До 12 дена каснење се смета за нормално, сепак кога имаш нередовна менструација се е возможно. Може да се случи да ти касни и по 20 дена па и повеќе при некои поголеми промени.
Јас имам менструација помалку од година дена некаде околу 10 месеци...Првата ми беше во март 2011 год. И јас имам нередовна менструација, но не се нервирам затоа што мислам дека после година-две ќе ми се стабилизира циклусот, а за време на ПМС немам болки... Дали има потреба да се нервирам зошто имам нередовна менструација?!
Главни причини за нередовна менструација се: Стресот има огромно влијаните врз хормоналната рамнотежа во телото, па со самото тоа и на менструалниот циклус. Лошата исхрана може да го поремети менструалниот циклус на жената. Наглото губење или качување на килажа може да доведе до запирање на циклусот или нередовни циклуси. Познато е дека во случај на анорексија или булимија, жените најчесто ја губат менструацијата. Многу напорни физички вежби. Познато е дека кај спортистките може да дојде до изостанување на менструалниот циклус. Менопауза - како што жената се приближува до менопаузата, почнуваат и промени и изостанување на циклусот. Контрацепциските хормонални препарати исто можат да го нарушат циклусот, додека телото не се прилагоди на новата хормонална ситуација. Синдром на полицистични јајници - ПЦОС ит.н.
има ли некој спортист на форумов кој што има нередовна менстуација? Јас тренирав активно 5-6 години и се прашувам дали е тоа причината за проблемов?? Мислите ли дека нередовната менстуација може да биде причина за здебелување?
Јас редовно неколку години наназад имам нередовна менструција. И мислам.. т.е не мислам туку знам дека ми е како последица од диетите што ги држев... За време и после диета мене редовно ми касни.... И после тоа, еве веќе неколку години не ми е редовна. Иако тука голем удел имаше и стресот...
Јас сум многу среќна личност и не сум под стрест ... Слабичка сум и редовно јадам здрава храна и витамини... Не вежбам напорно дури вежбам само на училиште и дома по 15 мин. на справата... Менопауза-Премногу сум млада за тоа Во живот не сум се напила апче... Дали сега некој знае од што е?!
Како што видов на твојот профил имаш 15 години. На колку години ти дојде првпат менструација? Мислам дека е потребно некое време за да се стабилизира месечниот циклус, да помине извесен период од твојот прв месечен циклус. Можеби тоа е причината за нередовната менструација кај тебе. Ако е тоа со текот на времето ке се среди. И јас имам некои периоди на нередовна менструација а причините се што многу често и лесно се разболувам од настинки и грипови, имам слаб имунитет.
од првиот пат ко добив па до ден денеска имам нередовна менструација.ми велеа демек од ко ке родам че ми се стабилизира.е како да не и тоа нема врска.пред да се породам ми идеше кога преку 1 месец кога секои 2 недели,и 300 други варијанти.а па од ко се породив уште по страшна ми е,имам 2 пати годишно и тие 2 пати во годината се мојте нај катастрофални денови,не можам да носам влошки оти претерано крварам,и морам да ставам памперс и тоа трае со денови
Некои жени и во текот на целиот живот имаат нередовна менструација, тоа и не треба толку да те зачуди затоа што е честа појава. Она за што би требало да се загрижиш е обилното крварење, според мене не е нормално да крвариш толку. Оди на гинеколог.
^^Soncicko i Crazyinlove19,па да бев и на гениколог,првиот пат ми дадоја хормонски апчина и почнав многу да се поправам и престанав да ги земам.помина некој период и отидов пак и проверив крв и пап тест направив и ми рекоја се ми е ок,(незнам како е можно)ама ај така оставив.сега планирам пак да појдам ама кај др,доктор па да видам таму што ќе ми кажат
ОФф девојки знам како ви е,и јас си имам мака со нередовна менструација имам повеќе од 10 год а ми иде еднаш на 4 месеци,целата сум подуена во стомакот и градите секој момент ке експлодирам,а и кога ќе ми дојде имам болна менструација пијам секакви апчиња и чаеви.Бев на лекар ми проверувааа хормонски статус се е во ред. Го имам хпв вирусот тој не би требало да влијае на менструацијата кажа докторката....пиев разни хормонски апчиња на почетокот и ми доаѓаше ама ми влијаееа лошо одма ме здебелија за некој колограм.Веќе не пијам ништо чекам да дојди по природен пат,баш пред некоја мин барав и прочитав дека чајот од мајчина душица и ајдучка трева помагал за доаѓање на редовна менструација,исто така и кога имаш обилно крварење го спречувал тоа,не ни останува ништо друго освен да пробаме сепак е природен лек тоа секако сме пиеле е и хормонски апчиња.Ако знаете вие некоја друга помош споделете зашто не го бива веќе вака....
Почитувани... Јас имам проблем со месечниот циклус, односно уште на почетокот кога добив прв пат па се до сега (имам 25 год.)циклусот ми е нередовен. Порано можеше да добијам и по природен пат, во интервал на неколку месеци, сум пиела примолут нор, цикло прогинова , после пиењето добивав , но после пак исто, циклус немав. После престој во Америка, каде ослабев прилично мојот циклус се изгуби скроз. Сакам да нагласам дека хормоните секокаш ми беа во ред, сум правела хормонски статус, ехото на тироидната жлезда е уредно. Докторите секогаш и на ехо и после резултати од хормони кажуваа дека се е во ред. Последно докторот ми даде примолут нор но не добив после пиењто на таблетите. Загрижена сум. Некои ми велат дека е поради спортот бидејќи активно се занимавав со ракомет 12 години, некои велат дека можи да е наследно.. јас се плашам за забременување ..дали е можно да има овулации ??? многу сум загрижена
Јас имав нередовна менструација бев на болница и ми рекоја таблети некои,ама јас реков дека ќе пијам алое вера и ми помина ако сакате ќе ви дадам алое вера