Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нередовна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ForeverYoung, 3 декември 2009.

  1. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ако некој се пронајде во моево прашање тука, ќе ве молам да одговорите. :)

    Откако знам за себе имам нередовен циклус ама ова веќе ме загрижува - претпоследен пат добив кога тргнав на одмор, значи 11ти месецов и ми траеше 5 дена, слабо крварење ама нон стоп се бањав, значи не скратив од море плажа, ништо, си одев нормално како да немам. Не осетив некои тегоби или последици зашто се бањав во тој период, ама еве ми се деси истиов месец да ми дојде ПОВТОРНО и тоа недела ипол веднаш после првиот циклус!!! :| Имам појако крварење од претходниот пат, ама сепак си е во граници на нормала ништо претерано, но дали е ова нешто што треба да ме загрижи ??
    Знам дека прашањево е индивидуално, впрочем како и целава тема за менструации, али се плашам да не е нешто озбилно што вака ми се случува... Совет ???
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Најтопло препорачувам да си купите аронија, секој ден по 10 зрна е доволно за да ви се регулира циклусот за експресно брзо време. Испробано ми е, скоро 4 ипол месеци немав добиено, и откако почнав да ја конзумирам аронијата - уште во првиот месец ми се регулира се.
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    Мене па не ми помогна а за ова ја купив и јас, ја јадев цел месец и ништо се по старо, па со обврски и ја забаталив после , инаку јадев замрзната :?:
     
  4. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Kaко можам да ја набавам, било како овошје или чај ? :)
     
  5. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    Ја има и во маркетите како чај али подобра е замрзната така ги има сите витамини сочувано јас ја купував од тинекс али сигурно ја има и во другите поголеми маркети. Имам чуено дека има и свежа аронија во некои продавници за здрава храна, али мислам замрзнатата е подобра :hai:
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Јас одсекогаш имам нередовен циклус, се случувало по месец дена да касни и тоа во последно време претежно. Јадев аронија ама мислам дека никаков ефект немаше од него
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.618
    Допаѓања:
    167.419
    Пол:
    Женски
    Јас значи имам менс. едно 6 добри години и нормално првите две ми беше нередовно, а после тоа секој 1ви (-,-). Е сега, летово, почна да ми станува пак не редовно. Ми иди по два пати во месецот, ќе го земам Август за пример, ми дојде на 2ри Август и на 25ти Август пак, а секогаш ми идело на околу 30 дена и повеќе. Цело лето само со менс. се мачам, еднаш на време не иди ... Мене ми е чудно малку по толку години пак да ми прај вака ... ;(
     
  8. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    a аронијата колку пари е одприлика ?? мене веќе 2 месеци ми нема дојдено, само еднаш во летото ми дојде и толку :doh: обично имам некои знаци дека ќе ми дојди (запек, болки во стомакот..) и најчесто ми доаѓа преку ноќ, ама се плашам да не ми дојде додека сум на училиште ?? :?: Многу ми е глупаво вака, никогаш незнам кога ќе ми дојде :worried:
     
  9. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    6.487
    Пол:
    Женски
    Имам чуено дека кај некои жени нередовната менструација се регулира по првиот сексуален однос а кај некои дури по породувањето.
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.069
    Пол:
    Женски
    Менс имам околу 13 год и верувале или не,не ми е средена сеуште,немам ни родено ама познавајќи се колку сум малер нема да ми се среди ни тогаш.ми се смачи веќе или месеци не ми доаѓа,или по 2 пати во месецот имам :devil: од прво земав разни апчиња и пиев чај од ајдучка трева и коприви :puke: сега кренав раце
     
  11. lady12d

    lady12d Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    сакав да отворам нова тема за тоа зошто ми доцни..Значи вака.Барав нешто во врска со оваа тема,но неможев да најдам..Имам еден проблем...
    Вака,јас имам редовна менструација,до точен ден.Но овој месец скоро не ми ни дојде,веќе 23 дена ми доцни..јас веќе ги разгедав причините зошто ми доцни што ги има поставено на сајтов,но јас немам ништо од тоа..Досега не сум имала сексуални односи,2-3 пробував со мојот партнер но ништо..Имав преголеми болки и стално го одложувавме тоа.. Што сега ?
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    -ако сте пробале или имале интимни односи можно е да ти пренес многу протеини..или да си бремена во зависност од плодните денови
    -можеби си под стрес
    -хормонски баланс
    -напорно вежбање
    -нарушување во исхрана-анорексија,булимија
    -болести
    -доење-немаш таков проблем
    -примање лекови
    -тироидна жлезда
    -полицистични јајници

    се надевам колку-толку помогнав
     
  13. 95m96i97l98a

    95m96i97l98a Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Сум пишувала повеќе пати во врска со мојава нередовна менстуација. во јули добив на 27 па ми траеше некаде до 2-3 август во август не добив па добив на 5ти септември во мегувреме правев два теста еден пред менструација др по неа. И двата беа негативни од последата менстуација сум немала односи. Осетив пред некој ден дека градите ме болат. Пред некој месец ми се случи нешто слично, т.е еден месец воопсто не добив и наредниот добив на датата кога требаше да добиам исто како минатиот да сум имала. да напоменам и дека последнава ми беше многу многу слаба, и само кафено беше. Дали има шанси да сум бремена ?
     
  14. osi17

    osi17 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    najdobro ti e da napravis test za bremenost nekoj poprecizen (na primer kupi sure check)
     
  15. osi17

    osi17 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    i jas imam neredovna menstruacija a pricinata za toa e pokacen prolactin (sekogas e negde na gorna granica). Na ciklusot mi vlijaat mnogu raboti : ishranata, vezbanje stres. Pred da ostanam bremena so prvoto dete piev Dostinex i ostanav bremena. Posle poroduvanjeto ciklusot pak mi bese neredoven. so soprugot nekolku meseci probuvavme za vtoro dete no neuspesno. Pocnav da jadam jatkasti plodovi: nepecen badem, lesnik, soncogled semki od tikva susam, i pocnav da pijam zelena glina na vitalia sekoe sabajle na gladno pola sat do sat pred jadenje. glinata ja piev tri nedeli i napraviv pauza i za nekoe cudo mi dojde tocno na 28 dena, toa vo zivot mi se nema sluceno. Posle dve tri nedeli pauza pak pocnav da ja pijam glinata a jatkastite plodovi si gi jadam sekoj den po 20-30gr i pak ne mi dojde. MIslev deka pak mi kasni zemav test za bremenost i izleze pozitiven. Sega sum na pocetok na vtorata bremenost (daj boze se da e vo red) i si prodolziv so mojot rezim.
    Mislam deka zelenata glina i noviot nacin na ishrana mi pomognaa da ostanam bremena sto mislev deka ne e mozno bez terapija no ete se sluci.
    Sakam da kazam na site sto imate problem so ciklusot probajte go mojot nacin mozebi i kje vi pomogne da kolku tolku go regulirate. Jas sum farmacevt i seto toa sto go napraviv i sto go pisuvam ima logika (glinata go cisti organizmot od stetni materii koi precat na site procesi pa i na hormonalniot status a jatkastite plodovi sodrzat mnogu hranlivi sostojki koi mozebi ni nedostigaat a se mnogu bitni za organizmot)
    Probajte steta nema
     
  16. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    здраво
    сакам да ви се придружам и јас со мојата мака овде во оаа тема.не можам да добијам сиклусот веќе два месеџи имам пцо.бев кај гиннекологот ми даде десет дена да пијам прималут нор еве пет дена што ги пијам и многу ми е лошо само повраќам ми се гади ми се врти не можам да спијам ич никско пијсм и по пола деметрин седатив да се смирам ама не ми помага.леле не знам како ќе издржим уште пет дена катастрофално се чуствувам.
    нњка каже некоја одвас како се справил со ова состојба.
    поздрав
     
  17. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Здраво феминки.
    Пред околу месец и дваесетина дена со дечко ми се мазевме и чепкавме, и кога појдов дома во вц на хартијата имав малку крв кога се избришав, и следниот пат кога бев во вц пак. Следниот ден добив, тоа беше отприлика 9ти Октомври. Да напоменам дека пред тоа сум немала односи со никого. Претпоставивме дека ме скинал со прст несакајќи, меѓутоа јас ништо не осетив. Од тогаш еве сеуште немам добиено менструација, но никогаш не ми е редовна, односно 2 месеци добивам на време па после третиот месец немам и после ќе добијам на сосема друг датум. Менструација имам од 10 години, а сега имам 21.
    Пред една недела за првпат имавме сексуален однос и јас не почувствував болка, и од тогаш сме имале неколку пати и има само некоја минимална болка на почетокот кога ми влегува. Е сега, два дена после првиот сексуален однос добив болки во долниот дел на стомакот и почна да ми се гади (овие симптоми ги имам секогаш кога ќе добијам и првите два дена од менструацијата) и вечерта на гаќите имав како потемна крв ама не многу. Од тогаш уште 2-3 така сум имала болки, но еве се уште немам добиено. Во вторникот после односот забележав малку бледа крв на кондомот, а после кога идев да се истуширам забележав 3 ситни точки крв на гаќите. Завчера исто така добив болки во стомакот и кога бев во вц се избришав и имаше крв како за добиено, меѓутоа од тогаш не ми тече на гаќите само 2-3 кога ќе се избришам има крв на хартијата. Дали на некоја и се има случено нешто слично? :/ Помош
     
  18. Histerica1

    Histerica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Мене баш овој месец ми се случи на датата на која што требаше да добијам ,имав однос и ми потече крв и мислев дека сум добила,имав крв до наредниот ден и престана да тече и сега сум под голем стрес.15 дена ми доцни,иако ми доцнеше и тој месец толку па добив многу сум исплашена.Значи немам никакви симптоми на бременост баш никакви,дечко ми ме уверува со сигурност дека се плашам за џабе и дека од што си правам психи и не добивам а јас не сум сигурна дали е нешто што се случува,значи избезумена сум.Доктор никако сеа за сеа оти ќе си направам поголем стрес.Помагајте!
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.757
    Пол:
    Женски
    За нередовна менструација јадете аронија. Јас имам полицистични јајници, и јадам по 6, 7 зрна на ден сушена аронија, од неа ми се регулира мензисот.
     
  20. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Имам пишано и на другите теми поврзани со менструацијата, па и овде да пишам,кој кај ке виде нека одговара,нека помага. :))
    Веке 2 месеци немам добиено, последен пат знам дека добиив во Септември,во Октомври не се секавам дека ми дојде а во мегувреме, изгубов апетит, полагања,нервози,ослабнав 1-2кг... И сега минатиот месец во Ноември НЕ ДОБИВ(а за Октомври не сум сигурна,мислам дека не.) И еве декември е веке сеуште немам добиено. Што ми се случува, што да правам... ? :| :?: