Zdravo, okolu dva meseca imam bolka pod dolnoto levo rebro I vo dolniot lev del na abdomenot,podrignuvanje, no custvuvam I cesanje ponekogas vo toj del. Imam mnogu gasovi, nikako da SE oslobodam od niv. Napraviv krvna slika, napraveno e eho na abdomen, I mi rekoa deka imam samo poduenost na crevata. Mi rekoa da pijam poveke caj od nane, gazirano da izbegavam. Isto taka mi prepisaa I tableti Colosal. Dali nekoj od vas imal vakvi simptomi? Dali da baram drugi ispituvanja, Strav mi e da ne imam nekoja teska bolest
Здраво на сите, можам да кажам само дека се пронајдов во некои од симптомите и дека мене од матичната ми беше поставена дијагноза на IBS. Се почна со тоа што добив вртоглавици ( кои ги имам и ден денес повремено) и дијареа 4-5 пати на ден која траеше месец ипол. Една недела откако почнаа симптомите отидов на доктор, и тогаш не ми направија ни копрокултура ни ултразвук, само ме пратија на крвна слика ( капиларна од прст) и оставив урина. Кога се вратив по резултатите ми рекоа дека е на нервна база и ми дадоа само електролити, јаглен и Linex forte. Бидејќи бев со страшни грчеви и болки (кај мене се во горниот дел од стомакот) и дијареата не престануваше иако бев на строга диета со банани, варен компир, двопек, оризова вода итн. почнав на своја рака да пијам enterofuryl бидејќи мислев дека е труење со храна. Се враќав на лекар, ме враќаа назад, пак одев и така цел месец. После тоа крвната слика покажа ниско железо и сеуште немав ни ултразвук. Се префрлив кај друг доктор каде ми направија снимка и ме ставија на јаки антибиотици, при што докторот само ми кажа не знам од што се сите овие гасови. Во меѓувреме голтав секакви лекови лоперамид, антибиотици, јаглен, пробиотици, железо пиев итн. По завршената аб терапија бев исцрпена и во депресија. Но по некое време ситуацијата малку се подобри.. Се до пред една недела кога пак ги добив старите симптоми со тоа што сега се сомневам на мелена.. Дали треба да направам колоноскопија со гастроскопија и каде би ми препорачале? Верувајте ве разбирам и јас сум на истите маки како вас..
Прво направи го тестот ФОВ на окултно (скриено) крварење во столица, кое не може да се види со голо око. Ефтин е, лесен е. Потоа можиш колоноскопија или ректоскопија и гастоскопија.
Еве да ви споделам мое патешествие со ИБС. Прв пат добив болки десно во пределот на слепото црево 2017. По испитувања заклучија дека е ИБС. Симптомите беа со дијареа и болки 3-4 медеци каде што веќе не можев да функционирам никако на социјален план. По еден куп доктори и еха на крај завршив кај доктор Серафимовски по препорака на мојот гинеколог. Човекот ми препиша доста комплексна терапија со два вида антибиотици и еден куп други лекови и за среќа по 1 месец симптомите поминаа и влегов во ремисија. Од лани пролетта, почнав повремено повторно да ги имам истите симптоми, каде што на секое излегување во ресторан, што и да каснев, трчев дома за во тоалет и притоа имав дијареа ама буквално вода. Затоа што имав болки не толку јаки но сепак присутни на десната долна страна незнам страв ме фати дека имам хронично слепо црево. Март месец оваа година почнав по доктори. Бев на ехо во неколку градови, бев исто и во во 8ми Септември каде што сакав колоноскопија да ми направат затоа што неможеа да ми откријат ништо преку ехото и крвта но ми рекоа дека сум премногу млада и не се нафатија. Закажав колоноскопија во Систина кај Димитар Трајков и резултатите испаднаа уредни. Докторот ми рече дека се ми е на нервна база и дека не му е јасно зошто имам болки кога немам никакво воспаление, притоа го замолив при колоноскопија да виде доколку може и на излезот на танкото црево односно кај илеоцекалната валва и слепото црево и ми кажа дека одамна нема вифено вала уредни и добри црева. По 5 дена од колоноскопијата, качив температура и црп-то ми беше 99. Другото беше се во ред. Исто почнав и да кашлам, можеби веќе и имунитетот ми беше паднат од влечење по доктори. Кај нас во државна ме прегледа уролог само со напипување и ми рече сигурно ти е дебелото црево воспалено или имаш сепса.... Треба да си на антибиотици 10тина дена без храна само со системи. Јас не се нафатив и дамо му реков ало имам сепса треба да ме оперирате и да видете од што е или да испитсте детални не антибиотици да примам дамо и си отидов дома каде што почнав да доживувам веќе панични напади. Утрето отидов повторно во Систина и кажав се како што беше, веднаш ме снимаа и ми кажа докторот дека немам ништо лошо освен што можеби затоа што ми биле веќе поосетливи цревата од колоноскопијата кај илеоцекалната валва имам малку оток , најверојатно од тоа што го терав докторот детално тој дел да го виде заради локацијата на болките кои ги имав и истиот (отокот) би се средил со 5 дена антибиотик ( Флажил и Цитерал) по 5 дена црпто ми падна на 6.6. Состојбата и покрај намалувањето на отокот ми се влоши до степен што за две недели ослабнав 10 кила и неможев да јадам повеќе. Јадев едвај по еден компир варен или банана дневно. Направив и КТ со контраст, се уредно. Алергии на храна се уредно. На своја рака исфрлив глутен, млечни производи, шеќер, лук, кромид, црвено месо и лиснати салати затоа што содржат танин. Почнав да пијам чај од диво оригано со капки од Сладок Пелин и масло од каранфилче. Колосал два пати дневно и Рудакол два пати дневно. Нолпаза наутро и Линекс Форте два пати дневно. По месец терапија можам да ви кажам дека 95% ми се смирија симптомите.... Заклучок, најверојатно храната ми ги предизвикуваше болките и дијареата. Понатаму ми е во план да проверам целикалија и интолеранција на глутен и лактоза.... При скорашен разговор со докторка, истата ми рече дека глутенот може да е главен причинител на воспалителни епизоди на ИБС како и стресот. Понекогаш кога сум вознемирена пијам и Диезапам од 2мг. Се извинувам на долгиот пост.
Заборавив да допишам дека овој период не јадам ништо пржено, и не јадам легуми (грав, грашок, леќа) заради подуеноста која ја создаваат и не пијам никакво кафе. Сума сумарум му правам целосна детоксификација на организмот и на цревата....