Нервозни црева

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Saricko, 27 септември 2013.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.488
    Не знам што да кажам.
    Се надевам ќе се најде решение за проблемов и ќе бидеш раат после толку време.
    Јас не знам дали воопшто да се замарам.
    Не ми е мене сериозно со крварење, со толку столици, или губење тежина. Само секојдневно имам болки, грчеви и дијареа еднаш во ден, па некако трпам. Освен кога ќе ме спотера по веце у незгодно време, тоа ми е најглупо нешто. (facepalm)
    Или кога ми се почести, тогаш веќе се осеќам и поомалаксано, послаб апетит имам, вртоглавици, па зимам електролити.
    Слуз во столица сум имала и поодамна, исто и подуеност. Ама само ми кажаа абе нормално е, пази на храна, види што ти прави проблеми.
    Извадив жолчката, и еве ме на периоди не знам како да јадам, а да не се виткам од болки.
    Не ми се слуша и мене истото дека ми е од стрес, дека е нормално, ама види храна која е, кога еднаш од компир се грчам, другпат од мрсно не ми е ништо.


    Ти посакувам многу среќа(fingers)
     
    На @metokara09 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. @metokara09

    @metokara09 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Нека иде нека направи колоноскопија и нека не се зафркава. Може од банална работа до глупост да дојде.
    На другарка татко и 4 месеци трпел, еве од пред недела е без дебелото црево и со стома.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cicko Cacko

    Cicko Cacko Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2023
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Znam deka nesto citnav za HIDA scanov na forumov...ti imas napraveno takov scan? I koj bi mozel da dade upat za takov scan?
     
  4. MonaLemona

    MonaLemona Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Мој совет, земете упат и одете кај д-р Рогач, специјалист на гастро во 8-ми Септември. Жената е супер, префина е и сите многу ја фалат. Прави и ехо и колонскопија но најбитно е што е исклучително темелна. Матична/матичен нека ви даде упат. Дополнително што нема играчка со вакви работи, ако веќе му кажале дека треба, не дај Боже се може да е. Најдобро да се спречи него да се лечи..
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.488
    Мене ми треба стварно искрен совет од некој што убаво го поминал целиот пат со вакви и слични состојби.
    Земав упат за интернист, немаше никаков термин за гастро и ко што разбрав, може да ме прати понатаму интернистот на гастро и други испитувања ако треба.
    И обично не сум човек што ќе паламуди на лекар, ама не би сакала да остане на "уредно ехо" и толку.
    Последниве 2 недели сум благо речено хаос, цревата полоши од било кога. Знам дека и стомачен вирус имаше периодов ама олку долго во живот не ми траел, башка и пред тоа исто бев само наеднаш многу полошо. Веќе состојбава ми смета и физички и ментално, ми е страв да јадам надвор а да немам веце во близина, немам енергија да вежбам, се ставив периодов све на ориз, компир, пилешко. Пробиотици зимам и електролити, исти к*р. Исфрлам и парченца недигестирана храна, и во килажа наеднаш опаднав. Пред месец приметив и малку крв во столица.
    Прашањето ми е, дали да инсистирам (колку и да не сакам да се правам поголем доктор) на повеќе испитувања, не знам рентген, колоноскопија, уатевр или што вас сѐ ви направија дури се шлаевте по лекари? Па и дали да пробам на своја рака со секвестранти ако не ми кажат ништо?
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.728
    Допаѓања:
    185.296
    Да инсистираш на гастро доктор ко што посочија некоја страна понапред и да исклучиш целијакија и кронова преку крвни испитувања. Тоа негде кајшто прават такви испитувања, појма немам кај би било тоа.
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.488
    Не верувам за целијакија оти кај мене е највеќе последица после вадење жолчка. А за друго, жолчните киселини се иритабилни за дебелото црево ако не се добро ресорбирани па надам се дека ми нема направено нешто полошо.

    Затоа мислам секвестранти би помогнале ама кујзнае дали некој ги препишува кај нас.
     
    Последна измена: 16 април 2025
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.728
    Допаѓања:
    185.296
    Па ако имаш несварена храна не знам што има дебело црево со тоа, варење и ресорбција во тенко нели завршува. Немам поим од жолчка искрено, само беше добронамерен совет, оти крвен тест ми се чини како поизводлив и поедноставен за елиминација на некои состојби.
     
  9. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Како примети крв во столица, во која форма? Црвена свежа е од хемороиди најчесто, ако имаш горно крварење тоа е црно и се вика мелена и има конзистенција на катран.

    Може да ти е иритација на стомакот од стомачниот, мене ми трае таа иритација од 15 до 25 дена, најмногу ми траело 28 дена и имам ослабнато тоест изгубено 25 кила тогаш затоа што не можев да јадам од маки. Не паничи предвреме.
     
  10. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    За секвестранти, не ти треба некој да ти ги препише, кај нас ги нема, јас од Германија преку пријатели нарачував, во форма на прашок, можеш и таблети. Прашокот е гаден ама ако имаш таков проблем работи, работат и таблетите. Нарачај и земи, не треба рецепта ни таму, мене така ми ги донесоа.

    Може и да не ти е стомачниот туку само да ти е BAM Bile Acid Malabsorption, за тоа посекако мора да си на диета со минимални масти.
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.488
    На бришење беше крв, многу малку
    Јас со месеци, да не речам две години сум вака само периоди има кај што е подобро, други кај што е полошо.
    А минимални масти многу не помага оти ако имам BAM и вака и така жолчката го иритира цревото.
    Периоди сум некогаш све на јх, масти скоро ич и исто е.
    А за секвестранти абе би нарачала од странство, ама не е тоа поентата. Зошто да ги нема кај нас?
     
  12. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Нема инцијатива да се увезат, а луѓето не знаат за нив. Инаку има разлика, колку повеќе масти, толку повеќе жолчни се лачат. Мастите сами по себе се ГИ-иританти.

    Инаку на бришење се хемороиди, крварење е најчесто обилно, јас имам редовно слуз прдежи каде што испрдувам слуз од цревото, што е релативно нормално за ИБС, ама кога вежбав многу активно ми се случи да пукнам внатрешен хемороид и да испрдам бувквално лажица крв со слуз.

    Муабетот е, се додека столицата не е црна или не преобилно крварењето, не е страшно. Пиши ми во ДМс ако ти е непријатно тука да збориш, или да не спамаме.
     
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    7.499
    Пол:
    Женски
    Има некој проблем со интолеранција на лактоза?
    Како се справувате?
     
  14. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Си идам у ДМ, си купувам ензим лактаза и си пијам пред да јадам работи со лактоза.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.733
    Допаѓања:
    22.488
    Пациентите ако не знаат, докторите знаат. Мислам секоја втора жена е више со извадена жолчка, не е некоја ретка операција. Башка сигурно има и други вака со хронични проблеми ама ги убедуваат дека е нормално
    Јасно ми е ама кај мене е периодично, без разлика што јадам. И од компир и ориз ме фаќале дијареи со страшни болки.
    Крварење баш не, слуз многу често да
    А имам и честа промена во боја и конзистенција.
     
  16. GirlBeauty3

    GirlBeauty3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2025
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, дали можи ИБС да предизвика и запек и дијареа? Некогаш и во ист ден? Вчера имав нормално сѐ во ред, но потоа вечерта запек и денес: утрински меко како дијареа 2 пати откако испив сок од круша? Загрижена сум малку, вие што имате повеќе искуство, што е добро да се јаде? Дали стресот е можна причина за ова, имав многу стрес изминатиот период. Фала многу.
     
  17. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Машки
    Здраво мечки, ајде сега малку анализа.
    Дигестивниот тракт е доооолг орган, некои луѓе задржуваат и по неколку дена каки во него, јас обично имам транзитно време од 15 часа, но тоа е поради тоа што ми е пореметен трактот.

    Каков беше запекот вечерта, објасни го детално, затоа што ако утрото било нормално, а вечерта била запек, или не си била испразнета како што треба, или си се дехидрирала малце во текот на денот, по процесирање столиците одат во дебелото црево каде главната улога е ресорпција на вода, електролити и остали материи, ама битно ни е првото. Затоа битно е да си добро хидриран кога си склон на констипација, затоа што ако не дадеш од горе, ќе си земе од доле. Значи повеќе вода во текот на денот, макар и да умреш од мочање.

    Најбитно од се, многу зависи од храната што ја јадете, значи крушата како јаболчесто овошје сама по себе има иританти, имено сорбитол, сок од круша има концентрирана круша, што има собритол, има фруктоза, ни едното ни другото не се разградуваат туку само поминуваат низ тебе. Сорбитолот сам по себе има лаксативно дејство, затоа на мастиките за џвакање пишува, преголема консумпција може да предизвика дијареа. Затоа што е лаксатив.

    Со ИБС, ја не би овошни сокови, оти ги немаат потребните влакна и имаат само непосакувани материи кога е во прашање нормалното серење. Нормално ако имате редовен запек, тогаш во ред е да се земаат затоа што некои како сок од слива па се природно помагало.
     
    На Aschenputtel и GirlBeauty3 им се допаѓа ова.
  18. GirlBeauty3

    GirlBeauty3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2025
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Фалаа, интерéсно пишиш хаха интерéсно ми е, корисно фала многу, промени направив во исхраната многу и бев под голем стрес и сега се ме плаши, само анализирам, запекот е како многу топчиња тврди што тешко поминуваат, после во текот на денот или другиот можи да смени да е нормално, а после сок од овошје потечна столица, исто и од млеко, и благодарам за советот со вода и течности.