за она што сте го слушнале за да покажете дека искрено се грижите за нивната перспектива.
    • Користете "јас" изјави: изразете ги вашите чувства и потреби користејќи изјави „јас“. На пример, кажете „Се чувствувам фрустрирано кога...“ наместо „Ти секогаш...“
    • Избегнувајте обвинување и критики: фокусирајте се на прашањето или однесувањето наместо да ја напаѓате личноста. Воздржете се од проценки или критики. Обезбедете повратни информации на конструктивен начин, фокусирајќи се на специфичното однесување и неговото влијание.
    • Воздржете се од претпоставки: Разјаснете ги сите нејаснотии или несигурности со поставување прашања од отворен тип. Избегнувајте да претпоставувате дека знаете нечии намери или мотивации.
    • Останете присутни и во моментот: Концентрирајте се на моменталната ситуација и разговорот, а не на минатите поплаки или идни грижи.
    • Покажете почит: Одржувајте тон со почит и избегнувајте навредлив или непочитувачки јазик.
    • Барајте заедничка основа: Идентификувајте ги заедничките цели и интереси за да најдете заемно корисни решенија.
    • Внимавајте на говорот на телото: бидете свесни за вашите невербални знаци.
    • Размислете за културната чувствителност: Бидете свесни за културните разлики во стиловите на комуникација и соодветно приспособете го вашиот пристап.
    Оваа листа е страшно долга ама јас ќе застанам тука.

    PAI_Blogue_Communication-Bienveillante_Info1_EN.png

    Критики

    Меѓу најчестите критики се спомнуваат:
    1. Bitschnau сугерира дека употребата на NVC веројатно нема да им дозволи на сите да ги изразат своите чувства и да им се задоволат потребите во реалниот живот бидејќи тоа ќе бара претерано време, трпение и дисциплина. Оние кои се вешти во користењето на NVC може да имаат предрасуди кон оние кои не се и претпочитаат да разговараат само меѓу себе.
    2. Се смета дека ексклузивноста на NVC ги фаворизира добро образованите, вреднувајќи ги оние со поголема свест за граматиката, изборот на зборови и синтаксата. Ова може да доведе до проблеми со пристапноста за непривилегираните и фаворизирање на повисока општествена класа.
    3. Oboth сугерира дека луѓето би можеле да ги кријат своите чувства во процесот на емпатија, поткопувајќи го ненасилството во комуникацијата.
    4. Иако има намера да ги зајакне односите меѓу најблиските, NVC може да доведе до исход на завршена врска.
    Ова би било "накратко" за ненасилна комуникација.
    • Како ви се допаѓа како концепт?
    • Дали претходно бевте запознаени со неа?
    • Дали ја применувавте? Ако да, како се одрази на вашиот живот?
    • Дали би си поставиле цел да ја користите од сега?
    • Дали сметате дека е важна алатка?
    • Колку сметате дека е корисна?
    • Дали повеќе има примена во професионален сетинг и каде немаме контакт со блиски, или можи да се примени и во блиски интерперсонални односи?
    • Што ви се допадна најмногу? И што би примениле?
    • Што ви се допадна најмалку? Зошто?
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    15.415
    Пол:
    Женски
    Ја меркам темава дооолго време. И не знам како ќе сум сфатена. Гледав да средам некои ставови околу нејзе и може пак нема да е тоа, тоа. Ама да се обидам:

    Како концепт е супер, но не секогаш функционира. Доволно применувана и не толку ефективна. Дефинитивно носи последици: изглед на класична будала, а некогаш и се предизвикува некаков страв и се добиваат (непотребно) нови ривали. За ненасилна комуникација треба напори и од двете страни, ако се крајно дијаметрални карактери колку сакаш труди се од петни жили и не знам какви пристапи имај - ништо не бидува. И тоа е така зашто агресивната страна се плаши дека ќе биде (на некој начин) изиграна.

    Гледам дека често се злоупотребува ненасилната комуникација (и протнува суптилно) од страна на агресорите (ама оние баш на најсилно пуштени, без никакви кочници) и тоа доста умешно го владеат, на начин да делува дека се ферски настроени, непристрасни, покажуваат некоја почит итн.,итн. Арно ама, имам приметено и луѓе кои знаат „ферски“ да ги откачат, ама да не спаѓаат во ниедна од овие групи. Да речам, нема баш шаблон за да се сместат и уште не можам да одлучам дали да ги поддржам. Оти пак нешто ми мириса на нечисто тука. Со самото тоа што им даваат „удобност“ да одглумат ми е..одвратно.

    За добра комуникација, треба доза на искреност и смелост. И тука многу се губи, ама имам забележано дека кога е густо бар се знае што е и како е. Чисто е, се има некој јасен приказ и тишина. Нит се чека некој да се сожали, нит ништо. Добра морална основа и филозофски погледи, би рекла. Решаваш и одлучуваш во моментот врз основа на целокупните насетени искуства. Интуиција? Што и да е тоа.

    Ама морам да признаам, агресорите имаат највеќе постигнато. НЕ го поддржувам овој пристап, ама светот сака угнетување, газење, како да е мазохистички скроено. Како да е и цел таков систем: или изгази или тебе ќе те изгазат. Ако човек не е таков, прескапо плаќа. Вродената агресија е просто вродена, не се учи. Или си таков, или не си. Научената можеби донекаде го спасува духот. Може секакви класификации на комуникација да се има, а пак на крајот да во реалноста е поинаку и често не важи она што е однапред познато.

    Јас па во последно се стремам да барам агресори кои во помали кругови се целосно поинакви т.е пред оние кои заслужуваат вистина да ги знаат. И моето искуство досега покажало дека само од овој тип на агресори сум била заштитена, тогаш кога требало. И пре би со вакви агресори, неголи со мирољубиви агресори кои пред сите се познати Мајки Терези.

    Еден пример само ми текнува за чиста ненасилна комуникација и дефинитивно таа личност ја имам предвид за некои идни случувања.