Форумџика на годината

Нереагирање од страна на партнерот во важни ситуации

Дискусија во 'Врски' започната од eliesaab, 24 јануари 2025.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.405
    Пол:
    Женски
    Интересна тема ,два пати тргнав да пишам и се премислив/сецнав.
    Имало случки ,слични на опишаната во кои што не реагирал... и болело.
    Нормално дека битките треба сами да си ги водиме ама апсолутно е поинаку кога имаме грб.. се чуствуваме посигурни ,посилни.

    1) Што мислите, колкав треба да е прагот на толеранција?
    Факт е дека прагот на толеранција честопати знаеме да го поместуваме постојано посебно ние жените... шо не е во ред ама не знам секој индивидуални причини си има...
    2) Колкава поддршка би уживале од тие околу вас, доколку вака лице в лице со некоја поблиска другарка би споделиле што ве повредило?
    Моментално за жал немам таква другарка...
    3) Често слушам дека добро е да се премолчат некои работи, за да не настане големата. Што за вас е тоа?
    Веројатно раскинување ?
    Но ,се премолчено во одреден момент од животот ќе излезе некако ,ова е од искуство... секоја капка може да биде последната...
    4) Дали времето сепак не е мерило за тоа колку некого познаваме? Апсолутно не е мерило. Од искуство ќе кажам мм ме шокираше со одредени постапки 3 г после свадба( 4 после запознавање ) ќе речеш со него сум била 24 саати шо се вика постела сме делеле ,маса....би требало веќе одлично да се познаваме ама ете не било така.
    5) Дали врските периодично асоцираат на заробеништво, па некако се губи силата во женскиот пол и се повлекуваат молчешкум во чест на годините?
    Хм... повлекување во чест на годините постои и сум го приметила кај многу парови. Јас сум немала толку долга врска за да се пронајдам тука бракот ми е после 1 г врска што можеби е добро а можеби и лошо бидејќи да ,,излезеш /избегаш" од врска е многу полесно но за од брак плус со деца размислуваш повеќе и од повеќе аспекти мора да гледаш.
     
    На GirlLove и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.200
    Допаѓања:
    3.551
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со се, само би додал уште - дека, праг на толеранција треба да има и пред врската, значи тогашен/на симпатија. Ако, тогаш се видат некои ''red flags'', ќе се поштедиме за покасно.
     
    На GirlLove, eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    20.108
    Пол:
    Машки
    Цело време се мислев како да пишам поопширен пост околу ова претходно онака општо кажав од емотивен и supportive аспект, ама сега ќе се потрудам да ти ги одговорам прашањата.

    1) Човек сум што сум имал и различни девојки од мене, стил на облекување, фарбање, излегување.. Разбирливо ми е, вкус на музика, јадење, начин на живот. Стресни периоди и како се справувате со тоа, јас сметам и секогаш сочувствувам да се ставам во нејзини патики и да ја разберам и ако можам помогнам. Треба компромиси да се прават и да се има некаков баланс.

    - Она што не треба да го правите, а јас и сум го искусил и правел и е стварно неопростливо ама со тек на време самото тело ќе ти даде знак дека треба да прекиниш, и слушајте го гласот на своето тело би рекол... Да не преќутувате на омаловажување, навредување, манипулација, љубомора и контрола. НАСИЛСТВОТО ГО ОСУДУВАМ МАКСИМАЛНО, без разлика дали е психичко-емоционално или физички.

    2) Тип на човек сум што имам аура да ми споделуваат работи и рандом луѓе онака станавме пријатели и слично, ама само еден или двајца имам што стварно размислуваме слично и си споделуваме работи за да размениме мисли и можеби би се подобрил во некои работи. Така да имам прекрасна другарка од детство што си пишуваме и слично, а другар ми - што ми е брат само од различна мајка значи секогаш е тука за мене и јас за него. Фамилијата не ја бираме- автоматски ни припаѓа, али пријатели ги бираме и сметам дека имам круг на вистински пријатели.

    3) Јас сметам ако сум во врска да не се плашам дали ќе нагазам мина или нешто слично. Емотивен тип сум ама исто така и директен. Ако нешто во живото после се' научив да не збирам во себе и подобро е да го кажам. Ќе се најди решение или поправиме нештото или секој по свој пат, брз тип сум што пресекува многу брзо и подобро функционирам така. Ако би се опишал себе си сум (емотивен) рационалист.

    4) Порано си мислев колку подолго време со некого си ќе го запознаеш - пораснете заедно и слично... сметав дека ги познавам некои луѓе и на некој начин се повредив, веројатно се гаслајтнав сам себе си. Инстиктот обично ми кажува на некој начин кој е добар, а кој лош, не ми треба долго време да го видам човек, доволно е да поминеме 24 часа во било каков однос.

    Немам скриена моќ за читање на мисли и карактери, доволно сум бил повреден во животот и знам да проценам некои работи.

    5) На почетокот малку се плашам од секоја врска, заради тоа што колку сме слични или различни со партнерот и се прашувам себе си дали можам да се носам со нејзиниот стил или потреби или не знам што. Ама штом сум влегол во врска, сериозно и се останато, сметам дека можам да ја прифатам, али и да не се изгубам себе си во таа врска. Сакам да има некој баланс..




    Вака горе-долу еден заклучок што имам и во добро и во лошо партнерот треба да е со тебе, да си слободен во комуникација искрено со позитивен тон и без осудување да може да разговарате, донесувате заклучоци и решавате проблеми и поддржувате. Партнерот треба да ти помогне, да ти носи позитивни чувства дека не си сам. Сум имал секакви партнери, сум правел грешки во животот, сум увидел од нив али ако гледате црвени знаменца и мислите дека баш вие ќе ги промените, се сомневам. 1 : 10 ако успева, али пак сум скептичен. Бегајте посовреме да не страдате подоцна. :)
     
    На FridaodaMk, TrueToMyself, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    707
    Пол:
    Женски
    Шут карта.
     
    На INNERBEAUTY и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Реално и вака треба. Партнерот е партнер, а не човек што ќе седи со скрстени раце.
     
    На Tanjamm, RainbowButterfly, TrueToMyself и 2 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.875
    Пол:
    Женски
    Партнерот е партнер и во секаква ситуација треба да бидете на негова страна. И да не се согласувате со него/неа, пред други луѓе не смеете да си дозволите да го критикувате, вреѓате или да бидете неутрални. Безразлика дали се родители, роднини или било кој во прашање. Ако не е во право ќе смирите топка и ќе разговарате на само и ќе му укажете зошто сметате дека не е во право, ама пред други луѓе не.
    Мислам сега ако се работи за згрозување живот или екстремни некои ситуации кога сметате дека апсолутно е погрешно тоа што го прави, секако дека нема да го одбраните, ама во секојдневен живот и тоа како треба секогаш да бидете на страна на партнерот.
     
    На NPN, Milobebence, Puellapulchra и 4 други им се допаѓа ова.