Можеби затоа што сака да види прво каква личност сум што искрено го ценам тоа кај секоја девојка, тоа е само показател дека станува збор за разумна особа, тука темата е друго... дали е нормално да се изгуби интерес поради тоа што некој немал односи затоа што одлучил да има само со жена во брак.
За повеќето девојки не е тоа пресудно. Не верувам дека заради тоа се оддалечила, прашај ја: Има некој проблем? Само тоа. Ако е искрена девојка, ќе ти каже.
Мислам дека редно време е да ја поканиш да излезете на едно кафе, да се запознаете во живо. Така е најдобро, ќе можеш да видиш дали е заинтересирана и очи во очи да направиш муабет со неа. Па да одлучите дали ќе бидете во врска.
Да потенцирам само, може погоре во текстовите го имам испуштено, не е во целост дистанцирана, се јавува од време на време, но не е истата особа што била до тој момент.
Едно од работите кои ги гледам како решение е баш тоа... мене ме интересираше дали е номрлано девојка да се дистанцира поради тоа што јас мислам дека е причина?
Можеби си игра малку топло ладно да види дали ќе излези на виделина нешто друго од твојот карактер. Или пак евентуално ако си директен и искрен како што велиш, прашај ја неа лично. Зошто вака да се стегаш и утре други ден за нешто друго да се замислиш дали да ја прашаш? Прашај си се што треба отворено и директно и ќе дознаеш дали сте компактиблни или не.
Ти благодарам на одговорот, и погоре пишав дека едно од вистинските решенија е да се праша лично (бар секој номрален така гледа), во тоа нема ништо срамно или страшно. Причината ради која не сум ја прашал е баш тоа што она знае дека и верувам во тоа што она го збори и не сакам преку моето прашање да и покажам недоверба, или пак да ја навредам на некој начин како особа. Пред се ја ценам. Жално е кога не се луѓето искрени едни кон други, но во такво време живееме.. искрено очекувам на такво прашање дека одговорот ќе биде, дека се е во ред и дека нема никаква причина за тоа да го мислам, но дали тоа ја кажува вистината?
Застани малку машки и зборни, не се плаши дали ќе ја навредат твоите зборови или не. Што е поарно да уживате во моментите и разговарате за се и сешто или вака да си ја тропаш глата по форуми и да прашувам и се мислиш што и како, хипотетични ситуации да симулираме и ментална гимнастика? Животот е премногу едноставен ако се разговара искрено и отворено.
Може да мисли дека сум имал или дека сум ја излажал кога сум и го кажал тоа што е вистина. Да сум имал не би ве замарал тука вас со вакви прашања, ја сум постапил целосно искрено кон нејзе. Не би се чудел ништо ако се однесува така како што се одесува поради тоа што се сомнева или слично, чудно ми е ако се дистанцира поради тоа што не сум имал однос, а се изјаснува како особа слична на мене.
А можеби те откачила поради nice guy синдромот кој очигледно го имаш. Другите демек неморални и не се ценат, а ти пресвета Марија. Плус еве од ракав неколку работи што ги приметив кај тебе што би предизвикале превртување очи кај скоро секоја девојка. Може не ги гледаш девојките како секс објекти ама очигледно ги гледаш како понебитни од нивните татковци, а и 20 пати праша што мислите вие како женски, како цел еден род да ќе има исто мислење за одредена работа. Не можам да ти кажам дека поради овие работи те одбегнува, бидејќи според тоа што го кажуваш не верувам дека и' пречат. Ама можам дефинитивно да ти кажам дека штом попрво би прашувал по форуми што е проблемот место да и' се обратиш нејзе, не сте толку блиски како што мислиш и не ,,комуницирате како дечко и девојка".
Ако сите се искрени како нас Понекогаш некои ќе ти ја престави лагата како вистина, а решението нема да добие одговор. Тука го бараме најдоброто решение, и од вас како девојки барам совет затоа што знам дека разговарам со разумни особи. Премногу сум ви благодарен на секој момент што сте го одделиле и сте ми дале бар по некој совет/одговор.
Дел од работите што ми се цитирани ти се извадени од контекст и апсолутно не гледам никаква поврзаност со тоа што си пишала nice guy Јас како и секој обичен човек се обидува да комуницира на нормален начин без претходно да повреди некого. Ниту мислам дека сум пресвета Марија, ниту можам да бидам. Можам само да посведочам за тоа што сум го пишал погоре. Немој да мислиш дека погрешно ти го имам разбрано мислењето, баш напротив го ценам како искрен одговор од душа.
А ова секоја девојка е нечија ќерка, не значи дека е понебитна од својот татко, него дека тоа што не сакам да и се прави на мојата ќерка, не сакам ни јас да го правам на друга девојка. Прашањето ми беше дали е номрлано поради таква работа да се дистанцира особа, и ми даде одговор дека "Не можам да ти кажам дека поради овие работи те одбегнува, бидејќи според тоа што го кажуваш не верувам дека и' пречат. " .
Не е љубов ова, заљубеност или ептен јаки симпатии ти се. Љубов е ко че помините доста време заедно, па и живеете. Тогаш ќе се запознаете мноогу мнооогу повеќе.
Немој да анализираш премногу. Викни ја да излезете, ако прифати ок, ако не никому ништо. Ти направи го тоа што можеш за да и докажеш дека си заинтересиран, ако нема фидбек од нејзина страна, тоа е тоа. Верувам дека си млад и ти е симпатија девојчето, ама многу лесно можеш да процениш дали некој е заинтересиран за тебе или не. Речи и пример ако те одбие за искачање со некој изговор дека ќе ја чекаш ако сака таа да изрази желба да се видите. Јас маж ми неколку пати го одбивав за излегување поради Х причини, а сакав да излеземе. После јас дадов иницијатива откако тој се откажа. Женски ќе имаш повеќе, не се врзувај само за муабети.
Тој момент е неизбежен, така да логично е дека ќе ја викнам да се видиме. Мене ми беше поставено прашањето дали е нормално да се изгуби интерес за таква работа. Lella кажа дека секоја особа различно гледа на тоа и апсолутно се сложувам со нејзиното мислење.