Ич не ти се извадени од контекст работите, тоа се твои реченици, ти си си ги напишал. Е сеа пошто пиша на форум, веројатно примаш совети и од девојки кои ниту се религизони, ниту се чуваат, спиеле со неколку души и апсолутно се надвор од твојов свет. Ниедна овде од нас не знае што и се врти на девојката у глава, тоа само она си знае. Ако ти осеќаш потреба нас да не прашаш, а не лично неа, не терате на добар старт одма да ти кажам. Ќе си собереш храброст и ќе си ја прашаш директно што планира таа со тебе и на што сте. Ако од старт тргате работи на страна ич, ама ич не е добро тоа. За секое тенџерче има капаче и ако навистина двајцата сте си компатибилни во размислувања тогаш терајте. Ама ние овде не можеме да ти кажеме зашо она така се однесува. Тоа само она може да ти каже.
Можи да се изгуби интерес за било што. Stop overthink your overthinking, okay? Зато шо утре други ден можи да ти речи "Ти си предобар за мене, ама мора да прекиниме". Јас еве можеби 10-15 минути те читам и веќе сфаќам дека си предобра личност и попустлива можеби, ќе се скапиш мислење мислењееее, ехеее.
Прво почит и за двајцата што сте конзервативци со поглед кон нормално опшество кое се темели врз моралните вредности во ова "ново време - невреме". И јас припаѓам во вашата категорија, кога те читав фактички се прочитав и јас, па ќе ти дадам одговор од мој поглед и ќе потврдам одговори дадени од погоре, а не од искуство бидеќи ни јас немам искуство. Океј нмв. Погоре ти одговорија дека најдобро е да разговарате, зошто преку разговор ќе успееш зошто се повлекла па дури и да ја прашаш директно што е проблемот. Ме зачуди тоа дека е океј на место девојче и дека карактерно се поклопува а сепак се повлекла. Mожиш да ја поканиш и да излезите некаде, па така ќе видиш дали е навистина е заентересирана или пак е фејк како што ти рекоја, па си нашла жртва за дружба некое време, пошто се уште сте фактички другари. Ниту едниот ниту другиот не си имате признаето. Едноставно сте Friend Zone па чудно се поклопиле особините.
@TomeAron колку години има девојката? Можеби ќе ти изгледа како глупаво прашањето но некои работи различно се доживуваат кога си млад а сосема поинаку кога си постар.
Се сложувам апсолутно со напишаново. Не е храброста проблем, него ме интересираше мислење од други особи како гледаат на таа работа во животот.
Ама не може мислењето на другите луѓе да ти е репер. Еве ќе ти кажам зашо ја не би била со тебе. Прво религиозни луѓе ми се најголем turn off, идејата за чистота до брак ми ја ежи кожата на максимум, мислам дека ако не искочи компатибилност на сексуален план во брак ќе се напукате со фрустрации, мислам дека секој човек го пука средновечна криза у тие години дека цел живот го потрошил на еден човек, мислам дека пресмешно е да не си тераш ќеф во животот кој бај д веј го имаме само еден итн, итн, итн. Девојчето ти гарантирам дека ни 5% од овие работи не ги мисли. Затоа ќе си собереш храброст, ќе ја викнеш на кафе и ќе си решите што сте. Можеби си вистински човек за не, можеби и не си. Ние тука овде не можеме да ти кажеме.
Ти благодарам на искрениот одговор, тоа и планирам, да ја викнам да излеземе и ќе се види на што е работата. Логично е дека секој си има свој поглед на животот, како јас така и ти. Го ценам твоето мислење и секој има право на избор што сака. Тоа што тебе те прави среќна, не значи дека и мене ме прави и обратно. Како и да е го ценам твоето мислење бидејќи е реално и искрено од твоја страна.
На социјална мрежа не се изнесуват факти за сопствен живот. Се комуницира до одредена граница, но се внимава што се пишува. Сепак не се кажува секогаш се за себеси. Како имаш доверба во некој што го немаш во живо видено, немаш сврзано 2,3 реченици. Зошто се дистанцирала мора да ја прашаш. А дека се чувала бла бла... се прикаски за деца. Можеби е се фарса за да те привлечи. Исто како и членката што напиша погоре и мене религиозни луѓе ми се turn off затоа што не судат нас другите што сме имале секс пред брак, сме нечисти...Побогу 21 век е живејте го животот
Апсолутно никој никого не суди на форумов, особено не јас. Секој има право на свој животен ситл, не мора тоа што ние сме одбрале да живееме таков начин на живот да се поклапа со вашиот и обратно. Пред се секој човек на овој свет има право на избор како ќе си го живее животот без претходно да бара одобрување од било кого.
Не верувам дека девојка која би се чувала до брак, дека ќе бара дечко со сексуално искуство, а дека тебе поради тоа те избегнува.
Ако е доволно возрасна тогаш ќе речам дека си и резерва. Другар со кој може за се да збори ама не се гледа со него во иднина. Сребрена резерва во случај да не најде некој друг. Извини сум сурова ама човек кој е доволно возрасен и знае што сака без разлика на религијата и посветеноста кон неа ќе знае да го објасни тоа. Во случајот девојката не се објаснува затоа што смета дека нема што да објасни. Ти си и другарот кој е затрескан во неа. Ако се работи за девојка во 18тите, 20сетите тогаш треба поинаков пристап.
Не е така. Исто е како машко кое бара невина девојка, а тој бил со повеќе девојки. @TomeAron Кај мене пресудно би било тоа што си невин. Пресудно би било и побожен. И јас сум неморална па подобро е кога би добил мислења од морални, побожни и невини девојки, ако се уште постојат такви.
@TomeAron а ти зошто толку и веруваш неа ? Позади тастатура јас можам се и сешто да пишувам а друго е па кога ке излезете да се видите и муабет да прајте . Тогаш барем се што ти лежи на душа ке и кажиш и неа ке ја прашаш. Или дека побожна нејки да излезе можеби чека ти да и тропниш на врата како стројник Шала на страна ама мене не ми е нешто во ред подолго време да комуницирате и да остане само на тоа. Дирек би ја прашала зошто се повлекла ? Што и пречи и смета или што проблем има ?
Јас на пример иако сум имала неколку врски немам ништо против да бидам со дечко кој немал односи досега, не го гледам тоа за проблем освен ако се чува до брак е тогаш е веќе проблем. Верувам дека и други девојки вака размислуваат. Како таа размислува не знам ама мене нешто друго ми падна во очи. Некој што не го познавам, преку интернет да ми пишува за односи и такви работи а притоа од друга страна да ми кажува дека е морален, побожен, религиозен итн јас одма би прекинала со пишување. Од старт имам негативно мислење за дечко кој не ме познава а пишува за такви теми.
@TomeAron мислам дека ти треба потврда од нас, дека нема ништо стршано во тоа да си 'невин'. Еве ќе ти кажам: Нема ништо страшно. Чисто сумњам дека се оддалечила од тебе баш поради тоа што си 'невин'. Нешто друго и' е проблем. И ти, како возрасен маж, кој се има веќе пронајдено себе си, ќе ја прашаш директно зошто те избегнува. Денес.
@TomeAron викни ја да излезете и одма ќе знаеш на што си. Инаку, зошто изгубила интерес може да има милион причини.Можеби е и нешто друго што си кажал, а можеби и тоа што немаш искуство ја одбило и покрај тоа што самата вика дека и таа е невина.Или пак барала начин да те откачи па ете се погодил моментот да се дистанцира.Ама сепак, отворениот разговор е подобро отколку само да се мислиш и да создаваш сценарија во глава за можните причини.
Дефинитивно потребен е разговор со нејзе, тоа е неизбежно, мене ме интересираше ваше мислење како гледате на тоа, и ви благодарам многу на сите за вашите одговори. Мислам дека нема потреба повеќе да се коменитра оваа тема, бидејќи како што можеше да се види и од вашите одговори, мислењата се повторуваат. Главното прашање на темата беше како вие гледате на тоа, и ме радува што го искажавте своето мислење. Овој форум е создаден од вакви "проблеми" и решил многу вакви "пробелми" па се надевам дека во иднина оваа тема со овие прекрасни одговори би помогнале на особа без разлика машко/женско која би се нашла во иста ситуација. Ви благодарам уште еднаш на искреноста!