Зависи во врска со што. Ако се работи да неможам да изберам меѓу розева и црвена блуза која да ја купам е тотална глупости. Но ако зборуваме за сериозни одлуки во животот мислам дека е лоша особина. Едноставно човек секогаш во животот треба да знае што сака, така побрзо ќе може да се одлучи меѓу две или повеќе работи.
Добра е..или па лоша сепак,не знам,не сум сигурна.Или не....чекај...да видам.. Шала на страна,секојдневна неодлучност за банални ситници е ,а за важни животни одлуки,очекувана.
Во ред е да имаш неодлучност спрема важни одлуки, но неодлучност при секакви ситуации, па дури и за банални работи е негативна особина.
Гледајќи според мене, да, лоша особина е. Често заглавуваш во дилеми и за скроз небитни работи, па тек коа ќе дојде ред за нешто поголемо да размислуваш, е тоа е веќе проблем.
Многу лоша особина, и се обидувам пополека да ја искоренам од мене. Толку многу се двоумам и многу пати знам да се предомислам, значи тоа е страшна работа....
Секако дека е лоша особина барем според мене,додека се одлучам за нешто можам и 10 пати да се предомислам ... Што би било кад би било работава ....
И те како е лоша особина,често сум неодлучна,не за ситници,туку за поголеми работи,и немате поим колку е грдо тоа чуство,колку се грди тие стеги и кочници кои не те пуштаат напред
Неодлучноста не може да биде добра особина. Иритира, замисли покрај себе личност, ја прашуваш нешто и таа се мисли едно петнаесет минути или со денови што да ти каже.
Да се согласувам, јас порано бев најнеодлучниот човек кој го знам и со тек на време сфатив колку е тоа лошо и непотребно, само одзема од времето
Дефинитивно лоша. Особено ако се работи за поважни животни одлуки. Во мојот случај неодлучноста се појави како резултат на одлучност и дефинитивност. Бев 100% уверена и непоколеблива во една претходна одлука, моја цел, меѓутоа со тек на време сватив дека направив голема грешка, зашто ми се сменија интересите и начинот на мислење. Затоа сега кога сум на прагот повторно да одлучувам за нешто важно се колебам на секои две-три минути, правам листа на предности и недостатоци ама пак не е доволно за да се осигурам во идната одлука. Можеби сегашната неодлучност ми личи како начин на претпазливост, но поради пренагласената преоптовареност со истата, чиј неспорен резултат се главоболки и непроспиени ноќи, можам да кажам дека претставува повеќе лоша отколку добра особина.
Уф, не да е лоша, најлоша е. Јас многу мразам што ја поседувам. Многу глупо се чувстувам кога бирам нешто и мора да прашам уште некој што мисли за тоа. Или ако купам нешто, а за мислам за тоа и уште некоја работа, 10 пати ќе се покајам, ќе мислам требало другата работа... И тоа се само ситници. Да не правиме муабет за големи и важни одлуки во животот. КАко детектив, собирам мислења од други, па правам планови што би било кога би одлучила за едното, а што за другото... страшно. И секогаш имам доза на каење зошто сум ја избрала таа работа, погрешна била....
Како може неодлучноста да е добра особина? Дефинитивно најлоша е....Не знам кој воопшто би помислил дека е добра. Јас сум неодлучна скоро за се, ама за оваа особина можам со голема сигурност и одлучност да кажам дека е лоша...многу лоша....