Мислам дека темата ја губи главната смисла, поубаво оставете ја таква каква што е до сега, ипак би помогнала и на друга особа која би се нашла во слична ситуација, во спротивно ќе се изгуби секоја смисла.
Само со сопругата ќе има тој секс: one life, one wife правилото. Другите кои имаат секс надвор од брак, не се ценат себе според наш премудри. И после не се гледале знамиња. Ма шаторски крила се веат.
Искрено по начинов на кој што пишуваш делуваш многу несигурно бараш афирмација за секое прашање мислам дека ти недостасува самодовреба и можеби тоа е причината зашто се одалечила од тебе, невиноста сама по себе не верувам дека е причина пре би рекла дека тебе ти е проблем што си невин кога веќе неколку пати праша што мислат женските за тоа, кога веќе поради идеолошки причини или не знам какви си одлучил да немаш секс до брак треба да знаеш да се носиш со тоа, секогаш ќе има различни ставови но не треба да се преоптоваруваш со туѓи мислења.
Наместо да пишуваш цело време дека темава ја изгубила главната смисла и да повторуваш дека само те интересирало мислењето на други девојки цело време, викни ја на кафе и реши ја дилемата и end of story, пошто извини ама вака кога едно исто збориш цело време за морални девојки итн малце annoying стануваш. Поздрав.
Ќе тргнам од себеси. Ако со некој не сме биле ни на кафе, а сто пати се почнала тема секс на фејсбук, јас исто би изгубила интерес.
Мислам дека овде клучното што недостасува е хемијата. Можеби она има идентични ставови, мислења, начин на живот какви што се твоите, дури и конзервативноста не ја гледам како проблем, туку убедена сум дека врските засновани на калкулации, компатибилности и очекувања се осудени на крај, а кај вас еве не ни започнала. Смислата на врските и љубовта е емотивното доживување кое бараме да го искусиме, возбудата, пеперутките, привлекувањето, оргазмот, слободата да бидеш свој и гол пред некој во секоја смисла, а не трампање со невиности. Колку и да се убедувате дека сте морални, чисти (што и да ви значи тоа), сепак на крајот на денот сте луѓе со чувства кои чезнеат кон нешто повеќе од договор за скоцкана врска, брак.
Мене би ми било ризик да планирам иднина со некој што не сака да имаме секс, веројатноста дека нешто нема да биде во ред на тоа поле е поголема отколку да ти биде the best I've ever had А нели треба да е за цел живот.
Друже, ме мрзи да читам 5 страни не знам колку години имаш али небитно. Можда си кажал ама, како комуницирате? Се знаете у живо? Батали социјални мрежи, искочи запознавај се со луѓето во реалноста. На соц.мрежи сите сме во најдобро издание и најдобра слика за себеси. А најчесто лажна. Ова важи и за тебе и за неа подеднакво. Премногу долго време допишување нормално е дека ќе здосади, особено кога комуникацијата не се искачува на повисоко ниво, и тапка во место. Коа ќе ги исцрпите сите теми за зборење, шопрајме? Не и суди на мотивите дали е или не е таква личност каква што се претставува. Башка 100% и ти не си таква личност како што и се претставуваш.
Јас, во однос на оваа тема и слични вакви проблематики, можам да кажам само дека не треба да се нервираш (колку и да изгледа невозможно) и да оставиш работите да се случат онака како што ќе се случат. Зошто? Затоа што, модерното време ги направи луѓето да не знаат да бидат директни и конкретни. Некако, постои маска за се' нешто. Ретко да се начека тотално искрен и директен човек, личност што ќе ги отвори картите и ќе направи да ти биде јасно се' што не ти е. Зошто сега да си ја тупиш главата што ли може да биде проблемот, кога постојат разни опции? Зошто да не ти каже конкретно што е маката, па да си бидете на чисто? Излегува дека сите треба да бидеме скенери и да знаеме што мисли личноста спроти нас. А не можеме да сме такви. Така што - да, постојат милион причини зошто нештото е такво какво што е. Но, никогаш не можеме да знаеме што е она вистинското, точното. На тебе/нас е да избереме дали ќе се нервираме и ќе си правиме разни сценарија во главата (Да се измачуваме) или, пак, да си го продолжиме животот во надеж дека еден ден ќе се појави личност каква што посакуваме. Мора така. Светот полуде.
Се согласувам со се, освен со тоа дека хипокризијата е производ на модерното време. Од секогаш постоела, постои и ќе постои (најверојатно засекогаш)
@TomeAron, а да ја викнеш на кафе девојката и да видиш како ќе се однесува? Немој да ме фатиш за збор, но јас мислам да не се сомнева во тебе да не ја лажеш? Рече дека е морална девојка што значи таа не сака лаги. Друго не гледам причина зошто би се дистанцирала. А можеби се дистанцирала за да види дали ќе трчаш по неа. Затоа викни ја на кафе и кажувај ѝ комплименти.
Абе тој претпоставува дека е поради тоа што е 'невин' Господ знај, за што се' разговарале и како течел разговорот.
Постоела, ама мислам дека е позачестена и позастапена во денешно време. Се изгубија вистинските вредности, човештината ја нема.