како и сите вас така и јас имам не редовна менструација уште од првиот пат па еве веќе 10 год .... некогаш ми касни по 1-2-3 месеци секогаш различно... пред 6 месеци бев на гинеколог ми направи испитувања и се беше во ред... но предходниве 3 месеци јас немав добиено, па добив, 1 недела имав кафеава крв, па потоа добив обилно крварење (црвена крв) која што ми траеше околу 20 дена, бев на лекар и гинекологот ме виде на ехо, прегледав крв да не случајно е ослабната од крваренјето, но се беше во ред, ми даде инексија и ми ги препиша Микрогинон за да престане крварењето, ги пијам веке 1 недела, и пред 2 дена ми престана крварењето но сега имам пак кафеава крв... дали некој се има соочено со ваков проблем? исто така ме интересира дали некој има пиено Микрогинонот за нередовна менструација (бидејќи најчесто ги пијат за контрацепција) и како делувале на вас?... јас се осекам многу депресивно и немам сила за ништо, ај тоа што немам сила за ништо се недевам дека е од обилните крварења ама ова депресиите страшна работа ...поздравче
не се сеќавам кога сум имала редовна (е добро еднаш имав ) незнам веќе кој датум да очекувам дали на 2 4 7 8 9 10 14 или 24 и фазла месец каснење
добро бе, само мене ли ми кажувале дека тоа е сосема нормално ?? и мене ми е многу нередовна, некогаш ми иди по 40 дена, некогаш по 50, некогаш по два месеци.. еднаш ја прашав бившата на брат ми зошто ми е така, и таа ми рече дека сосем е нормално бидејќи уште се развивам (12 год. сум) и дека нема да се регулира дури не бидам отприлика 20тина години.. не ме загрижува воошто ама со нетрпение чекам да ми дојди за да си имам оправдание да не вежбам на физичко
Имам повишено ниво на пролактин кое резултираше со изостанување на циклусот 3 месеци. Од гинекологот ми се препиша прималут нор за да добијам и потоа кломифен за да останам бремена, а во мегувреме да пијам и бромергон(мислам дека се викасе за да се намали пролактинот). Сакав да прашам дали некој знае кога е најдобро пак да се испита пролактинот да видам дали е намален.
Здраво женски, Првпат добив на 13 години а сега имам 24, досега никогаш не сум добила на време, од прилика на 40 дена, а некогаш ми има доцнето и по 2-3 месеци.. Порано пиев чај од ајдучка трева во форма на апчиња бидејки гадно ми е да пијам чај, и ми се регулира, ама сега во мојот град повеке не постои билната аптека па ке морам да набавам од друг град. Сега ми касни 2 месеци и веке 3 дена ми тече некаков кафеав исцедок. Има ли некоја вакво искуство?
Дали знае некој каде можам да купам чај од ајдучка трева во форма на таблети (брикети) од Д-р Милко Тошков ? Им го препорачувам на сите со нередовен циклус.. има гоооолеми резултати!
Здраво, јас сум нов член..сакам да прашам дали некоја од вас има искусено негативни последици од Примолут Нор и какви? Мене ми ги препишаа поради прескокнување на менструација но сеуште не сум започнала да ги пијам бидејќи имам слушнато дека имаат негативни ефекти..
Здраво феминки значи вака добив на 22 мај 2012 год и од тогаш па се до денес ми е редовна но денес добив со ден задоцнување однасно на29 ден добив сабајлето имав малку крв сега прверувам немам ништо малку кавеаво ептен малку зошто е така може некој да ми огвори но побрзо страв ми е
Имам и јас проблеми со нередовна менструација. Имам пиено секакви таблети. Последно пиев Диане 35 , додека ги пиев имав редновно, али после една година кога престанав да ги пијам пак истото. Сеа последно пробав со чај од Коприва и да ви кажам има резултати. После една недела конзумирање на чај од Коприва добив, така да слободно пробајте можеби и кај вас ке има некакви резултати [*]Заборавив да напоменам дека немав добиено од Августот
ve molam ako moze nekoj da mi pomogne mi kasni menstruacijata veke 3 dena denes napravi test iskoci negativen imam problem so niskorizicen hpv virus a vo poslednive nekolku dena mesto menstruacija imam kafeav sekret sto site mi vikaat deka e simptom na bremenost neznam sto da mislam ke mi pomogne li nekoj. [mod-kirilica:n7doccj8][/mod-kirilica:n7doccj8]
Во паника!! Јас имам чудно прашање. Значи имав до пред некој ден симптоми дека треба да добијам но ми касни еве веќе 19 дена. Правев 4 теста сите беа негативни, но веќе три дена ми изчезнаја симптомите. Не ме болат ни градите ни половината ништо дури не сум ни нервозна, а имам бело прање. Ви се има нешто вакво случено или претпоставувате што можи да биде ??? Ве молам женски почнав сериозно да се загрижувам
Кажи и на мајка ти, или на некоја друга постара тетка, за да земе да те одведе на лекар. Доста се нервираш со денови, одговорот нема да го најдеш на интернет.
[СДК] Сакам да кажам... ме интересира зошто сега пак ми доцни менструацијата,значи се ми испаѓа подоцна од 28 дена
Зависи како била предходно.Секоја девојка си има различен број на денови за циклусот, од 28-34 негде. Еве пример мојов е на 32-34 тука негде се движи.Не дека ми касни (некогаш знае и да закасни повеќе) туку таков ми е циклусот.Што значи нормално е.А ако порано ти бил 28,а сега е повеќе,тогаш треба да се најдат причините за тоа.
И јас имам нередовна менструација и малку сум загрижена..Имам една познаничка која имала цел живот нередовна менструација и второто дете што го роди е со Даунов синдром. Никаде не сум прашала (и можеби делува глупо),ама незнам дали тоа има врска со менструацијата. Исто така сум слушнала дека некои жени што немаат редовна, неможат да имаат деца. Па ако некој случајно знае,може да ми објасни подетално. Ова ми е 5та година како не добивам редовно, а гинокологот ми вика дека сум слаба и сеуште ми работат хормоните. Имам 21 година. Фала однапред.
Јас го имав овој проблем. Мноооогу, мнооогу нередовна менструација имав. Во мојот случај, отидов на гинеколог, пиев едни апченца знам, на два три пати по една доза испив и од тогаш не сум имала никаков проблем. Ниту ми каснела ниту порано ми доаѓала, секогаш ми е точна.
девојки значи од кога почнав со сексуални односи ми се регулира менстурацијата т.е ми стана редовна но сепак знаеше ден два да задоцни се до февруари кога воопшто не добив. Во март добив на датата кога требаше да добиам исто како да сум имала во февруар. потоа и април беше во ред но во мај пиев апче за ден потоа "норлево" добив одма следната недела и сега во јуни ми доцни веке повеќе време. правев тестови негативни се дали е од апчето тоа што ми доцни или ...?
Можно е да ти е од апчето. Ама како и да е ние овде не сме гинеколози (можеби има некој) ако ти доцни уште некое време закажи си на гинеколог. И не си играј со тоа апче. Не е апче како витамин Ц, многу е пострашно. Гледај веќе да не пиеш, користете си заштита. Најдобронамерно.