1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неплодност кај мажи (азооспермија, олигоспермија)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од BEBEUS, 30 јануари 2010.

  1. BEBEUS

    BEBEUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo jas sum nova na forumof ako nekoj ima iskustvo so azospermija ve molam kazete nesto poveke dali moze da se lekuva.pozdrav
     
  2. dadada

    dadada Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    kolku sto znam azospermijata ne se lekuva .edinstveno oploduvanje e samo TESE
     
  3. ni23

    ni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Азоспермија

    Ве молам доколку некој знае или имал искуство со неплодност олигоспермија. :(
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.654
    Пол:
    Женски
    НЕПЛОДНОСТ КАЈ МАЖИТЕ - преземено од Твое бебе


    ИСПИТУВАЊЕ НА НЕПЛОДНОСТА КАЈ МАЖИТЕ
    Основни испитувања за да се утврди дали станува за неплодност кај мажите се:
    Спермограм. Со спермограмот се прави анализа на бројноста, концентрацијата, морфологијата, подвижноста на сперматозоидите, ликвефакцијата ит.н.
    Спермокултура. Со правење на спермокултура се дознава дали има присуство на патогени микро организми во ејакулатот.
    Доколку спермограмот укаже на проблеми со плодноста, понатаму се продолжува со испитувањата за да се утврди причината за проблемот. Дополнително се прават:
    Мануелно испитување на тестисите. Со овој преглед урологот може да утврди многу работи. Може да види дали се работи за варикочела (проширени вени во тестисите).
    Доколку тестисите се помали и меки, а бројноста на сперматозоидите е мала, најчесто укажува на проблем во создавањето на сперматозоидите.
    Ако пак тесисите се со нормален изглед, а бројноста на сперматозоидите е мала, тоа укажува дека веројатно постои некоја физичка блокада.
    При прегледот лекарот проверува и дали има некои абнормалности на простатата.
    Ултразвучно испитување на тестисите. Може да се забележат проширени вени, кои не може да се утврдат при мануелниот преглед.
    Испитување на хормоните.
    Генетско испитување. Се прави во случај кога со другите испитувања не се пронашла причината за проблемот. Понекогаш причината за неплодноста може да биде од генетска природа. Таков е Клинефертеровиот синдром. Кај овој синдром наместо 2 полови хромозоми (X,Y) има три (X,X,Y). Тоа го оневозможува создавањето на сперматозоиди.

    ПОДГОТОВКА НА МАЖОТ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СПЕРМОГРАМ
    За да се направи спермограм потребно е мажот да даде примерок од ејакулатот. Се препорачува воздржување од сексуални односи 3-4 дена пред испитувањето, но апстиненцијата да не биде подолга од 5 дена. Неколкудневното воздржување пред испитувањето ќе овозможи поголем број на сперматозоиди во ејакулатот. Доколку апстиненцијата е подолга од 5 дена, во ејакулатот ќе бидат присутни повеќе мртви сперматозоиди.
    Испитувањето мора да се направи во рок од еден саат откако ќе биде земен ејакулатот, а за тоа време не смее да се дозволи ејакулатот да се олади.
    Ејакулатот се добива со мастурбација и директно се става во чист сад. Не смее да се употребува кондом, затоа што кондомите најчесто се премачкани со спермицидни средства и резултатот од испитувањето би бил погрешен.
    Треба да се внимава да се стави целиот ејакулат, затоа што концентрацијата на сперматозоидите не е иста на почетокот и крајот. Почетните капки вообичаено се поконцентрирани. Исто така тоа ќе овозможи точно утврдување на неговиот волумен.
    Доколку заради грешка се испушти дел од ејакулатот, ќе биде потребно испитувањето да се направи друг ден.
    Доколку резултатот укажува на неплодност, испитувањето се повторува барем уште 2 пати, за да потврди дека навистина станува збор за неплодност. Понекогаш и кај плодните мажи заради разни причини може да се добие слаб спермограм. Токму заради тоа се прават неколку испитувања во рок од неколку месеци.

    НОРМАЛНИ ВРЕДНОСТИ НА СПЕРМОГРАМОТ
    Волуменот треба да биде поголем од 2 мл. Нормалните вредности за волуменот се од 2-6 мл.
    Нормалната вредност на pH е од 7.2 до 8. Ејакулатот е со базична pH вредност за да ги заштити сперматозоидите од киселата средина во вагината на жената.
    Концентрацијата на сперматозоидите треба да биде поголема од 20 000 000 во 1 мл. Иако овие вредности по препорака на СЗО во последно време се покачени на 40 000 000, сепак и кај мажи со помалку од 20 000 000 милиони сперматозоиди во 1 мл ејакулат може да дојде до природно зачнување. Врз ова секако влијае дали се добри другите фактори, односно морфологијата, подвижноста и сл. Мажите со концентрација на сперматозоидите од 10-20 000 000 се смета дека се со намалена плодност, а оние со помалку од 5 000 000 се сметаат за неплодни.
    Подвижноста на сперматозоидите треба да биде поголема од 50%.
    Виталитетот исто така треба да биде поголем од 50%.
    Морфологијата: треба да има над 60% сперматозоиди со нормална градба.
    Ликвефакција треба да настапи за 10-30 минути. Кога спермата ќе се најде на собна температура се згустува. Времето на ликвефакцијата е времето што поминува додека спермата повторно не дојде во течна состојба. Ако времето е продолжено може да ја намали плодноста.
    Прусуството на леукоците треба да биде помало од 1 000 000. Зголемениот број на леукоцити укажуваат на некоја инфекција.

    ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА ВРЗ ОСНОВА НА СПЕРМОГРАМОТ

    Asthenozoospermia
    Kaj астенозооспермијата има помалку од 50% подвижни сперматозоиди. Во случај на слаба подвижност најчесто се работи за некоја инфекција и се прават бактериолошки испитувања. Понекогаш причина може да биде и варикочела.
    Варикочелата се смета дека е причина за неплодноста кај околку 40% од неплодните мажи. Кај ова заболување вените кои ја враќаат крвта од тестисите се проширени. Се претпоставува дека заради проблемот со циркулацијата, во тестисте се покачува температурата и со тоа го спречува нормалното создавање и созревање на сперматозоидите. Најчесто се јавува на левиот тестис. Се лекува со мал хируршки зафат. Околу половина од мажите во рок од една година успеваат да зачнат дете. Сепак кај еден дел од мажите варикочелата потворно се враќа.

    Oligoospermia
    Кај олигоспермијата концентрацијата на сперматозоиди во ејакулатот е помала од 20 000 000 во 1 мл. Ова е само ориентациона вредност. До бременост може да дојде и со концентрација помала од 10 000 000. Многу поважен е вкупниот број на сперматозоиди во ејакулатот и нивната подвижност и способност да ја оплодат јајце клетката. Ако вкупниот броја на сперматозоиди е поголем, можно е природно зачнување.
    Ако концентрацијата е помеѓу 5 и 20 000 000 задолжително треба како причина да се исклучи варикочела. Во случај да се работи за варикочела се прави хируршка интервенција.
    Исто за појава на олигоспермија може да придонесе неспуштен тестис или крипторхизам. Во таков случај со хируршка интервенција се спуштаат тестисите. Сепак се смета дека зачувувањето на функцијата на тестисот е можна доколку операцијата се изврши до втората година од животот.
    Кај крипторхизмот може да не биде спуштен само едниот или двата тестиса. Ако се работи за само еден неспуштен тестис, а мажот е постар од 30 години, се препорачува отстранување на неспуштениот тестис. Оваа препорака иде од претпоставката дека неговата функција е неповратно оштетена. Оштетеноста на функцијата на тестисот е можно да се прогнозира преку испитување на фоликуло-стимулирачкиот хормон. Кај крипторхизмот овој хормон е често пати повишен и тоа може да биде индикација за степенот на оштетеноста на тестисот. Проценката може да помогне во изборот на операцијата.
    Доколку се работи за помала концентрација од 5 000 000 сперматозоиди на 1 мл ејакулат, се прават хормонални и генетски испитувања.

    Azoospermia
    Во случај на Азооспермија во ејакулатот воопшто не е присутни сперматозоиди.
    Задолжително се прават хормонални испитувања, а по потреба и генетски. Отсуството на сперматозоиди може да се должи на непостоење на сперматогенеза, но може да се работи и за постоење на сперматогенеза и некоја блокада.
    Доколку се работи за блокада, можна опција е нејзино хируршко отстранување. Сепак често пати оваквите хируршки зафати не се многу успешни. Друга алтернатива е посебна метода на ИВФ, при која со пункција се земаат сперматозоиди директно од тестисите на мажот и вонтелесно се оплодува јајце клетката на жената.

    Teratozoospermia
    Има помалку од 15% сперматозоиди со нормален облик.

    Necrozoospermia
    Во ејакулатот нема живи сперматозоиди.

    Polyzoospermia
    Кај полизооспермијата се работи за превисока концентрација на сперматозоиди, над 250 000 000 во 1 мл. Многу од овие сперматозоидите се со неправилна градба или неподвижни. Но и во случај кога се здрави сперматозоидите, спротивно на очекувањата, плодноста е намалена. Често пати успешно забременување се постигнува со инсеминација на жената, со преработена сперма.

    Hypospermia
    Волуменот на ејакулатот е помал од 2 мл. Ако волуменот е премногу мал сперматозоидите нема да можат да стасаат до грлото на матката.

    Hyperspermia
    Волуменот на ејакулатот е поголем од 6 мл. Спротивно на очекувањата и ова може да предизвика неплодност.

    Aspermia
    Во случај на аспермија воопшто нема ејакулат.

    ФАКТОРИ КОИ МОЖЕ ДА ДОВЕДАТ ДО НЕПЛОДНОСТ
    Некои веќе ги спомнавме:
    Варикочела
    Болести: болест на бубрезите, цистична фиброза, висока треска, инфекции, сексуално преносливи болести ит.н.
    Вродени нарушувања, нп.р. крипторхизам (неспуштени тестиси) или некое генетско нарушување.
    Повреда во пределот на теситсите. Може да дојде до повреда на крвните садови, а со тоа се спречува доводот на кислород и нормалната сперматогенеза. Во случај на повреда можна е потреба од итен хируршки зафат.
    Тумур на хипоталамусот, хипофизата или тестисите.
    Хемотерапија.
    Изложеност на зрачење или отровни супстанции.

    КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ СПЕРМОГРАМОТ
    Доколку Ви била препишана терапија земајте ја редовно.
    Има и некои многу едноставни работи кои можете да ги смените во начинот на живеење, а можат многу да придонесат за подобрување на состојбата:
    Престанете со пиење алкохол. Алкохолот влијае многу штетно врз создавањето на сперматозоидите.
    Престанете со пушењето. Дејството на никотинот е исто така многу токсично.
    Престанете со носење на тесен веш и почнете да носите боксерки. На тој начин температурата во тестисите ќе се намали, а тоа многу влијае врз плодноста.
    Немојте да се туширате со жешка вода.
    Редовно вежбајте.
    Воведете здрава, балансирана исхрана богата со цинк, селен, Ц витамин и Е витамин. Консултирајте се со Вашиот лекар за дополнително земање на овие елемени.
    Кај мажи кои се придржуваат на овие препораки, за само 3 месеци може да има големо подобрување. Секако тоа многу зависи од причината за неплодноста.
     
    На bijonse му/ѝ се допаѓа ова.
  5. milena15

    milena15 Нов член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    вака маж ми правеше спермограм и резултатите се вака
    ejakulat - 133,00*10на 6 мл
    вискозност -нормална
    волумен-3.5мл
    Пх 7.5

    аглутинација има слаба
    вкупен број во 1мл 38*10 на 6-1мл
    %на прогресивно подвижни -10%
    %на подвижни во место -30%
    %на неподвижни и мртви -60 %
    ликфефакација нормална
    докторката ни кажа дека резултатите не се добри и на мм му даде фертимакс 2 за 3 месеци дали има некој искуство со овие резулати и оваа терапија ве молам за мислење многу ке ми значи благодарам
     
  6. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Ако можете да ми препорачате добар уролог???
     
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    3.358
    за уролог баш не знам ама знам за ендокринолог кој многу е фален за проблеми со неплодност кај мажите, доктор Чедо Димитриевски од клиника за ендокринологија :) мислам дека работи само средите се закажува преку мој термин ( моја колешка со сопругот идеа кај него) :)
     
    На bambi55 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bambi55

    bambi55 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo ke moze li nekoj da mi kaze za azoospermija odnosno da nema voopsto spermatozoidi ima li nekoj lek ? I ako moze butterflysk da mi kaze kade na koja klinika e toj doktor?
     
  9. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.757
    Пол:
    Женски
    еве јас ке ти кажам ако не е проблем, докторот повеќе не е на клиника туку работи во систина :)
     
  10. bambi55

    bambi55 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram mnogu alisijad , da probame uste tamu moze ke ni se nasmee srekata.
     
  11. srna12

    srna12 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    dali ima nekoi koi so azospermija uspeale da zacnat i da dobijat dete???...
     
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.422
    Пол:
    Женски
    мислам дека има. Обрати се на темата вештачко оплодување.
     
    На januari19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Arnisa

    Arnisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    И кај мм открија азооспермија, светот ми се сруши, од понеделник почнуваме со испитувања па доколку некој има совет или искуство би му била благодарна да сподели.
     
  14. borba

    borba Нов член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Јас се борам со неплодност веќе 4 години. Паднав и во депресија и престанав да комуницирам со сите.
    По препорака на докторот направив блог каде би сакала да комуницирам со жени со исто искуство. Ве молам доколку сте заинтересирани, пишете ми на: http://borbazamajcinstvo.blogspot.mk/

    Поздрав на сите
     
    На Arnisa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...не си ни прва ни последна што има проблем за обременување тоа не значи да паднеш во депресија :( , а најмалку да не комуницираш веќе со никого , ;( твојот проблем може да е од психолошки фактор, но не таков да ти треба комунцирање со жени со исто искуство зашто ти немаш проблем со зависност некоја па сега ќе правиш групна терапија/ сеанса - па ќе се тешиш со други, туку ти треба да направиш шема список и постапно да проверуваш што не е во ред кај тебе или кај твојот партнер и зависно колку години имаш да биде поубрзано или порелаксирачко испитувањето...:inlove:
     
    На borba му/ѝ се допаѓа ова.
  16. borba

    borba Нов член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Извинете каснам со одговориве ама се заплеткав во истражувања за витамини и како да помогнат во неплодност.
    Па аптекартата му даде на маж ми PROXEED PLUS. Дали некој има искуство со ова?
     
  17. borba

    borba Нов член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Скроз си во право! Веќе неколку дена вежбам добро расположение па кога ќе дојдат лоши мисли ги бркам. Спортски сум активна и морам да признаам дека добро се чувствувам.

    Не дека сум ептен добра ама мислам дека со ентузијазам и позитива ќе испливам :*
     
  18. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Jas za ovie 12 god pagav mnogu vo depresija a sega mi trebase edno da sfatam zivotot ima i drugi ubavini osven decata ubavo e da se ima deca ama koga ne se moze ne se moze
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    A za maskata neplodnost dobri bile godzi bobinkite