1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нервоза заради невработеност

Дискусија во 'Психологија' започната од macencef, 14 октомври 2011.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Можеби е тема која е многу позната во ова општество, но навистина премногу станав нервозна заради тоа што немам работа. Да не се разбереме погрешно, мојата фамилија е добро стоечка во однос на финансии, но ме нервира фактот што и јас не допринесувам. После безброј пуштени ЦВа и меилови, никакви резултати. Дали дојде време кога физичкиот изглед значи се? Бидејки знам дека не сум слаба и згодна, и кога ке ми побараат слика за некое работно место, знам дека нема воопшто да ме земат за предвид. А се прашувам, дали таквите компании воопшто и ги читаат ЦВата или прво прават селекција на база на изглед? Од кога квалификациите на една девојка што бара работа се на второ место? Кажете што мислите на оваа тема ве молам
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Можеби во моментот ти е малку падната самодовербата и затоа не си задоволна од себе. Ама најбитното е да си здрава и да се убаво чувствуваш.
    Тој работодавец кој сака да му се заврши работата верувај ми дека најмалку му е битен надворешниот изглед освен ако не е женкар. Квалификации и те како се потребни отколку да изиграваш некоја гуска и секој да се подбива со тебе. Си имаш знаење и твое си е, никој не може да ти го земе.
    Досадата и монотонијата убива а поготово ако седиш по дома без обврски. Клуч на било која работа се контакти.
    Биди упорна (како некое клише му доаѓа ова ама така е, упорноста се исплати), на крај краева ако немаш никакво раб. искуство земи волонтирај или надогради се. Само, не дозволувај да те убие нервозата и седење по дома.
     
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    И јас се нервирам некогаш што сум невработен, ама немам причина затоа што сум студент и “дете“ сум, допрва се работните денови пред мене. Ама не ми е свеедно сепак. Како ме газат годините така се повеќе сакам да се осамостојам и да си градам нов живот со мои пари, а не да “паразитирам“ од родителите како што е сега, ама не е моја ниту нивна вина, едноставно така одат работите. Во средно не се замарав толку со овие работи, ама сега како повозрасен се повеќе мислам на тоа кога ќе се вработам и да земам плата. Не ми е сеедно што месеци си врват јас учам, а на почетокот на месецот не добивам пари како награда за вложениот труд, знам дека тоа ќе си дојде после дипломата, ама ајде веќе нестрплив сум!!!!

    Не се жалам, родителите ми овозможуваат се' и ми даваат доволно пари, ама не е тоа тоа! Не се они работодавци па да ми даваат 300-400-500 евра на пр., туку ми даваат 10 пати помалку од третоспоменатата сума. :D Како студент ќе кажам го мразам студентскиот живот од аспект на финансии и тоа што ние сме најугнетувана категорија, секој гледа да профитира врз грбот на студентите. Затоа едвај го чекам денот на дипломирање и вработување и конечно да почнам да го чувствувам задоволството од животот. Не е далеку тој ден, за година и нешто ќе биде... ете и јас си го кажав моето мислење на оваа тема, па чекам подршка од вас, феминките. :D

    Како да преживеам уште 12-18 месеци и да не се нервирам што не сум вработен, а сум студент? Не ми е сеедно што гледам дека други од моја генерација што запишаа на приватни факултети со 3 год. студии еве веќе дипломираа и ќе почнат да работат, а и јас натаму ќе скапувам по државниот факултет, па башка и немам да зимам плата, а згора на тоа ќе се здрвувам од учење. :) А и државата не ни е Америка, па да ти даде можност за летниот распуст да спечалиш солидна пара за да уживаш после во учебната година со свои спечалени пари. Да 'рмбам цело лето за нето профит од 200-300 евра, не фала, не сум до тој степен загрозен, можат и родителите да ми ги дадат тие пари ако треба и ги даваат фактички со тоа што уплаќам за секој семестар и други студентски трошкови. Еве размислувам лето 2012 да одам во Америка преку размена на студенти, да акумулирам неколку илјади $ (ако е можно) и да си се вратам. :D Финтата е да се има стабилна и сигурна работа - не привремена, така ли е феминки? :D Еве и јас си ги кажав “маките“ и полесно ми е сега. Се испукав! :lol:
     
    На Vitorija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. klum

    klum Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    i jas diplomirana 2g sedam doma ko debil,baram rabota i nikade ne mozam da najdam,bev vo edna firma mi vetija edno a na kraj ispadna dr.samo lazat,bez pari sedam,sram mi e od moite da baram i poleka zapagam vo kriza,cesto placam i nemam volja za zivot
     
  5. vesna23

    vesna23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    81
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Луѓе ако во Мк немаш некоја врска било за пракса било за работа, депресијата чука на врата. И тоа е наизбежно. Најбитна е информацијата. Да дојдете до неа. Е сега има разлика кога се фаќа врска. Ќе фатиш врска за работа на пример, ама оправдано е до негде ако си имаш талент и се покажеш. Па ако има некој да те поттурне арно, ако не ќе си се тупите. Ја будала се по списка и прописка цел живот, а сум можела и те какви врски да фаќам. Најтешко ми беше кога гледав како сите си проаѓаат лесно, а јас тупи се бре по цели денови. Било за образование било за работа. А кога си нов ќе те скршат од работа. И само долетувам во ситоации каде сум оставена сама на себе и на мојата воља да се борам и надоградувам било за работа било за образование. Не се откажувајте, надевајте се а пред се станете и стоете за себе. Понекогаш упорноста се исплаќа
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    веке неколку месеци барам работа, пракам цва и апликациони писма секаде, џабе се се местенки
    ти даваат само лазна надез дека ке ти се јават, а се е однапред договорено
    ама , јас не се отказувам оти навистина ми се потребни финансии да ги довршам студиите и да им помогнам по дома, ке се борам до крај :)
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Проблем на денешницата, едните нервозни, другите депресивни. Тоа невработените...а вработените што имаат ниски примања и плата што им доцни 3 месеци? Во цела држава се шири едно такво чувство за безвредност што постојано фаќаме залет за да промениме нешто, а во истовреме толку сме немоќни, зашто стигнавме до тоа, за парче леб и душата да си ја дадеме под кирија.
    Би рекла да се гледа позитивно, ама искрено...секој ден се повеќе се осеќа во колкава криза навлегуваме и колку може само полошо да биде. И сите дома да ти се вработени, џабе ти е, кога платите не идат редовно, кога не можеш сини картони со време да си земеш. А цените растат и растат и растат...
     
    На lunicka и ilipili им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Младите во оваа држава дојдоа до степен да не знаат кој пат да го фатат...
    Дали после долгогодишни студии да прифаќаат секаква работа затоа што мора да заработуваат, ако си вработен пак се фрустрираш од малите плати или трпиш малтретирање од газди, дали да се пишиш бугарче и да бегаш надвор од границиве...како да размислуваш за кариера, фамилија и иднина кога годините си врват а ти стоиш во место или одиш со бебешки чекори и тоа не по твоја вина...Што се барало од тебе си сторил, и сега?
    Нервоза е мал збор за она што го носи невработеноста...
     
    На melissa, темјанушка, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ахх таа нервоза е секој ден присутна кај мене,таа јанза и бескорисност дека седам дома и не работам по милион пуштени Cv и маилови,тапкања по рамо дека ќе бидам вработена,а од никаде одговор,секој ден потрага по огласи на работа веќе сум при крај со нервите.Сакам и јас да допринесувам во својот дом и да се чувтвувам исполнето ,а не вака безвезно и празно во себе.За жал такво ни е општеството каде што шансите за врабтување на нас младите се минимални и мораме да фатиме милион врски за да се вработиме некаде.Сепак се надевам дека наскоро ќе најдам нешто да работам и ќе престанам да се чувствувам вака никако :doh: :worried:
     
    На melissa и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  11. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Многу не има со овој проблем.
    Не сум нервозна, ниту во депресија. Кај мене лично е друг проблем. Сакам да шетам, да посетувам места, да готвам убави јадења, да купам убави парчиња облека и тн. Кога работаш, имаш волја, можности, мотивација, плата и си ја користиш како знаеш и умееш, а вака зависен си од домашните. Лошо време дојде. Не можам да излегувам често, да купам тоа што ми треба. Се надевам еден ден ќе го добијам тоа што го сакам. Во меѓувреме си го пополнувам денот со разни активности, не се досадувам. Наоѓам занимации.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.120
    Вложувајте во себе, додека сте без работа не давајте мозокот да ви зарѓа што би кажала јас. Читајте книги, учете јазик, одете на курс, и кога ќе дојдете до една работа, не се ограничувајте, ширете контакти со пријатни луѓе што утре можат да ви се најдат. менувајте броеви. Кога ќе ви се прижи прилика да работете дајде максимум од себе и ќе ве задржат ќе ви покажат плата, нормално ако фирмата сака да оди напред. Знам дека се ретки, ама има и такви работодавци. ЈАс кога при првоп вработување отидов на работа, сите беа постари, без мотивација и за некои 6 месеци ги оставив далку зад себе по квалитет, брзина на работење, прецизност, креативност. Ми покачувале бидејќи им требав. Коелшки 3 год пред мене дојдени на крај земавме плата за 1000 различна, тие за 1000 плус.
     
  13. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Барам работа подолго време ама, џабе. Им оставаш лични податоци, во една фирма дури и на обуκа бев ама, κога отидов да прашам што е работата, зошто не ми се јават, ме прашаа дали ми дале на интервјуто формулар со трансκцисκа, реκов-не и ми вели: не си примана на работа. Велам, паκ да аплицирам, вели нема потреба. Не сум го поминала интервјуто.
    И таκа. Седам, чеκам среќата од небо да ми падне. Од дома ми зборуваат не ми се работело.
    Κога идам на работа, не можам да се расправам со шпиони и нема потреба да ме исмејуваат и да ме зафрκаваат. Е, тогаш ќе си седам дома, што би реκол татκо ми. :)
     
  14. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    3.025
    Пол:
    Женски
    Koja e pricinata sto tolku pati te odbile?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Епа, тоа треба тие да го знаат што не ми одговориле.
     
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Прво треба да знаеш што сакаш да работиш во која бранша и да аплицираш во секоја можна фирма од тој домен. Ќе си направиш претставително cv каде што ќе наведеш какво претходно искуство имаш, обуки каде си обавила се тоа. Со тек на работното искуството ќе научиш да не ги приметуваш шпионите или тие што те исмејуваат, кога работата ќе те исполнува нема да ги приметуваш ваквиве со такво примитивно однесување. А и да ги приметиш и те изнервираат кратко ќе трае тоа кога ќе се сетиш дека работиш тоа што сакаш и плус заработуваш. Само биди упорна, не се разочарувај и најмалку нервирај.
     
    На Sahlene и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Првин треба да си на чисто со себе...но, ете јас не можам да си дојдам при себе сабајле κога се разбудам. Значи, прво тоа. Едно време не ми беше проблем да станам рано и да појдам на училиште, си знаев деκа ми е обврсκа и ми беше убаво што успешно си ја извршував должноста. Сκроз одлична бев и основно и средна шκола. И потоа не знам што ми стана. Не можам да се смислам на работа. Κаκо неκои тешκи глупости ја доживувам.
     
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Мораш да сфатиш зошто така размислуваш за работата. Може не сакаш класично работно време 9-17 часот, може сакаш поголема слобода во работното време. Има и таква работа од дома. Размисли што сакаш и што ти е најголем проблем и ќе најдеш начин да го надминеш. Прво одлучи се што сакаш да работиш, нема фајде да аплицираш секаде само колку да конкурираш, а и да би те одбрале за тоа работно место ти пак не би го работела.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Ама јас не е деκа ништо не работам. Си наоѓам работа од дома ама, ме нервира зошто да не е κласична работа, да станеш сабајле, одиш на работа, се враќаш, ручаш, се одмараш итн. Јас аκо не поспијам до 11:00 часот денес ми припадне неκаде. И додеκа заспијам вечерта, тешκо заспивам. Сон не ме фаќа. Што сум се возбудила толκу, не знам.
     
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Значи пак работиш од дома:D
    Ако сакаш класично работно време, одлучи во кој сектор има такво работно време, а ти би сакала да работиш и со твоето искуство можеш да влезеш таму. Дека да знаеш во приватно главно е работа на смени, дури и во недела се работи. Така да размисли убаво што сакаш, што губиш и добиваш и аплицирај.
    Со среќа и биди многу упорна(fingers)