Колоспа не оди на рецепт, тоа е додаток во исхрана, можеш без ништо да побараш и да го купиш во аптека, прилично скап препарат, понов на нашиот пазар.
Здраво, дали некој знае телефонски број од др. Серафимовски гастро? Ми вади број само за на очна клиника
Zdravo se raboti za 17 god.momce veke 1 god.periodicno ima tecni stolici toa trae 1-2 nedeli pa se smiruva posle 1-2 meseci pak istoto lani napravena krvna slika,koprokultura se e vo red. Nekoj da kaze sovet iskustvo kaj tolku mlada licnost
Zdravo 16 godisno momce 1-2 godini periodicno ima cesti prolevasti stolici osobeno nautro po 2-3 pati i vo tekot na denot,grcevi vo stomak ponekogas.dali spored simptomive lici na iritabilni creva? imame zakazano kaj Dr.Serafimovski drugata nedela,no dotogas bi sakala da slusnam vase iskustvo. da napomenam se raboti za 16 god.decko
Може да е. Но, има и други дигестивни болести кои имаат слични симптоми. Само со преглед на специјалист може да се утврди за каква дијагноза и проблем со дигестивниот тракт станува збор. Во овие 1-2 години, колку што има проблем, не сте правеле досега анализи и испитувања?
Можно е да ви побараат да направите и гастроскопија или колоноскопија, заедно со овие анализи за да дадат точна дијагноза. Ќе видите што ќе ви речат наредната недела на прегледот.
Проблемот кај дијагнозата е што дебелото црево е шуплив орган односно исполнет со воздух и тоа значи не се гледа на ехо и затоа најточна е колоноскопија испитување со камера.
Ај малку да направам едно опширно објаснување: Синдромот на иритабилен колон или нервозни црева спаѓа во најчестите функционални гастроинтестинални тегоби. За функционални пореметувања во гастроинтестиналниот систем говориме тогаш кога со испитувањата не може да се најде физиолошката причина за тегобите – нема патолошки промени во гастроинтестиналниот тракт, а пациентите сепак имаат изразени тегоби кои можат во значителна мера да влијаат на квалитетот на животот. Што претставува синдром на иритабилен колон? Се работи за пореметување во мотилитетот на целиот гастроинтестинален тракт кое воглавном ги погодува луѓето во средни години, а можеби и порано. За синдромот на иритабилен колон говориме тогаш кога постои трајна или зачестена болка во стомакот која се јавува барем еднаш неделно и е поврзана најмалку со два од овие критериуми: болката се јавува при празнење на цревата, променета е зачестеноста на столицата и/или се менува конституцијата на столицата. Синдромот дури може да се појави и кај деца, бидејќи некои деца на физички или психички стрес реагираат со болка во стомакот. Кај децата почесто се развива синдром на иритабилен колон отколку кај останатата популација. Кај жените се појавува три пати почесто отколку на мажите (ова не мора да значи, поголема е можноста да се појави иритабилен колон кај мажите поради огромната количина на стрес). Причинители кои доведуваат до иритабилен колон се: повеќепоследователни течни столици, дијареа, запек, алергиски реакции, хормонски промени, лекарства кои штетат на дигестивниот систем, киселини кои се спуштаат во огромни количина во цревата, цревни заболувања, генетска предиспозиција,.. Што се јавува како последица на иритабилен колон: -Крв во столицата, болката е огромна и неиздржлива и потребно е итно да се испита копрокултура, колоноскопија и да се испрати пациентот на оперативно лекување -Да се прошират хемороидалните вени кои се воспалуваат и настанува крварење, крвта е светла и вените обично болат и се проширени. Се прави оперативно лекување, се дава терапија за подобрување на цирулацијата на вените и редовна хигиена на ректумот. -Прекумерно губење на тежината, нарушена крвна слика - опаднат број на еритроцити, тромобицити, леукоцити, намалено количество на хемоглобин и железо во крвта. -Чести течни столици, од 2 до повеќе течни столици во текот на дент -Болки во долниот дел на абдоменот Општи мерки: -Внесување на пробиотска исхрана и пробиотици, јогуртот најдобро делува на цревата и ги смирува -Внесување на свежа исхрана - овошје и зеленчук (никако зелка и домат бидејќи создаваат тегоби) -Интегрален леб -Бел ориз -Компири -Банани -Од месо само пилешко и говедско и тоа во мали умерени количини -Никако пржена храна, само варена и печена -Алкохолот е скроз забранет -Тврдо месо НЕ, месо со жили НЕ! -Редовна хигиена на ректумот после голема понужда, ставање на масти за намалување на болката на хемороидалните вени доколку ви се појават хемороиди. -Намалување на прекумерна телесна тежина. Што е колоноскопијата? Колоноскопијата е процедура која се користи за проверка на состојбата на дебелото црево и ректумот со цел пронаоѓање на полипи или знаци на рак. Колоноскопијата се користи и за дијагностицирање на други можни болести, и лекување на одредени патологии кои можат да се видат преку истото набљудување како што се: хемороиди, полипи и слично. Како се изведува? Колоноскопијата се изведува преку користење на уред наречен колоноскоп, кој се состои од флексибилна цевка со дебелина на прст. Таа се вметнува во ректумот преку аналниот сфинктер. Во случај целта на процедурата да е дијагностичка, на крајот на истата има камера и светло што ќе го олесни прикажувањето на сликите на мониторот. Од друга страна, доколку биде потребно да се решава каква било патологија (отстранување на мал полип или земање примерок од ткиво), преку колоноскопот ќе се додадат инструменти за да се изврши интервенцијата. Кога треба да се направи колоноскопија? Ова испитување се прави првенствено со цел да се исклучи можноста за рак на дебелото црево кај пациенти кои покажуваат дигестивни симптоми или имаат семејна историја на рак на дебелото црево. Од друга страна, превентивно, како преглед се препорачува да се прави по 50 годишна возраст, доколку немаат ризични фактори, повторувајќи го на секои пет или десет години. За оние со ризик, ваков преглед може да биде препорачан и порано. Овде спаѓаат луѓето со следните ризик фактори: Хронична дијареа Хронична абдоминална болка Ректално крварење при одење во тоалет или во самата столица. Кронова болест Улцеративен колитис Хронична железна анемија, која може да биде предизвикана од крварење од дебелото црево Присуство на полипи или семејна историја на полипоза Ако пациентот изгубил многу килограми за кратко време без очигледна причина. Кога не може да се изведе колоноскопијата? Главните причини зошто пациентот не може да се подложи на колоноскопија може да вклушуваат: тешка декомпензирана респираторна или срцева слабост, неодамнешен миокарден инфаркт, интестинална перфорација и тешки нарушувања на коагулацијата на крвта. Подготовка на пациентот пред процедурата За да се олесни самата процедура, пациентот мора да следи низа инструкции за елиминирање на остатоците што може да се наоѓаат во зоната на дигестивниот систем. Најнапред, 2-3 дена пред вашата колоноскопија, ќе треба да одржувате лесна диета препорачана од лекарот, консумирајќи лесна храна базирана на течности. Исто така пациентот мора да ја надополни оваа диета со лаксативни производи за прочистување на цревата. Дали постојат ризици? Иако колоноскопијата е безбедна процедура, како и секоја инвазивна медицинска техника, таа може да носи одреден ризик. Сериозни компликации најчесто се јавуваат во 0,5% од случаите, а најчесто се решаваат во тек на истиот преглед. Дента на самата процедура На денот на колоноскопијата, пациентот добива седација/анестезија, на тој начин не чувствува никаков тип на непријатност и може да биде смирен за време на самата процедура. Времетраењето на колоноскопијата може да се движи од 30 минути до еден час во зависност од видот на областа што треба да се испита. Откако ќе заврши процедурата, пациентот мора да почека неколку минути лежејќи додека ефектот на анестезијата изчезне. Се препорачува пациентот да има придружба бидејќи дури и неколку часа по процедурата може да се задржат благи ефекти на седацијата. Иако процедурата може да изгледа малку непријатна, колоноскопијата не им пречи на повеќето пациенти, кои се враќаат во нормален живот во рок од 24 часа. Она што може да се забележи е одреден притисок во пределот на стомакот предизвикан од самиот уред и од гасот кој се користи за проширување на ѕидовите на дигестивниот тракт. Сега кога знаете малку повеќе за колоноскопијата, доколку почувствувате некој од симптомите споменати погоре, ви препорачуваме да не ја одложувате посетата на специјалистот кој ќе го одреди и препорача спроведување на колоноскопија. Да потсетиме дека превенцијата е најдобриот лек.
За колоноскопија има посебна тема и синдромот на иритабилни црева нема никаква врска со полипи и нивно биопсирање и отстранување што полипите сами по себе ги има секој втор човек. Тие не се создаваат од иритабилен колон ниту се зголемува ризикот, полипите се создаваат со природното менување на цревната обвивка на клеточно ниво што не е карцином во почеток меѓутоа потенцијално може да премине ако растењето продолжи долги години и декади. Иритабилните црева се бенигна состојба која ниту го зголемува ризикот за појава на карцином и ниту го зголемува ризикот за појава на автоимуни заболувања како колити и Кронова болест. Мислам дека во текстот се зборува за операција што е погрешно бидејќи синдромот ИБС се менаџира со лекови и исхрана и пациентот целосно се излекува такада страв за операции и отстранувања на делови од дебело црево се за теми поврзани со карцином и автоимуни заболувања. И би додал психата и цревата се поврзани односно цревата што страдаат од стрес и точно е дека оваа работа се јавува и кај тинејџери во пубертет и кај адолесценти ама ако се работи за стрес таа самата ќе мине со стресот зашто подобро е да се таргетира причината а не само симптомите и последиците.
Човеков на сите истата терапија им ја препишува со само едно ехо. И мене ми препиша еден куп апчиња од кои само полошо ми беше, инфузии примав зошто изгубив апетит од толку апчиња. Најдобронамерен совет ви давам, одете направете колоноскопија за да му одредат точна дијагноза на детето, на ехо не се гледа што има во цревата и желудникот.