1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нервозни црева

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Saricko, 27 септември 2013.

  1. Maverick95

    Maverick95 Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Plus heliko bakter ispituvaa na želudniko zabraviv da spomnam, inace se brzo ide u glavno nema cekanje ovoa onoa site tie proceduri nekade za pola saat 40 min se zavrses
     
  2. borisss

    borisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Dali kaj nas se pravat testovi za SIBO?

    Nekade procitav deka dr. Vasko Vasilevski vo Sistina bil dobar, dali nekoj ima iskustvo kaj nego za nervozni creva i slicno?
     
  3. АндрејаС

    АндрејаС Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Во Неуромедика е Д-р Лилјана Милошевска. Никако не ја препорачувам бидејќи е тотално несовесна и незаинтересирана и само ќе изгубите време кај неа. Плус на закажан термин во точно време за ендоскопија/гастроскопија ( пациентот несмее да пие вода претходно подолг период ) ме остава да чекам повеќе од еден час додека она прави муабет со пријатели. Во државна болница има добра апаратура и подобри доктори ( да не спомнувам имиња ќе испадне дека ги рекламирам ) , секако многу поефтино, а ќе добиете и подобра услуга отколку во Neuromedica kaj dr. Liljana Milosevska.
    Кога веќе почнав за доктори за Гастро, во Систина исто може да го препорачам Василевски ( од туѓи искуства ), ама НИКАКО Др. Димитар Трајков, кој несакаше воопшто ни да погледне резултати од компјутерска томографија и ехо правени во друга лабораторија , само парите го интересираат и ќе ве тера да правите се што се плаќа ( колоноскопија и плус ендоскопија, а претходно ехо ) иако за тоа можеби нема никаква потреба и проблемот е можеби сосема друг. И друг пријател исто имаше ептен лошо искуство со него.

    Ете го спомнувате Др. Серафимовски кој според кажувањата на членовите тука не те праќа непотребно на инвазивна колоноскопија ако он не оцени дека има добра причина за тоа. Според мене тоа е добар доктор и сега кога ги прочитав коментарите за него обавезно ќе го посетам да видам дали можеби он ќе го реши мојот проблем, а ако го реши ќе му платам како цел пакет ендоскопии и колоноскопии колку што кошта во Систина.

    Би ги замолил другите членови кои успеале да се излечат од своите нервозни црева да споделат кај кој доктор биле и кој им помогнал бидејќи очигледно ретко кој доктор кај нас знае навистина да даде терапија што ќе помогне да се реши трајно проблемот.
     
  4. Veronicca

    Veronicca Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site ! I jas so vasiov problem... ili barem toa e prvicnata dijagnoza. Mi dadoa nekoja kratkotrajna teapija od 10 dena meteospasmyl i waya probiotik, ama nekako efekt ne gledam. Doktorot prilicno nezainteresirsn mi se vide, pa zakzav narednava nedela kaj Vasilevski vo Sistina. Me interesira tie sto imate iskustvo so nego, dali ste zadovolni, posto gledam deka dosta go falat i dali voopsto slusa sto imas da kazes, dali prifaka rezultati sto nosis od prethodni ispituvanja ( konkretno jas imam proveruvano sve i svasta, od intolerancii do fobt testovi) ili od vrata te praka na kolonoskopija !
     
  5. Auroraa_

    Auroraa_ Нов член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас имав проблеми со нервозни црева скоро 3 години. Тотално се дистанцирав и од луѓе и од околина, затоа што незнаев кога ќе мора во тоалет да одам...
    На почеток од толку искусни доктори што имаме мислеа хронично слепо црево дека е, добро е што не ме отворија за операција. Па после демек воспаление на жолчка, па камени во бубрег итн.
    Инаку, аманот си го најдов кај др. Серафимовски. Цел месец бев под терапија, еден куп лекарства беа, не се секавам на нив затоа што беше пред неколку години ова, единствено што памтам е дека имав Ансилан за навечер.
    После тоа ми се среди се, и само 2-3 пати од тогаш ми се има случено пак да ме фати болка ама траела кратко, пошто он тогаш ми рече, кога ќе те фати пак едно Диезапамче од 2ка и ќе се смири.
    Се е на нервна база, ама ете. Успевам да го контролирам сега за сега.
    Впрочем прегледот ме кошташе или 1500 или 2000 ако добро се сеќавам.
     
    На Cecko85 и slimy им се допаѓа ова.
  6. Izdrzliv

    Izdrzliv Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Машки
    Zdravo, ke vi spodelam moe licno iskustvo vo ovoj domen.
    Podolgo vreme lecev helicobacter.. Taman uspeav da ja izlecam pominaa mozebi 1 godina i go dobiv ovoj problem,, agresivni creva,,
    Potocno tenkoto crevo koga kje se sooci so golemo kolicestvo na jaglenohidrati ili od stres, nervoza postojano se duvaat, krkorat, cudna stolica i oset za prezasitenost.. Ispituvanja, konstatacii deka se,, agresivni creva,, terapi so ne dobar uspeh... Momentalno sum pri kraj so spirulina koja realno pomaga... 600 tableti 8/10 na den, cenata im e 600 denari. Kako kje bide po zavrsuvanjeto na niv neznam... No pomaga 80/90%
     
    На vasilevskabojana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ari3

    Ari3 Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, случајно налетав на темава и морав да споделам мое искуство. Доктор Серафимовски тотално ми ја утна дијагнозата, поради него се мачев со години, вака кога читам дека горе долу исто им препишува на сите како по некој шаблон, вријам! Истото го поминав, истите маки со стомакот, истите нервози. Серафимовски ме прегледа и само со едно ехо заклучи дека имам иритабилен колон. Терапија антидепресиви и неколку лекови за стомак. Покасно се консултирав со психијатар според кој нема причина гастро доктор да препишува терапија за депресија, особено без препорака и преглед од психијатар. Да, се даваат седативи за анксиозност и стрес, што се тригери за оваа состојба, ама секој што подолго живеел со ова знае дека ситуацијата се врти во круг - болки зошто имаш нервози и нервози зошто имаш болки и квалитетот на животот ти е нарушен...Да скратам, иритабилен колон се утврдува од кога ќе се исклучат сите други состојби и болести на црева, со ехо, со крвни анализи, колоноскопија и гастроскопија. Не може така само со едно ехо од око да даде дијагноза и да препише на стрес, па во ова време сите живееме со стрес! Инаку, во мојот случај требаше да поминат 7 години со болки и мачење, да пропаднам физички и психички мислејќи дека никогаш нема да се спасам од иритабилниов колон и да ми се оштети тенкото црево за да дојдам до правилната дијагноза - Целијакија. Имам целијакија, не иритабилен колон. Иако се слични симптомите, третманот е тотално различен. Од кога исфрлив глутен се среди се горе долу, и уште не ми се верува дека требаше само 1 преглед од 5 минути за да си го најдам чарето.

    Поентата ми е, слушајте си го телото, не им верувајте на сите доктори, барајте и второ и трето мислење, бидете упорни и борете се за дијагноза! Премногу состојби се препишуваат на стрес и премногу луѓе патат без потреба. Особено за целијакијава знам од други пациенти од цел свет што читам искуства слични на моето, многу често се случува да се помеша со дијагноза IBS.
     
    На Cecko85 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мака кога ќе прочитам вакво нешто, добро е што конечно ти поставиле дијагноза. Има многу луѓе вака што лутаат без да си најдат решение за проблемот. Се согласувам со се погоре напишано, денеска се препишуваат на стрес, тоа е најлесно и прво нешто што ти кажуваат е дека ти е од стрес за да те мавнат, а не би требало да е така, треба да се направат прво сите иследувања па ако нема ништо да се препише на стрес. Ова е нова мода кај лекариве, се е од стрес.
     
    На Ari3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ari3

    Ari3 Нов член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    За жал и тие малку доктори што ги имаме се преоптоварени и немаат мотивација ни интерес да навлезат во проблемот, најчесто гаѓаат дијагнози според случаи на други пациенти.
    Мене ми е мака да ги читам мислењава, знам каков хорор е состојбава и не сакам никој да поминува низ истото. Затоа мислам многу е важно човек да се бори за дијагноза, колку и да е мачно влечењето по болници.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    451
    Zdravo na site. Jas veke mesec dena se macam so bolki vo stomakot, odnosno pocnuvajki pod zeludnikot pa se spusta dolu pod papokot i pozadi kaj polovinite. Krkorat creva, gasovi i mnogu oslabnav zosto probuvav da vidam dali me iritira nekoja hrana kako gluten, laktoza ali ne, kaj mene naglo naednas pocnuva bolkata po nekoe vreme se smiruva i se vo krug. Bi ve zamolila iskustvo nekoj da spodeli so slicen problem
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Azeret

    Azeret Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Odi vo apteka zemi probiotik apcinja mene mi pomognaa i sto poveke tecna hrana :)
     
  12. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    451
    Probav cel mesec ne mi pomognaa, vcera bev na doktor u Sistina mi kaza nervozni creva na baza na stres i mi dade meteospasmyl da pijam 1 mesec...tolku
     
    На Azeret му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    За нервозни црева само, глина, активен јаглен, коморач, ленено семе, боквица и бел слез. Глината упива и ја успорува претераната активност на цревата. Активниот јаглен е најдобар за упивање на отрови, ги упива сите заостанати отрови, масти и тешки метали, тој е најмоќно средство за чистење на цревата. Мелен коморач ги смирува ткивата и ги ублажува грчевите , се користи кај лошо варење, дијареа, грчеви во стомакот. Ленот природно ги активира (нормално да работат) цревата ги упива отворите и ги смирува ѕидовите на цревата. Сето ова да го измелете како прав, нема да имате проб со нервозни црева ;)
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    I jas go imam istiot problem. MI kazaa nervozni creva i iratibilen kolon neznam dali e isto. Kako se spravuvas so istoto? Jas piev terapija eden mesec sto ama nema podobruvanja. Imam bolka levo i desno kaj abdomenot ppostojana poduenost i gasovi celo vreme sram da te fati.
    Gi piev i meteospamyl ne mi pomognaa.
     
  15. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Site namirnici koi ti se navedeni li da se izmelat i na koj nacin gi konzumiras kako prav ili gi rastvaras?
    Komorac, bokvica i bel slez kade moze da se najde?
     
  16. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    451
    Seuste nemam resenie. Eve, pocnav da gi pijam i ti so gi imas pieno a pred toa i caevi, probiotici, jaglen, bcomplex, spasmex se probav. Isto mislam deka jas zakaciv stomacen virus pa posle toa mi ostana kako posledica stomakot i imunitetot preslab sto se dolzi na mnogute lekovi so gi imam pieno unazad, posebno antibiotici. Ne znam kako ke se prodolzi ova
     
  17. ПраскаБалабанова

    ПраскаБалабанова Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, Ве молам за препорака и информација од кој доктор сте задоволни. :)
     
  18. mareadidas

    mareadidas Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    И мене ме интересира кај кој доктор помина добро.
    Бев кај др. Василевски во Систина затоа што тука прочитав добри искуства со него, ама не сум задоволна. Не ни погледна што имам испитувано претходно. Директно си постави дијагноза нервозни црева и ми кажа да пијам метеоспазмил (мислам така беа) и покрај тоа што веќе ги имам земано и не помагале.

    Туку, читав по интернет дека причина за дијареа после јадење може да биде bile acid malabsorption (не знам како е на македонски точно), поради неправилно работење на жолчката.
    Мене никој од докторите до сега не ми спомнал за вакво нешто.
    Некој да има искуство со примање на терапија за такво нешто? Читам многу луѓе со таа дијагноза си го решиле проблемот.

    Инаку мојот проблем е дека често имам дијареа кратко после јадење. Не можам да утврдам после која храна никако...
     
  19. Attomic15

    Attomic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Веќе трет месец како ме боли стомакот доле десно кај јајникот и на средина. Болката се јавува веднаш по менструација и трае 7-10дена потоа како ништо да не било. Неможам да кажам и дека е болка туку како печење кое се зголемува при покрети и движења. Како кожата да ме жеже а не длабоко туку одма површински. Има 12 месеци како сум породена со царски рез и одам редовно на контроли и се е во ред од гинеколошки аспект. Некој помош?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема никаква поврзаност на симптомите со нервозни црева, во погрешна тема ти е пишано мислењето. Побарај во некоја тема породување со царски рез.