Имам ешерихија еве веќе година дена 2 пати ја лечев не се излечи, сега третиов пат ги допив апчињата пред месец дена и не сум однесла мокрача сеуште но ми дојде менструација 2 недели порано, значи 2 пати овој месец... дали некој имал слично искуство дали е од лековите или нешто друго?
Значи вака, последно добив на 30ти март и од тогаш немам добиено. Во април кога се ближеше периодот за да добијам ме болеa многу јајниците и ги имав сите симптоми, ама не добив, а јајниците ме болеа се до средината на мај некаде... Бев на гинеколог, полицистични јајници немам, трудна не сум секако, што е ? Имам како бубулици под брадата, гледав на интернет дека тие се поврзани со јајниците, ама веке е јуни и не знам што да беше до сега ќе ми дојдеше. Некое слично искуство?
Менструaција Zdravo.Imam 19 god.Sakam da ve prasam,veke mi docni 4 dena,a minatite meseci imav redovno na 28-ot den duri i po 2 dena porano..Sto e rabotava?cudno mi e malku vaka ne bilo nikogas! -.-' Nekoi apcinja ...?fala vi.
Апчиња???? Лелеле до кога вака со неинформираноста. Може да ти касни ако си имала однос и свршил во тебе, а може и да ти касни и од стрес и од нервози и од време од се.
Прашање до сите вас... Минатата година од Октомври-Ноември ( не се секавам точно),немав добиено 2-3 месеци. Во Јануари добивав но не на иста дата, битно имав добиено. Во Мај не добив, последен пат имав на 16ти април..и еве сега Јуни сеуште и за овој месец немам добиено. Не сум имала односи веке година време, значи до тоа не е... незнам што би можело да е
Мислев дека ми е редовна но проверив и гледам вака овој месец ми дојде на 28 дена. Пертходно на 30. Претходно на 31. Претходно на 32. Претходно на 31. Претходно на 34. Ова е неродовна претпоставувам
За нередовност повеќе би рекла станува збор кога касни со месеци на пример 2,3 месеца немаш па добиеш, а некои добиваат само 2,3 пати годишно чест случај оние кои имаат полицистични јајници или кои имаат некој здравстевн проблем. Каснење со неколку дена е нормално, многу влијае промена на клима што во денешно време 5 пати сме смени во ден времето па тешко е да сме имуни на тоа, стресот, доколку се пие некоја терапија и слично .
Мој совет за сите оние што имаат полицистични јајници и неможат редовно да добијат поради тоа е да не пијат хормонски апчиња баш пред некој ден бев со другарка ми кај мојот гинеколог она го има истиот проблем тој рече хормонските таблети во никој случај неможат да го решат тој проблем,кога ќе престанат да се пијат пак е исто,само истите би предизвикале кај некои дебелеење,зголемено потење,повеќе влакна и сл.. проблемот би се решил кога ќе забремените,кога ќе родите ...она што тој го кажа што може да го направите сега за сега за да си помогнете е повеќе физичка активност,да не се јаде благо,потенцираше дека полицистичните јајници бараат диета...
Значи вака, имам прилично редовна менструација ако се земе во предвид правилото дека 3-4 дена +/- е дозволено. Ми доаѓа просечно на 30 дена. И сега се случи нешто неочекувано. Забележав крв кога отидов во wc, и мислев дека е од овулација, зошто ми е 19тиот ден.(имам слушнато дека се случува, а според календарчето овулацијата ми се случила пред три 3 дена, ако ми дојде точно на 30 дена, ама како што спомнав, 3-4 дена, ми варира). Е сегам, гледам дека не ми престанала, па морав да ставам и влошка, не е обилна, но имам како и секој месец што имам. Во моментот сум на студии надвор од мојот град, неможам одма да отидам на гениколог, па дали некој од вас го имал вакво искуство? Мислите дека можно е да биде нешто сериозно? Благодарам.
Од секогаш сум имала нередовна менструација.. Прво мислев дека е заради возраста (имав некои 15-16 години, а првата ми беше на 13), потоа открив дека имам намалено лачење на тироидната жлезда (тогаш имав 16). Почнав да примам редовна терапија и циклусот колку толку се нормализира одреден период, некои 5 месеци. Потоа пак почнав да имам нередовен циклус. Пред неколку месеци бев во Плодност на гинеколог и ми кажаја дека имам полицистични јајници и дека поради тоа и проблемите со жлездата имам нередовен циклус (сега имам 19 години). Докторката ми препорача да направам хормонален статус на 3 ден од циклус. Излезе дека пролактинот ми е покачен, мислам дека вредноста беше 33. Утре треба да одам на консултации кај неа, да видам што ќе ми каже... Не знам дали вредноста на тој хормон би можела да биде толку покачена само поради стрес, или нешто слично.. Многу се плашам за во иднина. Имам два хормони, премногу важни кои не се во нормала. Се плашам дека нема да можам да забременам... Мислам, веќе ми е јасно дека ќе имам проблем со тоа. Знам дека постојат хормонални терапии, ама и тие се штетни... Немам претстава што треба да превземам за да си помогнам, се надевам дека докторката ќе ме упати. Ме интересира дали има некој тука со слични проблеми, за да споделиме искуства..? Се прашувам дали некогаш ќе се среди ова...
Здраво феминки јас за 3-4 месеци ќе правам 14 години.Добив за прв пат пред 3 месеци и одтогаш немам добиено.Која е причината што не добивам? Тогаш болки немав...Ве молам споделете загрижена сум.
Штом ти дошло пред неколку месеци , не е страшно да ти е нередовна , тоа е нормално , зборам за засега , не е во ред да се зачестува овај проблем, но теши се што има жени и девојки на кои не им е редовна со години . Сепак можеби нема да биде на одмет да одиш на гинеколог да те погледне на ехо онака превентивно , не е ништо страшно не очајувај
До сега секогаш сум имала редовна менструација. Треба да напоменам дека и немав некои сериозни проблеми дури и кога правев операции. Но, еден ден се напив апче за спречување на бременоста и од тогаш целиот ред ми се поремети. Се прашувам дали и од тоа? Редовно одам на гинеколог да ја следи ситуацијата бидејќи имам доста обилни и болни циклуси. Често примам и инекции против болка. Почнав и да вежбам пилатес. Па дали почетокот на вежбање и апчето за спречување бременост може да се причина што ми доцни 2 недели? Тест за бременост направив и е негативен. Однапред благодарам
Да можно е да ти е од апчето, од него се пореметува циклусот. Најубаво да си одиш на гинеколог. И гледам дека си нова, немало потреба од отварање нова тема, можеше прво да прелисташ па во некоја да го посравиш прашањево.
Последен пат добив менструација во јуни, па бев на гинеколог. Ми рекоа дека е можеби поради тоа што имам полицистични јајници па ми даде Примолут да пијам 5 дена за да ми дојде.. Но и после апчињата не ми дојде, ми рекоа да почекам уште малку ако не да направам тест за да ги проверам хормоните. Сум немала односи после последната менструација.. Што може да биде? Веќе почнав да се нервирам зошто од апчињата не ми дојде..
5 дена мислам дека се малце, бар според она што ми објаснувашер мојот гинеколог... јас по 10дена ги пијам ...и од коа ке прекинеш со нив у рок од една недела треба да добиеш, не мора одма ...