Koga bila mojata majka devojce (12-13 g)nejzinata baba bila mnogu bolna i majka mi cesto ostanuvala so nejze da i pomaga.Po nekoj mesec baba i pocinala. Dva-tri meseci podocna sekoja vecer i doagala vo son i i zboruvala deka ke ja zemi kaj nea bidejki mnogu ubavo se grizela za nea. Sekoja vecer ja brkala po dvorot,ama majka mi sekogas uspevala da i se sokrie za da nemozi da ja zemi baba i. Kutrata i bilo strav da si zaspie. Posledniot pat koga i dosla na son i rekla deka pred Veligden do veliki cetvrtok mora da pojde so nea. Pominale desetina dena i majka mi podzaboravila na sonot... Na veliki cetvrtok imale nekoi rodnini na gosti,podocna so tatko i otisla da gi isprati gostite... Izlegla na patot i ne go videla kamionot sto doaga... Taka loso ja udril sto ostanala vo koma mesec dena,lekarite rekle deka sansite se skoro nevozmozni da prezivee i da ima normalen zivot. Koga se razbudila bila celata vo gips,ustata i bila celata iskrivena od shokot i ne i davale ogledalo so meseci. Ama ete,koga saka gospod da te pozivee .... Se oporavila za kratok period i vodela normalen zivot(brak,tri deca,rabota,sega penzioner) Zdravstveno e top...
Сите спијат, затворени врати и прозорци, живеам во куќа, соседните куќи се минимум 20 метри подалеку од мојата куќа, а мојата соба корне на цигари. Неколку пати ми се случува ова сеуште неможам да разоткријам што навистина се случува.
Брзо запали темјан и попрскај со света вода. Некој од мртвите души што бил пушач,можно е да доаѓа да те посетува навечер. И обавезно стави крст над креветот кај што спиеш,оти можи да дојде на сон и да те угуши.
Да не има нешто во близина, фабрика, стовариште, нешто некој да пали во близина? Кај дечко ми има нешто слично во близина, а не многу блиску, и кога палат дури внатре кај него смрди како најблиска соба, иако и прозорци се затворени, и врати, и се. А, кога веќе отвораш прозор - отров.
Фантомски мириси обично наликуваат на чад од цигари, значи би требало да посети или оториноларинголог или невролог. Ама дечкото порадо би верувал во духови
Нема ништо такво во близина. Живеам во населено место кое се наоѓа на 700 метри надморска височина. Населбата е од разбиен тип како што кажав соседните куќи се минимум 20 метри подалеку од мојата. Надвор освен на планински воздуш не мириса на ништо друго посебно во вечерните часови но нечесто се случува мојата соба да труе на цигари. Ма нее таман работа. Добро знам како мириса и тоа.
Пушат цигари и таткоми и мајками но внатре не, посебно не во мојата соба, ова се случува навечер додека само јас сум буден. Барав по интернет, читав што имаат пишувано луѓе кои го имаат истиот проблем. Некои велат фантомски мириси некои велат дохови. Не верувам дека дошол дедоми покоен со цигара да ме посети. А незнам зошто би ми се случувало да имам фантомски мириси кога причинители за тоа се Алцхајмерова болест, епилепсија или употреба на психоделична дрога. Ниту имам такви болести ниту употребувам дрога.
Нека му пренесе некој да си иде на лекар, дека не се духови, може да е психолошки, невролошки или оториноланголошки проблем. За здравствени проблеми друг пат во соодветната тема да пишува ако сака соодветна помош да добие.
Пренесими ти зошто други да ми пренесат. Кажи дека мислиш дека сум луд слободно нема да ти замерам, не пишувај во шифри. Фала му на Бога немам никакви сериозни здравствени проблеми, го пишав тоа како необјаснива случка кој ми се случила, не побарав медицинска помош, помош од бајачки или некакво истерување на духови. Поздрав.
Пишав еднаш, мислев ме игнорираш. Жалам што имате такви предрасуди, ама невролог ти е лекар што е одговорен за нервниот систем, не само за централниот туку и за периферниот. Ако невролог за тебе значи дека некој е луд, значи луѓе со спондилоза, ишијас, дископатија, сите се ненормални. Самото тоа што ти се случува само кога си сам може да укажува на психолошки проблем... Ама не е проблем, еве, нека те посетува дедо ти со цигарче...
Јас кажав дека НЕ верувам дека ме посетува некој дух, прочитај убаво. Инаку нема потреба да одам на лекар бидејќи одам редовно на комплетни прегледи бидејќи сум спортист. Го кажав тоа како необјаснива случка која мене ми се случила неколку пати, не побарав никаква помош.
Да де, затоа на сите што ти викаат "да не е ова", "да не е она" одговараш со, "не бе, нешто друго е ", а кога ти дадат вистинско објаснување одговараш со "не барав објаснување". супер контрадикторно. Typical
Не сум баш сигурна дали мислењево ми е за тука, но морам некаде да пишам. Пред 10тина год. отприлика почина на баба ми зет од сестра. Додека беше жив често доаѓаше кај нас,заедно живеевме тогаш со баба ми и дедо ми. Кога ќе дојдеше со саати остануваше. Најчесто седеше со дедо ми, но се случуваше да дојде и кај нас на спратот.Јас тогаш бев дете и никогаш немав некој близок однос со него. А и кога ми зборуваше често беше како на потсмев. Од секогаш ми бил одбивен, постојано се потсмеваше на некој. Откако е починат, секоја година ми се случува по неколку пати да се сетам на него. Лошото е што тие мисли ми доаѓаат само кога сум сама. Тогаш имам чувство дека е тука до мене и дека сака да ме повреди. Не знам зошто ама најчесто ми се случува кога се туширам. Си мислам дека ако ја отврам вратата ќе ми се појави пред мене. Знам дека е невозможно да ме повреди ама тие неколку минути ме обзема огромен страв. И ова може 2-3 пати максимум да ми се случи годишно. Значи од нигде никаде. Нити сум го спомнувала, ништо. Имам чувство како да ме прогонува. Не знам како да се ослободам од ова. Знам дека ви звучи смешно но вистина е. Често се обидувам да најдам одговор зошто ми се случува така. Ама не знам, навистина не знам. Знам само дека не сакам да ми се случуваат вакви работи. Дали на некој му се има случено нешто слично?
Здраво. Не знаев каде да го напишам па тука некако најмногу ми одговараше. Синоќа кога си легнав да спијам неможев да го мрднам телото, не беше парализа во сон, бев будна ама беше многу чудно нешто не ми даваше да мрднам. Целата бев препотена и чувствував вибрации и одвреме навреме се стресував. Повторувам, значи бев будна и свесна. И чувствував дека се што сакам да направам, најголемите желби, најтешко остварливите работи дека ќе ми се остварат. И чувствував како минува енергија низ моето тело. Прв пат ова ми се случува, ама чувството беше неописливо. Многу е убаво кога знаеш дека најтешките работи и работите за кои сонуваш цел живот, ќе ти се остварат.
За слични ситуации можеш да прочиташ на темата https://forum.femina.mk/threads/sleep-paralysis-Парализа-во-сон.4726/page-3