лоша миризба Имам 17 години. Проблемот е тоа што непријатно мирисам а таа миризба доаѓа од мојата вагина. Во последните 3 мисеци често се случува тоа. Направив тест за мокрача и брисеви, ама се покажа дека кандида не е пронајдена а и мокрачата е во ред. Менструација имам редовно, не сум била сексуално активна, не имам никакво пецкање и чешање, можеби ми е зголемен секретот. Оваа реа ме плаши бидејќи не можам да бидам како што бев порано, непријатната миризба се шири насекаде околу мене а тоа навистина ме загрижува (Има некаква миризба на леш). Што треба да направам или да сменам на себе си или да употребувам нешто бидејќи навистина не се издржува веќе. Од што може да мирисам токлу лошо ? Совет ?
лоша миризба Па поредовна хигиена, користи интимни влажни марамчиња, гел за интимна употреба, депилирај се често, зошто несреден срамен дел задржува повеќе миризба од обратно. Непријатната мизирзба е знак за некоја инфекција, ме чуди како не ти нашле ништо. Можеби треба да појдеш на друг гинеколог и да испиташ се повторно ако правиш се од погоренаведеното.
лоша миризба Претпоставувам за овие 3 месеци си пробала се можно, затоа најубаво да одиш на гинеколог и да му кажеш што е работата, сепак е стручно лице сигурно имал ваков проблем и другпат.
лоша миризба Христина, јас ти препорачувам чај од ајдучка трева. Две до три недели по ред ќе пиеш пола литар до литар чај од ајдучка трева. Кога го спремаш важно е водата да не зоврие туку пред да почне да врие ќе ја тргнеш од шпорет и ќе додадеш три лажички чај на еден литар, и ќе го покриеш лончето , пареата да не излегува. Чајот ќе го најдеш во билна аптека, на алкалоид е, во проѕирна ќесичка. Исто со овој чај може да се одмиваш , но јас само го пиев. После 3 недели ќе престанеш да го пиеш, веќе по 10 дена ќе ја приметиш разликата. Ќе направиш пауза од две недели, па ако сакаш може пак да продолжиш да го пиеш, не дека е штетен но да не се претерува. Верувај , испробано е ова, во целост ќе ја снема миризбата.
лоша миризба мислам дека треба да појдеш на гинеколог, да му објасниш што и како ти се случува,а потоа да пробаш и од чајот што ти го препорача Ирена , можеби навистина ке ти помогне
ке ве молам поможете Веке 4 месеци имам бел исцедок секојдневно , немам болка ни пржење само непријатен мирис и во големи количини , непријатен е и нема нешто што не сум пробала но за жал ништо не помогнало ... ке ве молам ако можете да ми помогнете .. ви благодарам
Си била на гинеколог? Мора прво да ја утврдиш причината па потоа да лекуваш. Има милион бабини лекови ама дали ќе ти помогнат е знак ? додека не го утврдиш причинителот. Еве на пр. миење со вода во која има растворено сода бикарбона, миење со чај од камилица, вагиналети...
Непријатната миризба најчесто е резултат на инфекција. Тешко да се излекува без лекар. И уште нешто, колку подолго чекаш да одиш на гинеколог (односно колку подолго си ја носиш инфекцијата) толку потешко се лечи, станува поупорна. Со брисеви на гинеколог ќе се покаже која инфекција ја имаш и со што лекарства треба да се третира. Нелечените инфекции може да направат сериозни проблеми.
И јас го имав овај проблем, за жал, но отидов на гениколог и ми препиша некој рецепт. И секако користам Нивеа интимег гел за миење и тоа секој ден. Миризбата исчезна.
непријатна миризба Девојки,ако може малку помош незнам како да почнам едноставно и од кога ке се избањам убаво таму долу сеуште кога ке фатам со раката и кога ќе помирисам ми мириса непријатно :/ не толку многу колку што беше пред бањањето но сеуште мириса .. а редовно се мијам долу,ако не секој ден барем секој втор ден .. навистина ми е непријатно а незнам што да превземам ..
Оди на гениколог. Не малку девојки го имаат овој проблем, најчесто станува збор за некоја инфекција ама не ми се верува дека е нешто страшно. Колку побрзо отидеш - толку подобро.
Девојки, јас сум нова на форумов и го направив профилот само да ве прашам ако знаете да ми помогнете Од пред некое време сум сексуално активна значи Неколку пати сме имале односи со дечко ми и кога сум возбудена и навлажнета имам некаква чудна миризба таму долу, некако киселкаста, невообичаена за мене хигиената ја држам на високо ниво секогаш, се мијам дури 4-5 пати пред односот и обично не мириса на ништо дури и мирисот од интимниот гел се осеќа, а подоцна не :/ Како можам да го спречам тоа,навистина ми смета, не смеам дури ни да се опуштам ве молам помогнете ми и кажете дали сум единствена? Како е кај вас? Однапред ви благодарам ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ
Кажете ми некој лекбидејки досега не сум била на генеколог а и непријатно ми е од мајка ми бидејки таа не знае дека имам односи,а генекологот може да види дека сум скината и ми е срам дали може со камилица и со канестен да се отстрани тоа и како е кај вас?? имате обичен мирис, никаков или специфичен ? :/ Инаку фала навистина за советот, ќе почнам да се мачкам канестен никако нема да ми штети, а други симптоми незнам, имам бело,мааалку жолтеникаво прање ама не обилно и немам никакво чешање и никакви непријатности Благодарам многу и ако знае некој друг нешто ве молам помогнете и кажете ми како е кај вас
Секоја од нас си има свој специфичен мирис, така и ти - од многу фактори зависи тоа, пред се од вагиналната флора, но и од исхраната. Можеби тебе не ти се допаѓа твојот мирис, мислиш дека е премногу интензивен и непријатен, затоа што си оптоварена со тоа. Башка што не може да не мирисаш воопшто. А дали дечкото нешто се пожалил? Не значи дека имаш инфекција ако не ти се допаѓа мирисот - иако непријатниот мирис често укажува дека има нешто - а што, тоа само гинеколог може да го каже. Инаку, не можам да разберам, не ти е срам да имаш односи, ама срам ти е да одиш на гинеколог?! Би требало да одиш, докторот нема да и' каже на мајка ти дали си скината или не, не ни смее да каже без твоја дозвола. Мајка ти не мора со тебе да биде на прегледот, може да те чека надвор. А сигурно и не е толку наивна да не знае дека имаш сексуални односи. Сепак, знае дека имаш дечко, нели?
Annath најпрво фала за советот и да ти кажам и јас истото би го советувала на некој, да отиде на генеколог и би го рекла истото дека не е срам да имаш односи, а срам е да идеш да го провериш здравјето хахаха ама сега дека е за мене и некако ми е срааааам хх инаку малку ми олесна,разговарав со дечкоми на таа тема, кажав дека ми е непријатно од тоа и тоа, не знам ни јас како се отсрамив да му кажам каков проблем си имам, затоа што тоа не ми се случило никогаш кога сум си сама (знаете како) ииии тој ми рече дека најверојатно е од кондомите, беа дурекс од тие за зголемено задоволство и вели дека уште кога го отворил не му мирисале убаво( на латекс) ,а рече дека и во еден момент мислел дека е и од него И му реков дека само ме е страв да не ми е таков мирисот на вагината и ми рече дека тој убаво го знае тој мој специфичен мирис да не кревам паника Вие девојки сте имале ли некое такво искуство?
и јас имам проблем со непријатна миризба на вагината .. некогаш имам кафеав исцедок..дали е можеби поради тоа што со дечко ми кога имаме односи ми го става во вагината па во анусот па повторно во вагината?? мене ми изгледа дека откако почнавме така дека од тогаш имам непријатна миризба . можно ли е да е од тоа?? ве молам помош