Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нередовна менструација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ForeverYoung, 3 декември 2009.

  1. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Појди си на гиниколог. Моја другарка немаше добиено еден месец и кога отиде на лекар и нашле згрудена крф во матката, па со апчиња и се регулира. Не чекај многу време. Се случува да не добијеш навреме од нервоза ама да ви касни два месеци е многу особено ако претходно си имала редовно. И најдобро е да си имаш тефтерче и да го запишуваш датумот кога ти дошло за да не забораваш оти и јас така заборавав кога ми дошло и ме фаќаа паники. Ако не ти дојди месецов одма на лекар
     
  2. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Имам некоја болест.Значи ке умрам.Може не од болеста,ама сепак ке умрам.Иако сум сеуште мала, имам 16,првпат добив на 12 год. и до 14 год не ми беше редовна,но минатата 2013 и оваа год. редовно добиав се до овој месец.Значи година и нешто редовно,тојчно добивав.Требаше да добијам на 15-6 ,а сега е 21.

    -ако сте пробале или имале интимни односи можно е да ти пренес многу протеини..или да си бремена во зависност од плодните денови-ова не
    -можеби си под стрес-ова исто така не
    -хормонски баланс-не
    -напорно вежбање-и ова не
    -нарушување во исхрана-анорексија,булимија-не
    -болести-изгледа да
    -доење-немаш таков проблем-не
    -примање лекови-не
    -тироидна жлезда-не знам
    -полицистични јајници-не знам


    Значи судено ми било да умрам на 16 год.
     
  3. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не умираш, не грижи се. Оди кај гинеколог да провери дали имаш полицистични јајници. Имаш ли болки кај јајниците за време на менструацијата или пак и додека немаш менструација? Јас постојано имам болки, чинам смрт ми доаѓа, менструација ми доаѓа на два месеца и такви глупости и излезе дека циста имам. Инаку ми кажаа дека имам циста на 11, но јас ја имав уште од 9год. Оди провери се. Ако не се циста или полицистични јајници, тогаш провери си ја крвта. Сѐ е можно.
     
  4. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Не можам со тоа да се справувам,најмногу од тоа се плашев.Немам нерви за тоа.Најдобро да умрам.
    Фала што ми ги потврди сомнежите,знаев дека е така.Знаев дека сум болна.
     
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Биле, можеби нема за што да се грижиш. Смири се. Оди прво на гинеколог, ќе ти каже што ти се случува. Не мора да значи дека си болна. Полека. Не си поставувај сама дијагнози, докторите се овде да видат што се случува со твојот организам.
     
  6. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    А тие многу паметни се.Не можам со нив да се замрам.Знаат само да ме исплашат,друго ништо.Ке одам ке ми каже дека имам таму некоја си болест и што фајде ако ми каже? И самата си знам без да ми каже.Само не знам уште колку ке живеам.
     
  7. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Почекај до крајот на месецот ако не ти дојди посети гениколог. Не верувам дека е нешто страшно. И јас така кревав паника кога немаше да добијам.Мене ми идеше менструација на 40-45 дена. Можеби само ти го менува терминот. Премногу си мала за да имаш некоја страшна болест.
     
    На Bile15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Дете не паничи. Како можеш да помислиш на вакви работи. Си била ли воопшто на гинеклог? Знаеш ли дека една од најчетите причини за доцнење на циклус се полицистични јајаници и проблеми со тироидната жлезда, а ти воопшто не ни знаеш дали имаш таков проблем!!!???. А да не зборам што на твоја возраст нередовните циклуси се нормална појава.
    Затоа отиди си на гинеколог и не му се секирај толку. Поздрав
     
    На LittlePinky и Bile15 им се допаѓа ова.
  9. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    И што ако имам полицистични јајници и и проблеми со тироидната жлезда? Што е тоа? Се лекува ли?
    Кога да отидам на лекар?
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Знам само дека не се умира. :lol:
    Оди на лекар кога сакаш. Каква врска има тоа?
    И не паничи толку.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.484
    Пол:
    Женски
    Боже дете ти нормална си?Не се умира од полицистички јајници ниту од проблем со тироидна жлезда.Полицистички јајници имаат 90 посто од жените.Ти не ни знаеш што ти е, оди на гинеколог или доктор и ќе ти каже.Еве и мене ми доцнеше предходниов месец 10 дена и жива здрава сум.Може да има и милион причини и додека не почнеш да имаш редовени сексуалени односи веројатно нема сосем да ти се стабилизира, кај мене тогаш се случи.Може ти доци од промена на време, може си се проладила, си се здебелила, ослабнала, си почнала да спортуваш, некој стрес(оти на тие години се може да ти е многу стресно)Немој да паничиш и да умираш, дај прибери се не ти личи муабетов на девојка на твои години.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.978
    Допаѓања:
    133.563
    Повеќе шанси имаш да загинеш од удар од автобус, отколку од полицистични јајници.
    И оди на психилог, по мислењава, ти си хипохондрик, а нередовна менстуација не е причина и повод за смрт.
     
  13. Shya

    Shya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Ретко добивам (3-4 пати годишно), ама кога добивам мора тоа да е на некој роденден, празник, значаен настан ... |(
     
  14. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    65
    Незнам дали е прашањево за тука ама би ви била благодарна ако ми помогнете.
    Проблемот што го има не го знам точно ама ќе пробам да ви објаснам...Станува збор за мајка ми,жената има 49 год. и има нередовна менструација(не одсекогаш,само откако настанаа овие промени).Се случува да нема месец-два па потоа кога ќе добие не престанува да крвари.Крвари долг период и обилно.Била на гинеколог и докторот и дал некакви инекции,ги прими и и се подобри ситуацијата но по една година еве пак и се појавува.Ги прими пак истите инекции но не и помогнаа па сега и ја зголемија дозата.Дека и престанува не е тоа,иако е можеби во тие години,ја имам прашувано што е работата ама се добивам некои банални одговори |(
     
  15. toca

    toca Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Сакав да ве прашам дали постои нешто со што би ја забрзала менстрацијата да ми дојде, на пример со јадење на одредени продукти или пак со нејадење на некој. :)
     
  16. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Истото се дешава и со мајка ми. Гинекологот и кажал дека започува да влегува во климакс. Некои месеци добива нормално, мислам на иста дата, ама обилно крвари. После неколку месеци нема да и дојде и така секој месец е различно.
     
  17. Milagre

    Milagre Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    За сите оние кои имаат проблеми со менструалниот циклус

    Здраво, на форумов се регистрирав со цел да споделам мое искуство со нередовната менструација, со крварења помеѓу две менструации, со полицистични јајници.
    Имено, кога прв пат се соочив со продолжено менструално крварење се исплашив и веднаш отидов на гинеколог каде што ми кажаа дека имам циста на јајникот, ми даде некои таблети контрацептивни. Крварењето сопре и полека се среди. Но по неколку месеци добив на време и ми заврши на време, но по една недела повторно добив односно имав кафеав исцедок. Повторно веднаш се јавив на гинеколог но овојпат отидов на приватно. Иако е мн добар гинеколог ми рече да не се паничам млада сум само ќе се среди и не ми даде ништо да пијам. Иако се смири ситуацијата неколку месеци пак истото почна да се повторува. Овојпат отидов но кај друг гинеколог. Докторката пред да ми препише било што ме прати да проверам крв, мокрача, хормони и дури отпосле ми ги препиша контрацептивните таблети Yasmine кои ги пиев една година потоа имав пауза од 6 месеци за да видиме дали има некави резултати бидејќи додека ги пиев нив се беше како што треба. Но, во тие 6 месеци пак почна истото да и се повторува, ми ги продолжи докторката уште некое време. Но како ги пиев ми сметаа на стомакот и решив да отидам повторно кај докторката и кажав дека веќе несакам да ги пијам. Таа ми рече во ред таман ќе видиме дали има подобрување. Мојата ситуација со менструацијата остана иста пак почна истото да ми се случува. Навечер често не спиев и пребарував низ различни форуми и страни и случајно наидов на еден српски сајт каде се спомнуваше за природен препарат мака. Веднаш почнав да пребарувам на интернет и наидов на мн корисни информации за што се е добра маката. Односно тоа е корен од Перу којшто го јаделе за плодност, за подобрување на психо-физичката состојба и слично. Латинското име е Lepidium meyenii. Пребарував и видов дека го има и кај нас и решив да го земам. Се консултирав со докторката и ми рече дека може да пробам со маката. Шишенцето е доволно за два месеци кое содржи капсули кои се полнети со мака во прав. (Сега гледам има и во продавниците за здрава храна мака во прав.) А поради тоа што е природен продукт обично резултати има за 3 до 6 месеци, но веќе после првиот месeц имаше подобрување кај мене. Како што изминуваше времето ситуацијата значително се подобри, и по престанокот на пиењето менструацијата е како што треба. Многу читав за маката, не содржи никакви хормони и делува на целиот ендокрин систем. Исто така е добра и за плодноста и кај мажите и кај жените. Да не должам мн прочитајте на интернет ќе најдете доста информации за маката.
    Ова го споделувам како девојка, жена која знае на себе како е да се имаат вакви проблеми со циклусот и соочување со стравот дали утре ќе можам да имам деца. Иако се е тоа индивидуално имам прочитано искуства дека и покрај некои слични проблеми сепак останувале бремени и после бременоста се средила ситуацијата. Сепак добро е да се знае дека има начин на кој може да се се средат ваквите проблеми кај нас девојките. Се извинувам за долгиот пост се надевам дека на некој ќе му помогнам со ова мое искуство што го споделив.
     
  18. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Девојки заргижена сум помош ве молам :worried:
    Значи вака .. требаше да ми дојди на 8-9 мај,ама ми дојде порано т.е и не ми дојде тоа не беше баш као менструација туку кафеава течност одвреме навреме скоро 5 дена ми течеше во мали количини па ми помина за 5 дена..сеа чекам нормално да ми дојди па не иди се плашам што е работава никогап вака не ми се случувало :worried: бев малку настината,и мпжеби ако е од тоа или пак дека напорно вежбам малку го сменив режимот на исхрана...што мислите вие ?:worried:S
     
  19. Milagre

    Milagre Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    И мене нешто слично ми се случуваше да не кажам истото. Можеби после неколку дена или пак една недела ќе добиеш. Како што пишав во претходниот пост јас тоа го средив со МАКА па пробај и ти сигурно ќе ти помогне. А бидејќи вежбаш маката се препорачува да ја пијат и оние кои се доста физички активни.



    Нека пробаат со мака исто така се препорачува и за жени кои се во менопауза.
     
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.537
    Jас од секогаш сум имала редовен циклус, но последниов пат пред да добиjам имав кафеав исцедок и ми доцнеше четири дена. После една недела откако ми заврши добив пак. Ова беше вчера. Незнам дали да одам на гинеколог, не ми се омилени. Пребарував што би можело да биде причината за ова и толку многу одговори добив, како и секогаш кога бараш низ интернет. Прашањето ми е, дали некоја од вас била во слична ситуација или пак знае што може да биде причината за ова?