1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нервозно срце

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од angel.cee, 16 јуни 2017.

  1. angel.cee

    angel.cee Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали има некој од вас со оваа дијагноза?Кај мене се започна прво со бронхит и ми беше даден антибиотик лекоклар 500мг.После втората испиена таблета некаде после 45мин. Ми се појави голема тахикардија.Нормално бидејќи беше доцна вечер се упатив во брза помош каде ми препишаа витамин б 6 како било на нервна база...Бидејќи истиот проблем продолжи и во наредните денови се упатив на интернист каде направив екг и ехо на срце и сите наоди се во ред.интернистот ми постави дојагноза neurosis cordis.Проблемот што мене ме мачи е тоа што и при најмал физички напор мене пулсот ми се забрзува а при мирување е нормален 65-70/мин.
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Нормално е пулсот да се забрзува при физичка активност. Во твојов случај, антибиотикот имал несакани ефекти, па затоа е пожелно да го промениш со антибиотик од друга група, а да биде исто делотворен во твојот случај. Тоа ќе го направи матичниот лекар.
    Познато е дека некои антибиотици или група антибиотици може да имаат несакани ефекти врз работата на срцето, односно да дадат симптоми како за срцев удар, гушење, срцебиење, стегање во градите и нагони за повраќање. Поради тоа, се избегнуваат во случаите кога треба да биде ординиран антибиотик.
     
    На zhap4e и angel.cee им се допаѓа ова.
  3. angel.cee

    angel.cee Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам миличка на одговорот но кога ми се случи тоа со пулсот јас веднаш го прекинав атибиотикот ама изгледа не беше од него поради тоа што симтомите ми продолжија и после прекинот еве веќе една недела и при најма напор на пр. да седам и наеднаш да станам одма ми се убрзува пулсот а немам некои сиптоми туку како паника да ме фаќа и така го сеќавам дека ми е забрзан а плус и сега после испушена цигара уште повеќе ми сезабрзува,а претходно го немав тој проблем.