Ненормална загриженост

Дискусија во 'Психологија' започната од LittleCupcake, 31 август 2012.

  1. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Здраво :D Не знам дали има ваква тема ама јас колку што се потрудив да побарам не најдов :( Имам еден проблем што одамна ме мачи.
    Премногу сум загрижена за брат ми. Просто сум опседната со него. Секој дне исто. Каде и да оди јас цело време го поминувам во мсилење кгоа ќе си дојде, кога треба да си иде од училиште исто. Се правам ама никако не можам да си помогнам. Ништо не правам за себе, воопшто не мислам за себе, не се ни грижам за себе, се гледам само за него...Не можам веќе вака стварно е многу тешко :/ Била некоја во слична ситуација? Би можел психијатар да ми помогне? Проблемот е што тетка ми е психијатар и мајка ми ме тера кај неа, а јас не сакам кај некој познат.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Подобро оди кај некој што не го познаваш затоа што нема да биде пристрасен во давање совети. Најпаметно е да се консултираш со стручно лице-психијатар. Не е нормално тоа што ти се случува...
     
  3. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    ЗНам дека не е, јасно ми е, само не ми дава мајка ми кај друг.
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.267
    Убаво од твоја страна што пред се го сакаш своето братче, па затоа и многу се грижиш.
    Ако сакаш да си помогнеш самата на себе, мораш да бидеш храбра.
    Се е тоа до твојата психа, поточно до претераниот страв, кој буквално те заробил и ти влегол во коски, па и во самата потсвест.
    Можеби ќе отидеш на психијатар, може ќе ти помогне, не велам не, но се е ова до психата која мораш разумно да ја контролираш. Можеби ќе пиеш таблети, но стравот мислам не се лечи со таблета. Потребно е да се спротиставиш на него и да го победиш.

    За почеток тоа нека биде спротиставување на помислите.
    Кога можеби братчето ќе задоцни од некаде каде што е, не веднаш да паѓаш во некоја депресија или црни мисли, туку обиди се да гледаш позитивно. На твојата страшна и негативна помисла, спротистави се со позитивна. Помисли во себе дека можеби се наоѓаш на негово место, па како има /ш некои другари/ки кои не те пуштаат од друштво. Или дека можеби го задржале на дополнителен час на училиште... така помислата ќе ја оправдаш и таа нема повеќе да те измачува.

    Проверен и делотворен совет. Бидејќи порано бев уште полош случај од тебе.
    Се надевам дека за брз период ќе излезеш од оваа ситуација :) .
     
    На Macedonian.Horse му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Искрено не се надевав дека некој ќе прочита и ќе ми помогне фала ти. Иначе и јас во последно време правам така секогаш некои варијанти ипослено ми е. И плус секогаш излегува така како што сум мислела дека се задржал на пример. Ќе размислам и за психијатар. Мислев дека нема некој како мене ама ете имало и тоа ми дава сила :) Мило ми е што ти си излегла од таа ситуација и јас ќе излезам еден ден :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    И јас едно време имав ненормална загриженост за луѓето околу мене.Откако изгубив драги мои личности,таа стана уште поголема.Пример-брачед ми ќе одеше некаде и ќе го немаше повеќе од вообичаеното и јас му ѕвонев дури не си дојди дома.Тоа се случуваше прилично долго време,се додека не почнав да не мислам на тоа каде е и со кого е ,односно било кој од моето семејство.
    Во моментот кога ќе ти се појави тој страв ти помисли на најпозитивното нешто,како што веќе почна да правиш.Речи си на самата себеси дека ќе си дојди за брзо,како што кажа и Серафима,можеби е со другарчињата или е на час,се заиграл некаде или отишол во слаткарница.Не е лесно да одиш против психата,но мораш да се справиш со тоа,речи си на себе нема ништо страшно во тоа и мораш да се ставиш себеси во прв ред,сепак ти треба да си си најважна на самата себеси.Доколку мислиш дека има потреба да одиш на психијатар,посети го,зборувај со него и ако не сакаш да одиш кај тетка ти кажи и на мајка ти дека не ти е ззгодно да одиш кај неа и дека сакаш кај друг.
     
  7. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    :x Исто како самата себе да се читам. И порано имав вакви периоди, но никогаш не ми било толку тешко. Просто се ужаснувам кога слушам на вести од какви банални работи умираат луѓето, па тоа може и на нас да ни се случи. А, кај што вози брат ми скутер иако знам дека не е толку опасно мене срцето не можи да ми се смири и се препотувам се додека не се врати. За ова никој не знае мислам дека нема да ме сфатат...и сите ми велат дека од ништо правам нешто, ама не можам да се смирам. Едвај чекам да почниме на школо да ми се пополнува времето да немам време за вакви глупости да мислам.
    И не ми е воопшто грижа што ми се случува мене, мислам само на блиските. Знам дека е убаво што се грижам ама ова е претерано, ми се лоши, не можам да јадам само навечер кога знам дека сите сме дома некако мирна ми е душата.
     
  8. Melory

    Melory Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    2

    Во право си за тоа што не сакаш да одиш кај тетка ти затоа што ќе неможиш ни збор да презбориш. Инаку и јас имам тетка психијатар ама бог ме чувал не ми затребало такво нешто. Мој совет е пробај да се оддалечиш од него нека не те известуваат каде е што прави и сл. можеби ќе можеш малку да се оддалечеш и да си обрнеш внимание на сопствениот живот.. Поз :) ;)
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу добро ве сфаќам како се чувствувате затоа што и јас бев на работ од вакво нешто.Сепак не дозволив тоа чувство да ме надвладее. Се работи за многу блиска личност, и точно тоа, претерана загриженост, каде е, со кого е, да не случајно задоцни,па ако и се случи нешто... Многу се плашев. Свесна бев дека не е во ред, и успеав сама, без ничија помош, без да кажам на било кој, да се ослободам од овие непријатни мисли.
    Значи кога ќе почнеш да мислиш на лоши работи, веднаш најди нешто што ќе ти го провлче вниманието, некоја работа, демек неодложна, и биди зафатена. Јави се на некоја другарка да ти дојде на кафе, за да не останеш сама и да не тонеш во грижи. Читај книга, гледај филм. Значи било што, само не останувај сосема сама со твоите мисли.
    Убеди се самата себе дека тоа што тој/таа доцни е сосема оправдано и неопходно, а не дека се случува нешто лошо. Пробај сама да ги контролираш мислите. Ако неможеш сама да се справиш со ситуацијата, слободно зборувај со некој. Дали тоа ќе биде стручно лице или некоја блиска личност, тоа е твој избор.
     
  10. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Исто потполно исто. Не можам ништо да правам нормално кгоа не сме сите дома. Едвај чекам и јас д апочнеме на школо не е тогаш до толку...имам барем што да правам...и мене никој не ме сфаќа сите мислат дека се глупирам...ама не е до мене.
     
  11. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Мајка ми знае за ова ама таа секогаш упорно ми вели дека морам сама се да надминам...џабе зборувам никој не ме слуша...
     
  12. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Ќе пробам се...Фала :) ;)
     
  13. LittleCupcake

    LittleCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Па добро некогаш успева кога мислам позитивно ама сепак не секогаш.
     
  14. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    И јас го имам проблемот со блиските личности кои ги сакам и порано претерував. За среќа другарка ми е психолог и ја прашав за совет. Ми рече дека луѓето кои претерано се грижат за другите , имаат потреба да воспостават контрола над се. Тие луѓе имаат проблем најпрво со самите себе. ТРЕБА ДА СЕ СВАТИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА НИ Е СЕ ПОД КОНТРОЛА, ЗАТОА ШТО САМО ТАКА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ СИГУРНИ.Еве , јас се плашам од кучиња затоа што не сум чувала куче и не знам како да се однесувам со него, да го контролирам и затоа се плашам. И за да се олабавам мојата другарка ме потсети на мојата вера и ме праша каков верник сум јас кога не верувам дека Господ ги чува сите за кои се молам и да имам повеке доверба во него. И УСПЕАВ, ЗАСТАНУВАЈКИ ПРЕД ИКОНАТА, ПОМОЛУВАЈКИ СЕ СО ИСКРЕНА НАДЕЖ,ВЕРА И ЉУБОВ КОН Бога и обратно чувствувајки дека Господ е милостив, дека не сака кога вака му покажуваме љубов и ништо лошо нема да им се случи. Олабавив и се почна да изгледа полесно.Дури кога поминував покрај кучиња скитници се помолував со љубов за нив , замолував да се тргнат од мене и тие некако чудно ме гледаа и се тргаа.ЕТЕ ТАКА, МОРА ДА ИМАМЕ ДОВЕРБА , ЉУБОВ, ВЕРА И НАДЕЖ И НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ