Не би рекла дека е позачестена, туку поекспонирана. Интернетот ни даде платформа јавно да ги презентираме сите наши фрустрации и предрасуди.
Скроз! Јас тоа го кажувам многу често: на секој му е дадена дозвола за тастатура и сите се експерти за све живо. Растур-систем. Да не знае човек што да прави... Мислам, има и такви што си се држат до човештината, ама тешко е да се опстане ако си таков. Не знам више каков треба да бидам, за да бидам среќeн
Не мора одма со филозофии, искреност, неискреност, еее у време на Тито.... Значи девојката може се повлекла од милион причини, може и да се лични или семејни не мора да се поврзани со дечкото. Може и здосадило да си пишуваат цело време без да се видат, па решила да се дистанцира. Како и сите други што веќе кажаа, треба да разговара со неа и да ја праша зошто се повлекла.
^ Да точно. Тоа може да е повеќе од било која друга причина. @TomeAron ние овде можеме само да нагаѓаме, а ти најдобро ќе видиш што е причината кога ќе разговараш со неа.
Мислам дека додека бил casual муабетот девојкава со намера да повеќе работи се заеднички без особена обврска кажала дека е истомисленик со тебе и дека ги делите истите ставови и ете и она се чува до брак , ама откако се вжештила работата и можеби дошло во кадар прво видување , а при тоа ти остануваш на ставот дека си невин и така ќе остане сватило девојчето дека си сериозен и дека успатно нема да признаеш дека не е вистина ( потајно надевајки се дека ќе кажеш дека си лажел само за да ја заинтересираш) , тогаш и светнало дека кога тогаш ќе се осети дека нема химен ама доцна ќе биде па решила со време да се дистанцира ...... Не се сите искрени и понекогаш подлажуваат без посебна причина , а некогаш кажуваат еве и поголеми лаги....
Дечко, кратка ќе бидам. Не ти дужи тебе никој ништо. Ако сте правеле муабет интензивно, и одеднаш приметуваш дека девојката изгубила интерес, прифати го тоа и move on. Ако сте имале редовна комуникација и наеднаш истата ја снема, направи си услуга и помири се со тоа без да бараш зошто, како, што… не ти должи тебе девојката комуникацијата да се одвива во правец кој ТИ го посакуваш. Посебно зашто сѐ се одвивало виртуелно. Ако премногу анализираш, само психички ќе се замориш, а ситуацијата нема да ја промениш. Луѓето ќе се понашаат така ко што мислат, ќе се предомислуваат, ќе прават што сакаат…и ти немаш контрола на тоа. Единствено на што имаш контрола, е како ти ќе се носиш со тоа.