1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неправилна вагина

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Fabulus, 26 јануари 2011.

  1. Fabulus

    Fabulus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Девојки дали некој од вас го има овој проблем? Значи не е вагината како кај сите, туку тој средниот дел е поголем и е надвор од вагината. :$ Кај мене е вака и многу ми е срам поради ова и да имам односи. Дечко ми сака постојано да имаме, досега несум имала и ме прашува зошто несакам а јас неможам да му кажам. Многу ми е срам поради ова да отидам и на козметичар на депилирање. А незнам зошто е ваква :| :?:
     
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мислиш на големи вагинални усни веројатно. Не си едниствена со овој т.н проблем,имам слушано и од други и знам дека е непријатно.Сега тоа не знам од што зависи, дали е генетски или од хормонално нарушување, ама тука ништо не можеш да направиш, освен да се прифатиш таква каква што си.Истото му останува и на дечко ти,сепак не е нешто за што си ти виновна, туку мајката природа.
    seks/vaginalni-usnicki-t2010/ тука можеш да видиш дека не си единствена.
     
  3. Gjavolce

    Gjavolce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Не си единствена...има многу девојки со ваков т.н.проблем.....мислам јас не би го ни нарекла ова проблем воопшто!!!! Нормално е кај секој да биде различно! Ич да не му ја мислиш и да не се секираш 8)
    Јас би ти препорачала да одиш на козметичар за депилација бидејќи чувството кога ќе си ја видиш мазна е :rock: :D
    Треба да си го сакаме сопственото тело без разлика какво е...и да бидеме горди на тоа што го имаме бидејќи недостатокот на самодоверба може да те спречи да уживаш во убавите нешта ;)
    И едно треба да знаеш...машките го сакаат женското тело без разлика на недостатоците на коишто само НИЕ женските обрнуваме внимание :)
    Ако се цениш самата себе си ќе те ценат и другите....затоа воопшто да не гледаш на ова како некоја мана, недостаток или проблем 8) Поооззз :*
     
    На Fabulus му/ѝ се допаѓа ова.
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Усничките ти се малку поголеми, па што? И мене ми се, дури и имам гинеколог прашано дали сум ОК? Тој се изнасмеа и ми рече дека баш сум нормална и дека нема никаков екстрем, дека е секси. Дека видел се и сешто, а дека се е нормално кај мене, исто и дека мисли дека сум негувана и чиста. Рече дека некои се жалат пак дека воопшто немаат уснички. Ккао и да е, тој многу ми ја врати самодовербата. Инаку, во секс не сум имала проблем воопшто. Можеби си умислила малку. Ма не мисли на тоа воопшто.
     
    На Fabulus му/ѝ се допаѓа ова.
  5. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Мислам дека погрешно ја разбравте Фабулус, она кажа дека средниот дел и е надвор од вагината, е не усничките.... но како и да е, јас сакам да и речам дека тоа природно си е така, ич да не те фати опсесија и уживај и со дечко ти во убавите работи, тоа не е неправилна, кај секоја девојка има по нешто различно од другите!! :hai: :hai:
     
    На Fabulus му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Колку што јас те разбрав делот каде што ти е клиторисот ти е поиспакнат,нема од што да се срамиш баш со ваква анатомија имаш предиспозиции за појаки оргазми,треба да се гордееш ;) !
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Големината на вагиналните усни, т.е лабиата и нејзината големина/должина се менуваат во текот на животот. Имам читано доста на оваа тема, бидејќи добив впечаток
    :tmi: ) дека повеќето мажи се `палат` на `зголемена [голема]` лабија`, т.е тоа станува се по-популарен фетиш на денешницава. :wasntme:
    (за да имаат што да шмукаат :$ )

    Читајќи дознав дека древните Азијски племиња уште во пубертет си ја (незнам како се викаше таа посебна техника која тие ја имале) од прилика`тегнеле` лабијата за да им стане поголема како би доживувале по екстремни оргазми на време на сексот и би немале проблем при пораѓањето . |(
    А можеби имале и некое религиозно целемонијално значение (бидејќи мајќите ги `учеле` своите ќерки на таа традиција, штом дојдат во пубертет) како што е сунетисувањето во исламот да речеме...


    Невермајнд...

    -наспроти -модерните хируршки интервенции на вагината (одстранување лабија, интервенција на урета и клиторис, намалување на самата школка на вагината и.т.н..и.т.н..)

    - денес во скоро сите Секс Шопови ќе најдете штипки со тегчиња кои се прикачуваат на лабијата (ваг.уснички) за таа да се зголеми, (пирсови со тегчиња, вакум пумпи за вовлекување на лабијата и слично) |(

    Кому како му одговара :D Некои мислат дека е секси- некои дека е грдо! :geek:

    бтв. (да не заборавам) Некаде прочитав дека и начинот на мастурбација влијае на формирањето на лабијата во развојот на женското тело. :wasntme: Мене ми звучи логично!
    Бидејќи факт е : си имаме сите свои техники на мастурбација, не го правиме сите тоа исто. :)
     
    На Fabulus и stilas7 им се допаѓа ова.
  8. Fabulus

    Fabulus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам ме утешивте малку. Јас си имам комплекс со тоа, но се надевам набргу ќе го снема. Пресрамувам некако да одам на козметичар на депилација па се надевам ќе се наговорам некако да отидам :lol: Зошто баш ова јас го имам |( Изгледа јас спаѓам во групата на тие што не го сакаат... :lol:
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Мене вагината ми е ок, ама задникот ми е многу голем, па што да му правам? И многу целулит имам. Ама си идам на депилации и муа не ме лази. Бркај си работа :lol:
     
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.827
    Пол:
    Женски
    Јас имам поголеми усни (јас си ги викам мрснички) :D , а имам другарка на која, како кај тебе, клиторисот и е поголем, па сосема и излегува над усниците. Мене на пример воопшто не ми се ни гледа... тоа е исто како што сите немаме ист нос, исти уши, иста уста, така и со вагината. Не се замарај, сосема е нормално ;)
    Што се однесува до депилација, виделе тие се, не си ти прва... :lol:
    а дечкото ако гледал доволно порничи ќе знае дека ниедни две не се исти и ќе те сака каква што си :wasntme:
     
    На Antares8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. missA

    missA Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    хаха и јас се наоѓам во истата група и сакам само да те охрабрам да не гледаш на тоа како на проблем, бидејќи верувај ми никој околу тебе кој што ќе има шанси да го забележи тоа (гениколог, депилаторката, дечкото...) нема да го чувствува како проблем :)
    јас имам врска 3 години и дечко ми ниту еднаш не го споменал тоа ниту на зафрканција
    уживај и не се секирај ;)
     
  12. girl88

    girl88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Девојки помагајте.Имам проблем.

    Левата 'labia majora' т.е левата голема усна на вагината ми е драстично поголема од десната,како издолжена ,како истегната,како истегнато парченце да имам :D .Значи вака ми е уште од многу мала,да не речам одсекогаш,само сега особено ја забележувам :D . Не чуствувам ни болка,ни ништо посебно,само вака естетски малку ми пречи и ми е страв да не е нешто страшно и ненормално :D ,а имам читано дека нормално е усните да се различни.Сум немала односи до сега.Сум била на гинеколог само на ехо,а ми е срам да прашам за мојов проблем....

    Ве молам помагајте....
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Тоа не треба да го сметаш за проблем!...
    Ете и јас сум истата, па што да правам... Левата ми е 2пати поголема од десната.... Значи кј секој е различни, и не е ненормално и страшно...Доколку се разбира не осеќаш некакви други промени и болки и сл....
    Пробарај по анатомии и физиологии и ќе видиш дека не е кј секој исто...
    Ноу секирејшн ;)
     
  14. girl88

    girl88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Фала ти :D Ме релаксира :D Позз :D
     
  15. LadyEvil

    LadyEvil Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    И јас сум како тебе :) Порано се депримирав и ми беше срам кога одев на депилации, и на почетокот на сексуалните односи бев здрвена од страв дечко ми да не примети..
    Не знам на колку места имам прочитано дека е тоа повеќе од нормално, ретко е на некоја девојка двете усни да и се со иста големина. Тоа ти е исто како левата рака да ти е поразвиена од десната или обратно, а кај сите е така. Не е проблем, не е нешто од што треба да се срамиш, едноставно заборави на тоа. И друга работа, на некои машки тоа им се допаѓа ;);) :lol:
     
  16. feminka38

    feminka38 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Го имам истиор проблем, но сум немала односи до сега, дали е страшно?
     
  17. Bobson

    Bobson Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Јас имам минијатурни мали лабии:) многу се смешни... Сум слушнала повеќето другарки ми се жалат дека едната од другата лабија им е многу поголема или пак дека малите им искачале нанадвор ама сето тоа е нормално.на крај краишта ако толку смета постои и лабиопластика што се прави и тука во македонија .
     
  18. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Луге тотално не го разбравте проблемот, иако е темата одамна поставена еве ќе се обидам да појаснам. Кај неа е поиспакната комплетно внатрешноста на вагината. Еве на примеер вие кога стоите ви се приметуваа само усничките малку ако се поголеми, додека кај неа надворесните усни т.е оној дел каде што ви растат влакненца одоздола не се затвора ниту кога стои или кога лежи со доближени нозе. Секако дека ова е голем проблем и неубава глетка и секако дека може да воведе до комплекс но што е тука е несакам да тешам никого и неверувам дека постои чаре за овој проблем.
     
  19. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Моите се вакви и многу поголеми. И со доближани нозе да стојам, ми се гледаат многу, како да ми виси нешто даму доле.:$ Претходно не ми претставуваше никаков проблем, но сега почна да ми смета. Како да се ослободам од тој комплекс? Читав дека тоа е нормално, но сепак смета :(
    Поздрав девојки :*
     
  20. Antares8

    Antares8 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Не мора да е воопшто проблем, туку напротив - доблест ил посебност. Станува збор за сензибилитет меѓу партнерите. Некои мажи како мене не само што не им смета туку им се таквите лабии ткз. "фетиш" :) Некои сакаат друг дизајн...некои трет....Во дамнешноте времиња во ведскиот свет добриот партнерски однос и привлекување се следело низ комплицираната ведска астрологија...Едноставно кога некои параметри ќе кликнат има поклопувачка обострана љубовна привлечност...а воедно и протокот на сексуалната енергија со различен партнер различно тече, али и брачниот соживот е важен не само креветот да биде ритуал. Не дека само компасот е во ѕвездите и дека треба да бараш готов производ....имаш момент на пронаѓање и взамено растање. Но доколку нема кондиција партнерот за долги љубовно стази и све се базира на смртното телесно-анимално уживање односно без виша љубов и свест сите односи се осудини на смрт...само вистинската и длабока љубовна состојба е бесмрттна. Без никакви комплекси....сакајте се и уживајте во себе и што зрачиш то привлачиш.