колку што јас сум информирана, голема е веројатноста така да закачиш некоја инфекција, не е убаво тоа што сте го правеле, оти знаеш и ти сама дека од анусот се фрла тоа што не е потребно,и е доста гнасно, а вагината е нежен орган што може да се инфицира дури и од прашокот со кој се переле гаќите.ако веќе сакаш анален секс нека биде само анален, ако сакаш вагинален нека не го става во г... или нека се мие во меѓу време, непријатниот мирис ти е знак дека веќе имаш инфекција и за тоа правец во аптека си купуш вагиналети кансен и 3 вечери по ред спиеш со вагиналета, и сакаш да не се повтори гледај и таквиот најизменичен секс да го нема веќе.
На гинеколог под итно, да си направиш брисеви. Ова е некоја инфекција, штом мириса непријатно и имаш кафеав исцедок, ни кансен, ни канестен ќе ти помогне. Уште утре закажи за брисеви и бери ум за другпат. Анален секс имајте исклучиво со кондом, ако веќе планирате и вагинален истовремено. Аман бре деца
Непријатен мирис на вагината? Вчера ми се случи една незгодна ситуација.. Додека разговаравме преку телефон, ми спомна дека треба да користам некои црвени таблети (наменети за вагината ) со јод, бидејки сум имала речено бактерии кои ми предизвикувале непријатна миризба. Искрено пропаднав во земја кога го слушнав тоа. Досега не сум осетила некоја лоша миризба и иако многу сексуално активни, тој многу често ме задоволува орално и никогаш не спомнал ништо. Јас бев многу изнервирана поради тоа што го слушнав и му реков дека и неговиот полов орган не мириса сјајно Што се однесува до хигиена, редовно си ја одржувам, редовно се депилирам и ставам крема . Ако некој користел такви таблети ( јас првпат слушнав за нив ) или некој друг препарат нека ми предложи или нека ми објасни каква е нивната употреба и функција. Ве молам помогнете ми , бидејки се навистина ми е много непријатно пред него и не знам дали повторно во брзо време би се осудила на сексуален однос.
Непријатен мирис на вагината? Имаш вагинални таблети,околу 300 и нешто денари.Ставај ги навечер и ке се решиш со непријатниот мирис.
Непријатен мирис на вагината? пеперутке, немора да значи ако ја одржуваш хигиената и дека се ке биде во ред, некогаш флората во вагината се нарушува и од други фактори, на пример примање антибиотици, прашокот или омекнувачот со кои се перат гаќите и др. Е сега да те поправам на интимните делови не е препорачливо да се ставаат креми кои не се наменети за интимна хигиена, оти со самото тоа пак се нарушува ph вредноста и пак може да дојде до некои инфекции. Исто така спомна дека си сексиално активна, ако не користите заштита постои можност од сексуално преносливи болести. И да ти напоменам дека кај оралното задоволување препорачливо е партнерите да имаат и здрави заби и здрава усна шуплина, оти постојат бактерии што доколку ги има во устата на партнерот, при орален секс да се пренесат на вагината и да направат проблем. И не земај ништо на своја рака, посети гинеколог и направи се брисеви или пап тест, и ке дознаеш на што сте. поздрав
Непријатен мирис на вагината? Пеперутка, веројатно темава ќе ти ја префрлат ама јас да ти одговорам. Се работи за вагиналети Бетадине, но немој да ставаш без да идеш на лекар, иди си на гинеколог може да биде вистински проблем ако со време не се дијагностицира, можеби бетадинето не ти помагаат. Е сеа, не се лути што ти кажал, подобро што ти кажал отколку да ти криел, сепак забележал нешто и ти кажал. Значи оди си на гинеколог и ќе ти дадат лекови или вагиналетки кои ќе ти помогнат и нема да имаш мака. Со оглед на тоа што веќе сум поминала низ нешто слично веројатно се работи за Трихомонас, што не е ништо страшно, јас ја имав и тоа уште кога не бев сексуално активна, но да не се правам сега стручно лице а немам допирни точки со ова, иди си на гинеколог, направи брисеви и ќе си бидеш мирна. А Канестенот го користев многу често пред одреден период, на недела дена ставав по една, додека не ми направи алергија па да се чудам што ме снашло, затоа оди си на лекар со време
Mene mi pomogna toa sto otidov na ginekolog i mi dade neopenetran i laktogin... no eve po nekolku meseci nemam tolku mnogu iscedok no ponekogas se pojavuva neprijaten miris pa se odmivam so kamilica no ako prodolzi pak ke se poseti ginekologot
Непријатен мирис на мокрача и вагина Форумки мои најмили, имав секс со нов партнер без кондом и после еден месец мокрачата почна да ми мириса ужасно! ама она најужасно, а и вагината почна да ми мириса, доколку не се измијам два пати во денот мислам дека и другите околу мене чувствуваат. Што може да биде? Воспаление на мочни патишта или вагинална инфекција? Да одам прво на гинеколог или каде? Бидејќи не можам веднаш, што би ми препорачале да направам во меѓувреме? Ах, фала ви....
Непријатен мирис на вагина Во меѓувреме додека да идеш на лекар , измивај се со камилица , пиј чај од брусница и ајдучка трева , а може да си закачила некоја инфекција, и обавезно да идеш на гинеколог
Непријатен мирис на мокрача и вагина Ивана ти сигурно имаш инфексија.Под хитно на гинеколог,најверојатно по симптомите се работи за Трихомонас кој ги напаѓа урогениталните органи ,за кои се дава комбинирана терапија со флажил и вагиналети. Но не земај ништо на своја рака,тоа бара педантно лечење бидејки често се повторува,па верувај ништо во домашни услови не би ти помогнало,одмивај се сега со камилица и сода и во најскоро време на гинеколог.
За непријатната миризба и за секретот имам користено Гинекс 4 ми ги препорачаа од аптека биле добри со билки и алое но јас не сум баш задоволна од нив, ве молам кажете ми што друго имате користено од вагиналети за да го спречите непријатниот мирис
го користам овој како течен сапун за интима е(од десна што е,синото). од четирите најубаво овој ми мириса, а и ако имаш некое чешање го смирува
Девојки се борам со проблемот околу миризбата на интимата, се туширам на 2 дена и обавезно ставам гел за туширање,но многу брзо миризбата станува неподносива.Имате ли да препорачате некој гел.Ве молам за помош..
Па сеκаκо деκа ќе е неподнослива на два дена штом се миеш, тρеба сеκоја вечеρ да се замиваш аκо не се тушиρаш, јас се мијам обавезни пρед легнување, сеκоја вечеρ, па аκо осетам потρеба и повеќе.Со беκутан шампон само и вода, ништо дρуго, може имаш и инфеκција миј се со κамилица.
Пробај не ставај гел, одмивај се само со вода. Можеш да се одмиеш со чај од камилица, или со сода бикербона (една лажица сода во чаша топла вода). Со содата не претерувај , одмивај се 2-3 пати во неделата. Ако не исчезне миризбата веројатно некоја инфекција имаш.
Колку повеќе гелови, креми и триста чуда со ароми користите, толку полошо е. Почесто, односно секојдневно миење само со вода или нешто полесно што не содржи неприродни додатоци е доволно.
Pomos zeni imam neprijaten miris od vaginata za vreme na menstruacija a i posle toa ama mnooogu neprijaten. Microbioloski brisevi i pap test mi izleze candida spp Koristev meliora, olinorm Ama dzabe posle nekolku dena pak se javuva neprijate miris Mazot mi ne prima nisto zatoa sto doktorot mi rece ne bilo seksualno prenoslivo. Care drugo so da pram kazvajte