Епа вака... Јас имам 16 год и имам нередовна менструација.Пред 3 месеци добив најнормално после наредниот месец добив ама онака само неколку капки и толку. Од тогаш веќе месец дена немам добиено.Пред една недела ме болеше мн стомакот и желудникот па мислев дека ќе добијам ама еве ништо... А исто така тренирам и кошарка. Веќе како немам добиено месец дена па ме фаќа паника.Дали е тоа нормално? Може да ми дадете мислење зашто е тоа така и дали ќе може некој совет за некој чај или нешто такво да пијам за да добијам и да ја регулирам менструацијата,зашто лекови не сакам да зимам. Фала однапред
Јас сум од тие што уште од почеток кога добив имам нередовна, а еве веќе 3.5 години откако првпат добив. Не сум добивала 100 дена, па ќе ми дое на 35, па после 70 не, па на 44 ќе ми дое. Кратки периоди ми се стабилизирало и ми доаѓало на 30-35 дена неколку месеци и после иста приказна. Често пмс ми трае со недели... Мајка ми цел живот вака, па веројатно ми е наследно... Сега сум уште тинејџерка и не ми пречи, но ете онака информативно, а и понатака верувам дека ќе ми е проблем Има некој начин освен со апчиња(што не би пиела искрено) да регулирам? Инаку се хранам здраво, спортувам, спијам доволно, мислам практикувам здрав живот, така да не е од нездрава исхрана и нездрав живот... Мајка ми ми вика ќе си го прифатиш и ќе се навикнеш, ќе си се мачиш со пмс по 3 недели.
Има ли некоја што користела циклопрогинова да сподели искуства дали со овие лекови може да се регулира циклус
@Raid @Dream-Girl И двете сте млади и сеуште не ви е регулирана менструацијата целосно, но мој совет ви е да отидете на гинеколог да ве види на абдоминално ехо да не се работи за циста. Другарка моја го имаше истиов проблем, па примаше хормонска терапија, а јас завршив на лапароскопија. Не го пишувам ова со цел да ве исплашам, туку само да ве потсетам дека женското здравје не треба да се занемари. Гинеколог најдобро ќе ви каже и објасни се околу тоа.
Дрим јас како тинејџерка имав сличен проблем. Ми доцнеше со месеци, а кога ќе добиев, имав по 40тина дена. И тоа првите 6-7 дена нормално, а после обилно крварење. Неподносливо беше и морав со таблети да го решам тоа. Пиев ерготил за крварењето да сопре. Туку сега последниве неколку месеци ми се случува нешто чудно. Не е нередовност, туку навреме ќе најави дека ќе дојде и после ме мачи едно 4-5 дена додека салам не пробие. Во меѓувреме имам некој исцедок поради кој морам барем дневна влошка да носам. Бев и на гинеколог и ми изреагира како да е сосем нормално. Мене искрено, многу ме нервира, се маткам едно две недели тргни-застани секој месец.
Здраво, дали по обилно користење на антибиотици ви се десило да ви доцни менструацијата? Не сум бремена 100 % , имам болки во стомакот , бел исцедок слузав но ми касни веќе 10-12 дена.... Искуства некои?
Мене да... имам и нередовна менструација, но понекогаш и апче за главоболка да се напојам додека имам ќе ми престанат, а не антибиотици! Таков организам изгледа....
Mi docni veke 10 dena samo panicam. Nemam imano odnosi 2 mesca znaci brenenost nema sansi da e sto moze da e vo pitanje?
Хормонски дисбаланс може да ти прави проблем. Испитај хормони,види дали ти се во ред,оди и на гинеколог доколку си во можност,можеби имаш некоја циста.... А можно е и од стрес да ти доцни циклусот,знам дека си анксиозна како мене исто
Женски има ли некоја овде што има пиено Цикло прогинова? Јас ги пијам моментално, уште седум дена имам за пиење, се пијат 21 ден, па потоа 7 дена пауза и за тоа време треба да настапи циклусот. Сакав да ве прашам за нус појави? Забележувам дека лицето цело ми се нафрлува со ситни мозолчиња, и челото ми е многу мрсно, буквално масло ми течи, понекогаш и цело тело ме чеша одкако ќе се напијам апче Нормално ли е ова? Треба да ги пијам 3 до 6 месеци, и наводно ќе ми се средел циклусот...моментално немам добиено седум месеци
Чешање е еден од несаканите ефекти. Јас лично не ги имам пиено ама студирам фармација и имам учено за таблетиве. Би требало да се среди се зависи од организам до организам ,но секако мора многу да внимаваш затоа што станува збор за хормонски таблети. Најчесто несакани ефекти од хормонски таблети се чешање ,губење или добивање телесна тежина,стомачна болка,гадење,главоболка,чешање,осип.
Имав редовна менструација се додека не се напив апче за ден потоа. После апчето секој месец ми доцни.