Здраво, често имам гласна работа на цревата и чести столици по 2 -3 на ден, и некогаш се потечни. Кој пробиотик ви помогнал при нервозни црева?
1. Bulardi (го има во сите аптеки) 2. Vivomixx 250 BILION (го има во Србија) 3. Align probiotic (од САД) 4. Flobian (го има во некои аптеки, специјално за IBS) Додатоци: 1. Intesta Hemofarm Содржат микрогранулат на натриумова сол на бутерна киселина (натриум бутират) во триглицериден матрикс. Со посебна технологија на микрогранулација и енкапсулација во триглицеридниот матрикс, овозможен е транспорт на активните компоненти до тенкото и дебелото црево и постепено ослободување на натриум бутират. Со користење на технологијата на енкапсулација и микрогранулација се спречува ослободување на бутерна киселина во горниот дел на гастроинтестиналниот тракт, а триглицеридниот матрикс на производот овозможува ослободувањето на натриум бутират да се одвива по целата должина на тенкото и дебелото црево. 2. Gelsectan Intesta Hemofarm е исто квалитетен продукт и е најдобар извор на таа киселината која ја користат цревата.
Ако може да прашам, од исхрана што ти помага? Што внесуваш повеќе, што избегнуваш? Мада што мислам многу зависи тригерот кој е.
Исхраната е многу индивидуална, но се препорачува LowFoodMap некое време, а потоа постепено да се почне со воведување на нормална храна. За тие со дијареа се препорачува храна со многу ниско количество на влакна, а кај тие со запек зголемување на внесот на растителни влакна. За следење на LowFoodMap имате и апликација https://www.monashfodmap.com/ibs-central/i-have-ibs/get-the-app/ која цена се плаќа еднаш и е многу симболична.
Кај мене тригер е многу веројатно BAM оти ми се појави после извадена жолчка и си продолжи. И предтоа си бев со проблематичен стомак ама после ова стана бетер И нешто што ми помогна за нагли протерувања е мали оброци добро распоредени низ цел ден, избегнувам повеќе од не знам, 12 саати да сум без храна, па и помалку од тоа. Исто храната ми е скоро секогаш сува, избегнувам манџи, супи да ама домашни, обично за вечера. И вода како пијам ми е распределено. Или типови храна што имам откриено дека ми се тригер си најдов начин не ги јадам сами или на почеток на денот кога не ми се "размрдани" цревата туку после ручек. Со влакна не знам, немам проблем ти викам, повеќе со кога што јадам. И вака функционирам некако. Со тек на време ми се разретчија епизодите оти кај мене иде периодично, пример две недели сум супер, па една цела со дијареа и болки и пак после сум добра.
Имам читано за BAM и тие проблеми после вадење на жолчка. Кај нас одма да се пожалиш, одма ја вадат. Ехо правеше на жолчка и билјарните патишта и на Институтот за Нуклеарна Медицина HIDA SCAN за да видат како функционира жолчката? Мислам и после вадење на нејзе има доста ограничувања што и како со исхраната. И јас се сомневам на истото (BAM), сега читам и со C4 - тест се гледало BAM, а овој тест ми беше добар. Секако, за проблематични црева се препорачуваат 6 мали оброци распоредени низ денот. Дали пиеш исто нешто блокатори на желудочната киселина (PPI)? https://www.clinica-sante.mk/prodavnica/zolcni-kiselini/
Кај мене беа камења, неколку крупни, на ехо. Имав со месеци гадење, неколку напади, болки, нелагодност и конкретно мачнините и болките се влошуваа. Заби не можев да измијам без да ми се повраќа. Прекинав со физичка активност оти и од тоа ми се гадеше премногу. Кога тогаш мораше да се вади. Не беше итно ама и да одложев, ќе беше до неколку месеци. Нападите ги немав последниот период ама 24/7 имав горење во стомак и гадење, од спиење нонстоп ме будеше чувство на пржење во стомак. А за ХИДА не правев, не ни знаев дека воопшто се прави во државава, мислев не сме до таму стасани PPi не пијам. Инаку каков е тој С4 тест?
C4 is a metabolic intermediate in the rate limiting step for the synthesis of BAs from hepatic cholesterol and is significantly correlated with faecal loss of bile acids(. It is validated as a method to detect bile acid diarrhoea when compared to the 75SeHCAT retention test(11). И јас не знаев за HIDA SCAN дека се прави и директно отидов да прашам и се прави да, но се чека за репроматеријал да донесат и идел по нарачка.
Тоа и истражував и дојдов до ова во Avicena. https://avicenalab.com.mk/analysis/c4/ Complement component 4 is a blood test that measures the activity of a certain protein.
Здраво, имам прпблем со IBS-D околу 4 години. Правев колоноскопија во Ремедика испадна дека нема ништо иако според симптомите се сомневаа на хронова болест. Ми дадоа да пијам Рудакол и на почетокот имаа ефект но како ги пиев се помалку ми помагаа па на крај скроз ги прекинав. Пред 6 месеци се породив со царски рез и од тогаш симптомите ми се влошија премногу. Сакав да земам пак Рудакол но некаде прочитав дека во Србија ги повлекле од продажба. Што би ми препорачале што би имало слично дејство како Рудаколот или било што што би ми помогнало?
Од пред 3 години имам дијагноза нервозни црева и ибс откриени преку ехо. Веќе една недела имам проблем со стомакот ретко имам течна столица, но повеќето е како помали парчиња со светла боја. Одам по 2-3 пати на ден некогаш и 4. Исто така чувствувам тапа болка во долниот дел на стомакот. Имам преголемо кркорење на цревата и ми смета мрсна храна. Анксиозна сум и полудев од размислување да не е нешто лошо. Размислувам да правам колоноскопија инаку имам 24 години. Некој со слично искуство ? Препорака за добар пробиотик за состојбава.
najdov loperamid, novi se zamena na grckite, sega se vikaat Reastop 6 apcinja se okolu 260 denari mislam.
Дали по аптекиве можам на своја рака да земам секвестранти? Холестирамин гледам е од ваков тип ама не гледам да го има по нашиве аптеки. Или тие што сте со BAM што ви препорачале да земате? Периодов ми е ужас, ми беа смирени цревата едно време, еве ме сега од све ме фаќа.
Би ве замолил само да си барате сериозен доктор и да следите симптоми, да сфатите сериозно доколку имате некои плус симптоми и да кажете на некој лекар кој ќе ве сфати сериозно, да не ви даваат глупи дијагнози и дека ви е од стрес (ако имате симптоми плус). За жал, испадна дека сум имал долгорочно воспалние на тенкото и дебелото црево (Кронова или Улцерозен колит) кое поминало предканцерогено или канцер (на крајот на дебелото црево). Не би ви препорачал да идете во 8 - ми септември (стара Воена болница) и да идете на Државен и Универзитетски Клинички Центар „Мајка Тереза“ каде има одлични доктори на гастро (колоноскопијата не била добро изведена и до крај во Воена пишав погоре). Значи пак ве замолувам, следете симптоми, крв и слуз не се зафрканција и бараат сериозно испитување, за жал ете и крваната слика „беше солидна“, ама внатрешно состојбата друга и хаос, да не зборам што 7 години живеам со болки. Бидете упорни ако се сомневате дека е нешто повеќе од „само“ нервозно црево и запаметете дека здравствово ни е хаос. Секое добро!
Ќе сакаш да споделеш кај кој доктор беше? И како ти дијагностицираа? Извини, може лошо разбрав, но дали ти дијагностицираа канцер на ректум? Прашувам оти маж ми има многу лоши симптоми, никако да го натерам да направи колоноскопија, а лани беше на преглед и му кажаа дека мора. Цела година се молеме. Инаку, тој крвари многу време, има дијагноза внатрешни хемороиди, големи јазли, на преглед немаше друго на ректум, ама не отиде на колоноскопија. Често оде во тоалет, може 4 пати дневно некогаш, има гасови, порано и многу му кркореа цревата, често се жале дека се осеќа издуван, му сметаат некои храни, ама не пазе, јаде суво, газирано, цигари, не се движе, шофер е и доста време седи. Крвната слика му беше добра и нема изгубено тежина.