Хелп Пред 3 недели имав кратка треска, температура и после неколку саати остра болка во долен лев дел на стомак Направена компјутерска томографија со контраст - сум имала дивертикули на дебело црево т.е дивертикуларна болест Една инекција ми ја смири болката о ми препишаа 2 вида антибиотици 10 дена, неколку дена бев добра , но пак ми се појави послаба болка која рефлектира и во предел околу папокот Незнам што да правам Исхрана, лекови ако знаете да ме насочите
Me interesira kade pravese kompjuterska tomografija na abdomen? Inaku lek e samo meka , tecna hrana, zrnesta, so semki, susam nikako, tecnosti poveke, caevi
Компјутерска томографија правев во градска болница Св Наум Охридски Познавате некој кој има дивертикулитис ?
Nekoj iskustvo za dr serafimovski? Se raboti za soprugot ima problem so analna fisura,hemoroidi... Periodicno se javuva cesanje i bolka,pa gledam go sponuvaat Doktorov pa mi treba iskustvo??
Лошо искуство само еден тон апчиња ми препиша и толку Бев и кај Толовски со снимката и се изнасмеа и ми вели немаш дивертикули тоа ти е воздух , ужас Задоволна на клиника на дигестивна хирургија од Др Јота и Др Ѓорги Дерибан
Луѓе вака, д-р Серафимовски НЕ! Човекот не знае што прави, значи ХАОС терапија ако сакате до ургентно да стигнете слободно… За иритабилен колон/ нарушена цревна флора и нарушена цревна бариера ви требаат неколку работи од кои веднаш има ефект, суплементи на природна база за регенерација на цревната слузница и флора. 1. Gelsectan 2x2 4 недели потоа уште 4-8 недели 2x1 ( ова е муко протектант од Xyloglucan прави заштита на цревата - она што кај нас во оваа состојба е нарушено и уништено ) намалува гасови, формира столица и елиминира болка го лечи луменот на цревата. 2. Fybrogel Др Митов ( обавезно навечер по една лажичка во мала чаша вода, дејство ја подобрува столицата има прптив воспалително дејство и представува пребиотик, храна за бактериите) 3. Proven пробиотик ( можете Travellers варијантата, освен бактерии содржи и L-glutamin, Алое и ѓумбир + овие 4 бактерии се од човечко потекло и ги колонизираат цревата- потврдено со DNA анализа на столица во Шпанија што правев) 4. Диета ( компир варен- пире, ориз печен тава, пилешко месо, риба ( особено скуша заради омега 3, мусака со тиквици, морков варен, интегрален леб грахам, цвекло обарено, краставички од тегла - прво измиени од оцетот итн) битно обарено. 5. По потреба доколку сте мн возмемирени и анксиозни од проливи, болки и стравови да не нешто ви се случи ако излезете од дома ви треба нешто за смирување и само овој дел е малку хемија, најбезболен лек што не ствара зависност а смирува и сталожува а воедно влијае и на цревата да се смират е Eglonyl 50 mg 1x1 или 2 x 1 минимална доза за возмемиреност. И доста идете по лекари и барате одговори, одговор НЕМА да добиете може само бетер да ви стане од квази терапии дадени од квази доктори што лечат симптоми а не и причината за настанатиот синдром.. кај мене конкретно почна се од антибиотик, кај некој почнало од стрес, труење од храна, вирус итн.. Но во основа е истата патогенеза, нарушена цревна бариера и флора која влијае и на психата а не обратно. Тоа што не толерирате храна е бидејќи слузницата е истенчена и храната и бактериите се во директен контакт со цревните клетки каде пто имуниот систем се активира и телото се бори со се што ќе стигне во контакт, затоа сте изморени и слабеете, болки по телото итн. Се е тоа еден зачаран круг низ кој поминував и јас цела година и дури сега почнав да се стабилизирам откако ја применив горенаведената терапија која патем ја составив сам со многу истражувања и тестирање врз себе, бидејќи како и сите вас литав од доктор на доктор и секој лек што го добивав не делуваше бидејќи не го третира изворот на проблемот туку само симптомот. Се надевам ќе помогне некому ова мое 1 годишно медицинско истражување. Поздрав
Se soglasuvam na tebe na poveketo od tockite sto gi imas nabroeno,no samo ke dodadam deka ne e ist problem kaj site. Problemot e sto poveke zaboluvanja mozat da imaat slicni simtomi,i SERIOZEN problem e sto nemame nikakvi opcii za testiranja i davanje tocna dijagnoza. Hranata e MNOGU bitna vo vakvi zabolivanja,no vo zavisnost od koja e dijagnozata,varira i hranata, nekolki razlicni zabolivanja se SIBO,SIFO,Histaminska intolerancija,simtomi moze da se slicni,da ne recam i isti,no ishranata treba da e razlicna vo zavisnost od koja e pricinata za simtomite. Licno moj problem e NAJVEROVATNO histaminska intolerancija,i fermentirana hrana - kisela zelka,jogurt,i drugi fermentirani produkti,na nekoj so histaminska intolerancija ke mi napravat dopolnitelen problem, pa nekoj da ne se cudi zasto negde procital deka nesto e dobro....a na nego ne mi reagira vo dobra nasoka. Konkretno za mene mozam da kazam deka osvem toa sto doznav deka DAO enzimot mi e nizok,i vit D mi bese DOSTA nizok,i pak se vrakame na toa,dali toa mi e mene glaven problem...ili toa mi se samo simtomi na nesto drugo. Nekolku pati imam spomnato i pak ke kazam,nesvatlivo mi e zasto privatnive bolnici vo Skopjevo nemaat nekoi testovi (GI MAP,GI EFFECT itn) sto dosta bi pomognale vo pravilna dijagnoza.
Апсолутно те разбирам и се сложувам со тебе. Но запомни дека хистаминската реакција на твокот организам е како резултат на пропустливоста на цревата, односно истенчена цревна слузница како резултат на преголем број на муколотични бактерии кои впрочем ја “јадат” цревната слузница кога нема доволно влакна во исхраната, а не можеш да внесеш повеќе влакна зошто одма симптомите се зголемуваат. Ќе ти помогнам околу SIBO, SFIO. Имаш тест во Synlab кај нас, се вика myBiome, metagenomic shot sequensing DNA на целоиот твок микробиом, заедно со кои метаболити ти се намалени или покачени и кошта 31.000 ден. Јави се прашај ќе ти објаснат, мене тестот ми помогна да видам каков е хаосот со бактериите во моите црева и да ти кажам резултатот е околу 70 страни, се што живее во твоите црева и која е застапеноста на секоја бактерија поединечно, вклучително и патогени бактерии, габи, паразити итн
И да се надоврзам тестот е од Microba Australia, го праќаат во Шпанија на анализа се чека 2 месеци и е подетален од GI Map тестот бидејќи не користи 16S секвенци туку целиот метаболом на твојот микробиом и се нарекува shotgun seqensing доста понова и прецизна техника
Можам да ти испратам брошура што ми пратија и секако мојот резултат како пример да видиш се што содржи тестот. Пиши ми порака со твојот мејл ќе ти ги препратам резултатите.
Pred 3god otidov na internist poradi meka I vodena stolica i strav da nedaj boze,posto i ednas mi se ima sluceno.me isprati na konoloskopija no uste na pocetokot mi go probusija crevoto,sto se retro slucuva pa itna operacija go zasija no me bese strav pak da pravam. I drugo nesakase da pregleduva mi kaza pij samo loperamid.I pominaa 3god jas sekoj den pijam loperamid od strav pred da izlezam bilo kade I se zatvaram sekoj den.36god sum i dobiv ankcioznost se povlekov mnogu od se.minatiot mesec dobiv i napad na zolcka polna kamenja bila.Neznam kako da ja reguliram stolicata,vo Germanija sum ili kaj drug internist da ispita zosto mi e takva neformirana,meka mnogu pati na den i mnogu gasovi
Здраво. Би сакала ако може да ми испратите и мене, доаѓам за Мк летово и би сакала да испитам тоа. Овде каде што живеам Германија сигурно ни било многу поскапо . Ќе прашам дали тоа би го покрило здраството,но не ми се верува
Дали после терапијава може да се функционира нормално и без неа или мора цело време да се применува? Јас бев кај матичен после 2 недели дијареа и иструпана столица. Ми даде Дистоп и Б6. Ми се нормализира веќе од следниот ден, златни три дена имав нормално празнење. После ми се случи мал емпционален стрес+ изводенив нозе со ладна вода+ кошмар сонував и утрото кога станав(вчера) дијареата пак пристигна. И еве и денес пак не е нормално. Веќе трета недела се мачам со ова почнуваат депресии да ме маваат.
Може да се функционира нормално, ама треба да земиш капсули за иритабилнен колон од аптека, само прво треба интернист да ти ги препиши тие на приватно се земаат. Столицата ќе ти се нормализира со нив, ќе ти препорача повеќе течности, повеќе да го исполнуваш времето со работи што ќе те тргаат од лоши мисли, повеќе пешачи во слободно време, јогурт во лето повеќе конзумирај, интегрален леб убавезно заради влакната што ги содржи за да ти функционираат правилно цревата и електролити убавезно да си земиш, ќе пиеш по едно лажиче на 5 минути. Дијареата мора да ти се смири, побарај од матичен капсули за течна столица да ти препиши и ќе пијаш од нив, портокалови се капсулите тие. Можеш и на приватно да земиш денеска ако не ти работи матичниот.
Ти благодарам. Сето ми е јасно и го применувам. Немам исцрпувачка дијареа па затоа и не сум зела електролити. Секако ќе одам пак на консултација. Туку муабетов ми беше дали мора постојано да се зема терапијата или може да се функционира нормално и без неа откако ќе се среди прблемот.
Е тие што ти ги пиша Ibesan forte помагаат за иритабилнен колон. Има и други, ама земи од овие сега ако можиш, оти знае да иритира особено во лето кога е жешко и да се внимава со исхрана и повеќе течности. Терапија има што се зема колку што има внатре и после на контрола да кажиш дали ти е подобра состојбата. Јас бев на 2ца интернисти и тие се капсулите за нервозни црева, а пробиотик убаво е да земаш секој ден по еден за да ти се среди стомакот. Ако имаш други придружни болести, најдобро е на интернист да појдиш па тој понатаму да те насочи.